Кале — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Обедник. Претставува населба од доцноантичко време и средниот век. Се наоѓа на 500 м северозападно од селото, на висок рид што доминира над околниот терен. На самиот врв, кој е зарамнет, се гледаат контури од одбранбен бедем ѕидан од камен и варов малтер, чија широчина од 1,90 м е зачувана на северозападната страна. По површината на калето има траги од ѕидови на други објекти, грамади од градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и питоси.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Кај месните жители ова наоѓалиште е познато под името Куќата на Кралот.
Поврзано Стара Корија — црква од средниот век; Стари Лозја — населба и топилница од доцноантичко време; Сува Река — сакрален објект и некропола од доцноантичко време; Обедник; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Обедник