Долно Вирово — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Вирово. Претставува населба, црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на 500 м југоисточно од селото, од десната страна на патот, каде на површина од неколку хектари се наоѓаат остатоци од темели на објекти, црква и гробови градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Гумниште — населба и црква од средниот век; Св. Богородица — црква од средниот век; Штеуни — рударски јами од доцноантичко време; Вирово; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Вирово Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола