Штеуни — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Вирово. Претставува доцноантички рударски јами. Се наоѓаат на десниот брег на Вировска Река, во самото село, каде има стари рударски јами вкопани во карпа на 3 м над коритото на реката. Имаат отвор со форма на трапез со димензии од 1,70 м (висина) и 1,20 м (ширина). На 5 м внатре во јамата има остатоци од изгниени греди - потпирачи. Во непосредната близина се наоѓа уште една јама со приближно исти димензии на отворот.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Гумниште — населба и црква од средниот век; Долно Вирово — населба, црква и некропола од средниот век; Св. Богородица — црква од средниот век; Вирово; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Вирово