Бад Фрајенвалде (, ) — бањски град во округот Меркиш-Одерланд, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на стариот тек на реката Одра на северозападниот крај од басенот Одербрух, 15 километри источно од Еберсвалде и 50 километри североисточно од Берлин, близу границата со Полска. Во градот влегуваат селата Алтранфт, Алтглицен, Бралиц, Хоензатен, Хоенвуцен, Нојенхаген и Шифмиле.

Историја

мини|лево|160п|Црква во Алтранфт мини|лево|Капела во Бралиц

Фрајенвалде бил првпат споменат во декрет од 1316 и се појавил како град во 1364. Минерален извор бил откриен во 1685, именуван Kurfürstenquelle („извор на изборниот кнез“) по изборниот кнез Фридрих Вилхелм Први. Малата неокласична палата Фрајенвалде била изградена во 1799 според плановите на Давид Жили како летна резиденција на Фредерика Луиза, вдовица на кралот Фридрих Вилхелм Втори. Нејзиниот парк бил проектиран од Петер Јозеф Лене во 1822. Индустријалецот Валтер Ратенау ја купил палатата во 1909.

Познати луѓе

Ханс Кајлсон (1909-2011), холандски психотерапевт и романописец Алфред Блашко (1858–1922), дерматолог Фолкмар Зигуш (р. 1940), сексолог

Меѓународни односи

Бад Фрајенвалде е збратимен со:

Бад Пирмонт, Германија Мјенѕижеч, Полска

Наводи

Категорија:Меркиш-Одерланд Категорија:Бранденбург (покраина) Категорија:Бањски градови во Германија