Штраусберг () е најголем град во округот Меркиш-Одерланд, во сојузната покраина Бранденбург, Германија, сместен на 30 километри источно од Берлин.

Историја

Штраусберг бил основан околу 1240 и во 1333 било изградено првото градско собрание. Денес се зачувани остатоци од одбранбените ѕидини околу стариот град. Во 19 век започнала индустријализацијата и во градот се развило работничко движење, вклучувајќи синдикати и локални комитети на Социјалдемократската и Комунистичката партија на Германија.Horst Klein: Zur Geschichte der Ortsgruppe der KPD Strausberg 1920 bis 1946 (Thesen), in: Jahrbuch für Forschungen zur Geschichte der Arbeiterbewegung, No. I/2002; and Horst Klein: 110 Jahre organisierte Arbeiterbewegung - 1887–1997 Sozialdemokraten in Strausberg (Thesen), in: Jahrbuch für Forschungen zur Geschichte der Arbeiterbewegung, No. II/2003. По 1945, градот станал дел од Источна Германија. Штраусберг бил административно седиште на истоимениот округ до 1993, кога се споил со Бад Фрајенвалде и Зелов и го создале Меркиш-Одерланд, а Зелов станал новото административно седиште на округот.

Географија

Штраусберг е 30 километри источно од Берлин и 30 километри западно од Костшин, на полската граница. Претставува дел од метрополитенската област Берлин/Бранденбург и еден од средните центри на областа. Се граничи со (гледано од север надесно), Алтландсберг, Обербарним, Буков, Гарцау-Гарцин, Рефелде, Ридерсдорф и Петерсхаген-Егерсдорф.

Градски единици

Градот е поделен на девет области (Gebiet): Фазаненпарк, Гартенштат, Хегермиле, Ноје Миле, Постбрух, Шилерхее (со Шпицмиле), Штраусберг Норд, Штраусберг Штат и Форштат.

Во градот влегуваат и три единици (Ortsteile):

Гладовсхее (217 жители Информации за број на жители) Хоенштајн (233 жители) Рулсдорф (44 жители)

Сообраќај

Градот е опслужуван од железничката станица Штраусберг, сместена на околу 6 километри јужно од градот, која е една од станиците на линијата 5 на берлинската С-Железница и линијата Берлин-Лихтенберг — Костшин на Германските железници. Постојат и други три станици на линијата С5 во рамките на градот, како Штраусберг Хегермиле, Штраусберг Штат и Штраусберг Норд.

Штраусберг е опслужуван и од Штраусбершката железница (Strausberger Eisenbahn), лесна железница со девет застанувања, која ја поврзува главната железничка станица со центарот на градот. Штраусбершката железница управува и со фериботот низ Штрауското Езеро (Strausseefähre).

Градот има мал аеродром („Flugplatz Strausberg“, ICAO: EDAY), Информации за аеродромот отворен во 1927, со писта од 1200 метри х 28 метри и се наоѓа на 2 километри источно од центарот на градот.

Спорт

Локалниот фудбалски клуб е ФК Штраусберг, кој настапува во регионалната лига во Бранденбург. Домашните натпревари се одигруваат на стадионот Енерџиарена.

Галерија

Партнерства

мини|десно|200п|Трамвајот во градот мини|десно|200п|Аеродромот Штраусберг

Збратимени градови

Дембно - Полска (1978) Франкентал - Германија (1990) Терезин - Чешка (1998)

Луѓе

Андреас Ангелус (1561–1598) Михаел Гартеншлегер (1944–1976) Јоханес Хав (1871–1949) Зигмунд Јен (р. 1937) Зигфрид Каше (1903–1947) Георг Курце (19??–1945) Гертруд Роснер (1903–1984)

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Штраусберг во живо ФК Штраусберг Штраусбершка железница Градска википедија Карта на железничките линии во Штраусберг

Категорија:Меркиш-Одерланд Категорија:Бранденбург (покраина)