Klebsiella претставува Грам негативно стапченце, без спори, без флагели но има капсула. Расте на едноставни подлоги најчесто ендоагар и дава големи мазни, сјајни и слузави колонии со розова или црвена боја. Отпорна е на надворешната средина и на многу антибиотици. Ги разградува јаглехидратите со продукција на киселина и гасови. Според токсичноста ослободува ендотоксин. Епидемиологија Извор на инфекцијата е болен човек или клицоносител, се пренесува директно или аерокапково и индиректно преку секрети и екскрети од болниот. Најосетливи се децата, лица над педесет години, како и лиза со намалена отпорност. Заболувањата кои ги предизвикува се системски поделени: Заболувања на респираторен систем: ринитис, ларингитис, фарингитис, бронхитис, бронхопнеумонија, лобарна пневмонија, како и воспаление на параназалните синуси. Заболувања на гастроинтестинален систем: цревни растројства, со гадење повраќање и проливи. Заболувања на урогенитален систем: циститисЦиститис-Воспаление на бешиката, уретритис, гломерулонефритис. Заболувања на мозок: менингитис. Заболување на крвта: Може да предизвика сепса. Дијагноза Се поставува бактериолошки се зема материја во зависност од локализацијата. Од материјата се праваат два препарати, едниот се бои по Грам а другиот по Туш методата на БУри, во исто време се врши засејување на земениот материјал. Терапија Бидејќи Клебсиела е отпорна на повеќе антибиотици. Терапијата се дава по антибиограм. Најефикасен лекови се Гарамицинот, Стрептомицинот и Сулфонамидот. Имунитет Краткотраен. Профилакса Болничка изолација, дезинфекција, хигиенско отстранување на изметот, урината и отпадоците. Редовна бактериолошка и хемиска контрола на водата за пиење и прехранбените производи. Редовно миење на рацете и приборот за лучна хигиена, како и откривање на клицонсителите кои не смеаат да работаат со прехранбени производи. Наводи
Категорија:Болести