Спомени на Јане Сандански 150px|мини|лево|Љубомир Милетиќ 250px|мини|десно|Движењето од Вардар и борбите со врховистите Спомените на Јане биле објавени на бугарски јазик "Движението отсамъ Вардара и борбата съ върховистите по спомени на Яне Сандански, Черньо Пеевъ, Сава Михайловъ, Хр. Куслевъ, Ив. Анастасовъ Гърчето, Петъръ Хр. Юруковъ и Никола Пушкаровъ; съобщава Л. Милетичъ", София, Печатница П. Глушковъ, 1927, поредица "Материяли за историята на македонското освободително движение", Издава "Македонскиятъ Наученъ Институтъ", Книга VII., а подоцна биле преведени на македонски јазик Спомени на Јане Сандански, Сава Михјалов, Христо Куслев, Иван Анастасов - Грчето, Мaтеријали за македонската национал-револуционерната историја, ИНИ-скопје, Новинско издавачко претпријатие Илинден - Скопје, Скопје, 1951Спомени - Јане Сандански. Овие спомени настанале со примена на диктатот како методски пристап кон земање на сеќавања, односно со усно диктирање на запишувачот. Јане своите спомени му ги изнел на бугарскиот филолог Љубомир Милетиќ во неколку наврати, непосредно по неуспешниот крај на Илинденското востание, почнувајќи од 14 јануари 1904 година.
Во предговорот кон објавените спомени, Милетиќ пишува: по неговиот неупсешен крај (Илинденското востани б.н) и Сандански времено се прибира во Софија. Тогаш се запознав со него. Почнувајќи од 14 јануари 1904 г., тој неколкупати доаѓаше кај мене да му запишам спомените Предговор на Милетиќ кон бугарското издание Движението отсамъ Вардара..., 8.. Спомените на Јане биле објавени од страна на Милетиќ во 1927 година по смрта на Сандански, во серијата книги со наслов Материјали за историјата на македонското ослободително движење, во книга VII, заедно со спомените на Христо Чернопеев, Иван Анастасов - Грчето, Петар Јуруков и Никола Пушкаров. Спомените на Сандански се однесуваат на неговиот живот и дејност од раѓањето до крајот на Илинденското востание. Овие спомени се чист историографски текст, без присуство на литературното, што е честа и карактеристична појава на ваквиот вид публикувани текстови Јане Сандански и македонското национално ослободително движење, Институт за национална историја, Скопје, 1976, Симо Младеновски, Спомените на Јане Сандански како историски извор. Тие се резултат на тоа што раскажувањето е поминато низ филтерот на еден запишувач, кого го интересирала исклучиво историографската страна . Раскажувањето на Јане е канализирано од самите барања на Милетиќ.
Спомените на Јане нудат богати историски податоци од најразличен карактер. Тие се кратки по обем, меѓутоа содржат богат и автентичен изворен материјал од биографски карактер за Јаневиот животен пат, одделни настани и личности од поновата македонска историја, како незаменлив историски извор од прва рака . Јане во своите раскажувања не прави екскурзии надвор од својот животен пат. Исклучиво се држи за него и во тој делокруг, соопштува повеќе историски податоци за настаните во кои учествувал и личностите со кои имал контакти. Во одделни делови од спомените, Јане е многу прецизен, наведувајќи точни датуми и временски точно ги лоцира настаните . Сеќавањата на истакнатите македонските револуционерни водачи даваат податоци од биографски и тематски карактер. Ако се анализираат спомените на Сандански може да се заклучи дека тие на прв поглед изгледаат дека се поважни за афтобиографското прикажување на животот и дејноста на овој револуционер, меѓутоа тие се подеднакво значајни и за проучувањето на македонското национално-ослободително движење .
Во предговорот за спомените на Јане, како и во другите случаи, Љубомир Милетиќ не можел да се ослободи од своите погледи за целото македонско револуционерно движење. Отука, тој прави обид да ги наметне своите претстави за ликот и карактерот на дејноста на овој македонски водач . Притоа, колку повеќе се обидува да дава коментари за Јане, Милетиќ сè повеќе запаѓал во пристрасност . Тој го карактеризира Сандански со следниве зборови:
Осврт на неколку дела 150px|мини|лево|Василиј Василевич Водовозов 250px|мини|десно|Старика од Христо Константинов Јане Сандански како еден од главните двигатели на македонското револуционерно движење во голема мера го привлекол вниманието на македонската и странската историографија, особено бугарската. Тој како револуционер и човек оставил длабоки траги во македонската и балканската стварност и силно ехо кај неговите следбеници Јане Сандански и македонското национално ослободително движење, Институт за национална историја, Скопје, 1976, Катица Јосифовска - Осврт на неколку книги за Јане Сандански. За неговиот живот и револуционерна дејност се објавени повеќе дела во македонската и странската историографија. За Јане пишувале и неговите најблиски соработници во нивните спомени. Името и делото на Јане се содржи во разни документи, заеднички усвоени програми, решенија, писма, кои можат да послужат како изворен материјал за историјата на Македонија и Сандански . Во текот на Јаневата револуционерна активност биле печатени повеќе весници кои биле органи на неколку организации и политички партии: Револуционерен лист, Конституциона зора, Македонски глас и др.
За состојбите во Македонија била заинтересирана и европската јавност, отука многу странски новинари доставувале повеќе извештаи за случувањата во Македонија. Меѓу нив се нашол и рускиот публицист Василиј Василевич Водовозов кој дал една објективна оценка за Јане Сандански. Водовозов патувал низ Балканот и неколкупати ја посетил Македонија (1904, 1909, 1913), како новинар, уредник на надворешно-политичките рубрики во неколку руски списанија и весници. Овој руски публицист пишувал за национално-револуционерните движења. Во 1916 година, Водовозов објавил статија за Јане Сандански која всушност била првата поцелосна биографија за овој македонски великан Историја (VI, 2. Скопје, 1970). Василиј Василевич Водовозов преку контактите и непосредните среќавања со Јане Сандански, дал осврт со големо разбирање за дејноста на Старикот. Водовозов успеал да ги опфати сите поважни настани од Јаневата револуционерна дејност, а особено се интересни податоците кои ги пренесува за средбата меѓу Јане и Хилми Паша во текот на Младотурската револуција.
Бугарскиот автор Христо Константинов (Христо Калајџиев) во 1939 година во Софија ја објавил книгата Старика, во која објективно и научно ја доловил историската вистина и автентичност на ликот и делото на Јане Биографија на Јане Сандански од Христо Константинов, Софија, 1939. Ова дело на Константинов било издадено со средства и по барање на ВМРО (Обединета), македонска национално-ослободителна организација. Авторот имал за цел, да не се заборави револуционерната активност на Јане Сандански и истакнува:
Во 1946 година во Софија, Павел Делирадев ја објавил книгата Јане Сандански, која била кратка но издржана биографија за овој македонски револуционер Биографија на Јане Сандански од Павел Делирадев. Делирадев објавил дотогаш непознати факти, впрочем тој можел да го стори тоа зошто бил соидејник и соработник на Јане Сандански. Со новите истражувања, современите историчари корегираат по нешто од Делирадевите истражувања за Јане . Бугарската историографија до 1948 година поинаку ги изнесувала нештата за Јане и целото македонско револуционерно движење В. Чашуле, Од признавање до негирање, Скопје, 1970, додека денес бугарските историчари поинаку ги толкуваат тие документи . Во врска со позицијата на Македонија по Берлинскиот конгрес и дејството на Сандански, бугарскиот историчар изјавил дека таква била волјата на европската дипломатија, застанала еднодушно против руските предлози и надежите на македонскиот народ.
Една друга монографија од релативно поново време е онаа на Јордан Анастасов објавена во Софија - Јане Сандански, Биографичен очерк. Јордан во своето дело користи селектирани документите и и видливи се еностранични интерпретации и премолувања . Овој автор намерно прескокнал и испуштил делови од Јаневите искажувања, наспроти тоа Анастасов цитирал врховистички искази и прикажува како Јане да бил предрасположен за прифаќање на балканските војни. Според овој автор, Јане сандански бил поборник на бугарштината во Македонија. Анастасов, намерно или не, заборавил да ги спомене оние барања на Јане кои пледирале да се зацврсти свеста сред македонските маси дека тие се самостоен народ на Балканот и имаат право на самостоен живот Освободителнитѣ борби на Македония, том II Следъ Илинденското възстание Хр. Силянов (изд. на Илинденската Орг., София, 1943; II фототипно изд. "Наука и Изкуство", София, 1983).
Во 1972 година во Софија, Илија Филјанов ја објавил својата книга под наслов По стапките на Јане - Пиринскиот орел. Авторот на ова дело на многу популарен начин го прикажал животот на Јане. Филјанов ја романтизирал, фолкоризирал и ја дополнил со географски, поетски и други парафразирања. Во оваа дело се дадено многу фотографии и биографски податоци за соработниците на Јане. Кога Филјанов говори за Македонската револуционерна организација, ја прикажува како таа да била организација на Јане Сандански. Овој автор, како и многумина други кои твореле во Бугарија, случајно или намерно, опишал и воспевал личности и места, но ја одбегнал револуционерната дејност на Јане Сандански за слободна Македонија . Сличо вакво дело било објавено во 1968 година во Софија под наслов Јане Сандански од авторот Миладина Апостолов. Ова дело е романизирана биографија на Јане. делото е поделоно на четири дела со многу подзаглавија во кои авторот споил повеќе раскази за Јане и неговите блиски. Во делото има повеќе фотографии, оригинални писма, испраќани до соидејците на Македонската револуционерна организација, но овие писма се прополовени и парафразирани . Во делото се дадени кратки биографии на некоил личности. Според некои истражувачи, оваа книга нема научен карактер . 150px|мини|лево|Павел Делирадев, 1908 г. 250px|мини|десно|Јане Сандански од Павел Делирадев По создавањето на современата македонска држава, македонската историографија обрнала внимание на историската личност на Јане Сандански. За неговата револуционерна дејност биле публикувани повеќе статии и прилози во кои биле анализирани одделни проблеми од дејноста на Јане или пократки биографии за неговиот живот и револуционерна активност. Такви прилози има од Манол Пандевски - Јане Сандански, Скопје, 1968, која претставува кратка но интересна Јанева биографија. Пандевски е автори и на статијата Јане Сандански во македонското ослободителното движење објавена во Гласник на ИНИ, XVI, 2. Скопје, 1972 Манол Пандевски, Јане Сандански во македонското ослободителното движење, Гласник на ИНИ, XVI, 2. Скопје, 1972. Овој македонски научник ја открил и првата биографија на Јане објавена од Водовозов, објавена во списанието Историја (VI, 2. Скопје, 1970). Во нив се откриваат важни моменти од животот на Јане Сандански.