Проф. д-р Зоран Панов е декан на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Факултетски студии завршил на Рударско-геолошки факултет во Штип при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1993 година. Академскиот живот го продолжил на истиот факултет каде што во 1997 година ги завршил магистерските студии. Докторски студии завршил во 2001 година, повторно на Рударско-геолошки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Своето работно искуство го започнал во 1994 година како помлад асистент во Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Во 1997 година станал асистент по предметот Проектирање на рудници. Работното искуство го продолжил како доцент во 2002 година по предметот Основи на проектирање, а во 2007 година преминал во вонреден професор. Денес ја извршува функцијата декан на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
Интерес во науката на проф. д-р Зоран ПановОфицијално мрежно место на проф. д-р Зоран Панов: Проектирање во рударството, Механика на карпи, Моделирање, Графика и дизајн, Експлоатација на архитектонско-градежен камен, Експлоатација на јаглен, Гасификација на јаглен, Екологија.
Наставна област
Проф. д-р Зоран Панов е професор на повеќе предмети на Факултет за природни и технички науки, поврзани со неговиот интерес во науката, како што се: Технички науки, Рударство, Механика на карпи, Графика и дизајн.
Членува во професионалната асоцијација Асоцијација за производство и користење на архитектонско-градежен камен „Камен“, Р. Македонија.
Објавени научни и стручни трудови
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на проф. д-р Зоран Панов Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Официјално мрежно место на Факултет за природни и технички науки Репозиториум на УГД Електронска библиотека на УГД
Категорија:Професори на УГД Категорија:Македонски универзитетски професори