Проф. д-р Илчо Јованов е професор и декан на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Своето високо образование го започнал со факултетските студии на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а го продолжил со магистерски студии на Државната музичка академија „Панчо Владигеров” во Софија, Р. Бугарија. Неговата наставна област е музичка теорија и педагогија. Во 2009 година ги завршил докторските студии од областа на музичка теорија и педагогија на Регионалната академија при Меѓународниот универзитет во Киев, Украина. Во своето работно искуство работел како раководител на Народниот и забавен оркестар во Дом на ЈНА во Белград, во Музичката продукција на МРТВ, како директор на Фестивалот за народна музика „Цветници”, раководител на Народниот оркестар на „Фолк-фест Валандово”. Од основањето на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, проф. д-р Илчо Јованов е декан на Факултетот за музичка уметност во Штип.

Реализирани проекти Бројни вокално-инструментални композиции, аранжман и оркестрации во областа на народната музика за потребите на МРТВ, како и за изведувачите на народната музика. Бројни аудио и видео снимки за потребите на музичко-касетната продукција и видеопродукцијата на МРТВ. Реализатор на аудиоизданијата (компакт-дискови) за Никола Бадев, Александар Сариевски и др. при Музичко-касетната продукција на МРТВ.

Објавени научни и стручни трудови

Наводи

Надворешни врски Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Официјално мрежно место на Факултет за музичка уметност Репозиториум на УГД Електронска библиотека на УГД

Категорија:Професори на УГД Категорија:Македонски универзитетски професори