Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или скратено МЗШВ, е едно од министерствата во Владата на Македонија.
Надлежности Надлежностите на министерството се:
- земјоделството, шумарството и водостопанството; - користењето на земјоделското земјиште, шумите и другите природни богатства; - ловот и риболовот; - заштитата на добитокот и растенијата од болести и штетници; - следењето и проучувањето на состојбите со водите, одржувањето и подобрувањето на режимот на водите; - хидромелиоративните системи; - хидролошките и агрометеоролошките мерења, како и противградобијната заштита; - проучувањето и истражувањето на метеоролошките, хидролошките и биометеоролошките појави и процеси; - надзорот од негова надлежност и - врши други работи утврдени со закон.
Организациска структура Министерството е составено од 18 сектори, кои се поделени на неколку оддели. Секторите на министерството се:
Сектор за внатрешна ревизија - независна единица Сектор за финансиски прашања Сектор за прекршоци Сектор за нормативно правни работи Сектор за човечки ресурси Сектор за анализа на земјоделска политика Сектор за координација и техничка помош на кабинет на министер Сектор за меѓународна соработка Сектор за ЕУ Сектор за лозарство, винарство и овоштарство Сектор за земјоделство Сектор за маркетинг и квалитет на земјоделски производи Сектор за шумарство и ловство Сектор за рурален развој Сектор за информатичка технологија Сектор за координација на подрачни единици Сектор за регистрирање и управување со земјоделско земјиште Сектор за шумска полиција без статус на државен службеник
Наводи
Поврзано
Влада на Република Македонија
Надворешни врски Официјално мрежно место
Категорија:Министерства на Република Македонија