мини|десно|Зимзелена шума во северна Калифорнија. мини|десно|Мешана шума кај Илинска Планина

Шума — подрачје што е густо обраснато со дрвја. Шумите покриваат 9,4% од површината на Земјата или 30% од вкупната копнена површина), но некогаш покривале 50%. Имаат значајна улога како живеалишта за организмите, како фактори во кружењето на водата и запазувачи на почвите. Со тоа, тие се меѓу најважните елементи на биосферата. Во нив се присутни цели 90% од сувоземната биоразновидност во светот.

Една шума се состои од горен кат (кај крошните) и долен кат, кој потоа се дели на кат на грмушки, кат на билки и кат на мовови и почвени микроорганизми. Кај извесни посложени шуми постои и изразен меѓукат на пониски дрвја.

Шумите се од огромно значење за човекот и останатиот жив свет. Тие имаат производни, заштитни и општокорисни функции. Производните функции на шумите се во насока на производство на дрво и други шумски производи. Заштитните функции на шумите се во насока на заштита на природата со заштита на биоразновидноста, заштита од ерозија и спречување на природни непогоди како поплави и др. Општокорисните функции на шумите се во насока на одржлив развој и унапредување на животната средина, а се остваруваат преку благопријатното влијание врз климата на планетата, пречистувањето на водите, производството на кислород, подобрувањето на квалитетот на животна средина.Завод за статистика, „Статистика на животната средина, 2024“, 39 стр.

Распространетост мини|десно|Амазонската Прашума во Бразил

во сите предели кајшто можат да виреат дрвја и на височина сè до шумската граница. Исклучок се местата каде природните пожари и други непогоди се пречести, или пак во средини суштински изменети со човековите активности.

Во краиштата 10° северно и јужно од екваторот претежно се одликува со тропска дождовна шума, а пределите помеѓу 53° СГШ и 67° СГШ имаат тајги. Шумите во кои преовладуваат скриеносемениците (широколисни шуми, лисјари) по правило се побогати со видови отколку што се оние со четинари.

Некои шуми имаат голема разновидност на видови на мало подрачје (на пр. тропските дождовни и умерените листопадни шуми), или пак релативно малку видови на голема површина (на пр. тајгата и сувопланинските четинарски шуми). Во шумите живеат бројни животински и растителни видови, и затоа нивната биомаса по единица простор е висока во споредба со другите видови на живеалишта. Голем дел од биомасата е всушност на и под земја, во шумската простирка, и особено во навлезените изгниени материјали. Дрвенестите делови од шумата содржат лигнин, кој се разградува релативно бавно во споредба со другите органиски материи како целулозата или јаглехидратите.

Шумите се разикуваат од реткошумовитите подрачја по тоа што кај вистинските шуми многу од дрвјата имаат преплетени или допрени гранки. Кај реткошумовитите подрачја, по правило, постојат позначајни празнини помеѓу крошните на дрвата. мини|Шума во околината на Крушево

Шумите во Македонија мини|десно|Листопадна шума на Беласица во есен. Шумите во Македонија зафаќаат 1.001.489 ха и покриваат 39% од територијата на државата., 18 стр. Според пописот од 1979 г. шумите зафаќале 905.653 ха, или 35,2% од вкупната територија на Републиката, а во периодот од 1979 до 1996 г. се пошумени уште 110.000 ха. Во 2008 година вкупната површина на шумите изнесувала 1.091.857,59 ха, од кои 835.055,82 ха биле обраснати, а 256.801,77 ха — необраснати (голи делови). Имало и дополнителни 80.000 ха или (7,32%) за кои постојат пооскудни податоци поради малото стопанско значење., 15 стр.

Дендрофлората ја сочинуваат вкупно 319 видови дрвја и грмушки со над 80 подвидови и вариетети во рамките на 119 родови и 54 фамилии, а 16% од вкупниот број на видовите се балкански ендемити или субендемити. Овие се распоредени во 81 шумска фитоценоза во состав на 31 сојуз, 11 реда и 6 класи., 15 стр.

Најшумовити делови се пошироките појаси долж границите, особено во западна Македонија, додека најобесшумени се Повардарието, Овче Поле и Пелагонија. Најзастапени се листопадните шуми, поточно дабот и буката.

Планирањето, управувањето, стопанисувањето, одгледувањето, заштитата и користењето, чувањето на шумите како природно богатство и шумското земјиште, остварувањето на општокорисните функции на шумите, правото и обврските на користење на шумите, финансирањето, како и други прашања од значење за шумите и шумското земјиште по принципот на биолошка, економска, социјална и еколошка прифатливост се регулира со Законот за шумите.

Класификација мини|десно|Шума на Биоградска Гора, Црна Гора

Шумите се класификуваат на различни начини, зависно од потребната описност:

бореални шуми (тајги) присутни во субарктичкиот појас и начелно се или зизмзелени или листопадни. во умерениот појас растат како широколисни, така и иглолисни шуми (умерени лисјари, умерени иглолисни и умерени дождовни шуми). тропски и суптропски шуми: влажни, суви и иглолисни. според севкупната физиологија и развојна фаза, шумите можат да се поделат на прашуми и вторични шуми. шумите можат да се категоризираат и поконкретно според климата и најзастапените видови, па така имаме букови, моликови, брезови и др. шуми.

Според системот на УНЕСКО, постојат 26 главни видови на шуми, зависно од климатските услови и типовите на дрвја. Сите тие можат да се стават во шест покрупни категории: умерени иглолисни; умерени широколисни и мешани; тропски влажни; тропски суви; реткодрвни и разбиени предели; и шумски насади. Подолу е опишана секоја категорија.

Умерени иглолисни шуми Умерените иглолисни шуми ги заземаат повисоките подрачја на северната полутопка како и високите места во извесни умеренотопли области, особено на сиромашни почви. Овие шуми се целосно (или речси целосно) составени од иглолисни дрвја (четинари). На северната полутопка тие се: борот, смреката, аришот, елата, дуглазијата и цугата, но има и други поважни таксони. На јужната полутопка, највеќето четинари (араукарии и ногоплоди) растат во мешавина со широколисни дрвја и се класификуваат како широколисни и мешани шуми.

Умерени широколисни и мешани шуми Умерените широколисни и мешани шуми се претежно својствени за потоплите умерени појаси, но сепротегаат и во свежите умерени краишта, особено на јужната полутопка. Вакви се мешаните листопадни шуми на САД, Кина и Јапонија, широколисните зимзелени (т.е. вечнозелени) дождовни шуми во Јапонија, Чиле и Тасманија, тврдолисните шуми во Австралија средно Чиле, во Средоземјето и во Калифорнија, како и јужнобуковите шуми на Чиле и Нов Зеланд.

Тропски влажни шуми

Постојат многу видови на тропски влажни шуми, од кои најраспространети се низиснките зимзелени широколисни дождовни шуми, како што се варзејата и игапото и сувоземните шуми на Амазонскиот слив; тресетноблатна шума, двокрилноплодните шуми во Југоисточна Азија; и горските шуми во сливот на реката Конго. Тука спаѓаат и планинските шуми, кои се делат на високопланински и нископланински, зависно од разликите во физиономијата.S. Chape, M. Spalding, M. Jenkins books.google.co.uk The world's protected areas: status, values and prospects in the 21st century(359 pages) Univ de Castilla La Mancha, 2008 ISBN 0520246608 [конс. 24 декември 2011]

Тропски суви шуми Тропските суви шуми се својствени за тропските подрачја со сушна сезона. Бидејќи врнежите се сезонски, дрвјата немаат листови неколку месеци во годината. Постојат и други услови (на пр. посиромашна почва, понепредвидливи суши) каде се јавува поголема застапеност на зимзелените видови и овие шуми се нарекуваат „тврдолисни“ (слерофитни). Сувите трнливи честаци се густи шуми со мал раст и голема густина на жилави трнливи растенија и виреат онаму каде сушите се подолготрајни и каде има тревопасни животни и брстачи. На многу сиромашна почва, особено во предели со мошне чести пожари, се јавува дрвенеста савана.

Реткодрвни предели мини|десно|Тајга кај Саранпаул во североисточниот дел на Урал. Застапени се сибирската смрча (преовладува на десниот брег), сибирскиот ариш, сибирскиот бор и белата бреза. Реткодрвните предели се шуми чии крошни покриваат од 10% до 30% од шумското подрачје. Се јавуваат највеќе во места кајшто шумските предели преоѓаат во нешумски. Две поголеми области кајшто се јавува овој екосистем се бореалното и сезонски сувото тропско подрачје. Во високите предели, северно од бореалната растителност/тајгите, условите не се поволни за да се одржи постојаноста на дрвата, па така тие стануваат сè пооддалечени едно од друго. Ваквата вегетација се нарекува тајга, отворени лишајни шумски предели или шумска тундра. Сиромашни се со видови, а доста обраснати со мовови. Пожарите се честа појава.

Шумски насади Шумските насади се човечки-создадени шуми за добивање на дрвна маса и други производи. Обично се состојат од еден тип на дрво од внесен или домороден вид. Сами по себе тие помагаат во раззеленувањето на планетата, но немаат еколошко значење за живиот свет околу себе. Постојат потфати за нивно подобрување за да се вклопат во околниот екосистем и да играат поважни улоги како одржувачи на фондот на хранливи материи, заштита на сливни подрачја, запазување на целовитоста на земјиштето (заштита од одрони) и како впивачи на јаглеродот.

Категории на шуми мини|десно|Мешана шума во Полска Постојат 28 категории на шуми кои помагаат во претворањето на државните и регионалните системи на класификација во една глобална систематика:

Умерени и бореални типови мини|десно|Крајбрежна шума од дуглазии во северозападен Орегон, САД. зимзелена иглолисна шума — каде дрвјата се иглолисни и зимзелени. листопадна иглолисна шума — каде дрвјата се претежно иглолисни, но листопадни. мешана широколисно-иглолисна шума — со приближно рамномерна мешавина од иглолисни и листопадни дрвја (помеѓу 50:50% и 25:75%). широколисна зимзелена шума — каде дрвјата се широколисни, но зимзелени. широколисна листопадна шума — каде претежно широколисни листопадни дрвја. мочурлива шума — составена од какви било дрвја, но каде почвата е мочурлива. тврдолисна (склерофитна) сува шума – каде дрвјата се претежно тврдолисни широколисни дрва и > 75% зимзелени. реткодрвни предели — чија густина изнесува 10–30%, како онаа во степските подрачја во светот. Дрвјата можат да бидат од било кој вид (на пр. иглолисни, широколисни, палми). осиромашена природна шума — во внатрешноста има подрачја што се значајно изменети од човекот, како што е сеча за да се добие обработливо земјиште или сеча за дрвен материјал, човечки-предизвикани пожари, изведување на инфраструктурни поекти итн. насад со егзотични (алохтони) видови — наменета за интензивно стопанисување, каде насадените дрвја се од странско (алохтоно) потекло. насад со домородни видови — наменета за интензивно стопанисување, каде насадените дрвја се од домашно (автохтоно) потекло. *насад од неукажан тип — насади за кои има информации само за големината, но не и за типот. Во моментов се однесува само на Украина. *некласификувани податоци — насади за кои има информации само за големината но не и за типот.

Оние означени со * се однесуваат на шумските предели каде податоците не укажуваат тип (тука се водат како дополнителни категории)United Nations Environment Programme, World Conservation Monitoring Centre, Background to Forest Mapping & Data Harmonisation, конс. 20 март 2007

Тропски типови мини|десно|Дождовна шума во Полинезија. низинска зимзелена широколисна дождовна шума — на надм. вис. под 1.200 м каде дрвјата немаат сезонски карактер, и се >75% зимзелени широколисни. нископланинска шума — на надм. вис. од 1.200 до 1.800 м со дрвја од каков било вид. високопланинска шума — на надм. вис. над 1.800 м со дрвја од каков било вид. мочурлива шума — на надм. вис. помала од 1.200 м, составена од какви било дрвја, но каде почвата е мочурлива. полузимзелена влажна широколисна шума — на надм. вис. помала од 1.200 м, каде 50–75% од дрвјата се зимзелени > 75% се широколисни, и каде цветање и давањето плодови имаат сезонски карактер.