Невзат Бејта (роден на во ) — македонски политичар и градоначалник на Општина Гостивар во периодот од 2013 до 2017 година. На локалните избори 2013 го победил тогашниот градоначалник Руфи Османи со 1.144 гласови разлика во вториот изборен круг. Тој е оженет и татко на три деца.
Животопис Основно училиште завршил во ОУ „Исмаил Ќемали“ - Гостивар, а средното во гостиварската гимназија. Дипломирал на Приштинскиот универзитет – Филозофски факултет, на отсекот по историја.
По дипломирањето, Невзат Бејта работел како професор во ОУ „Прпарими“ во село Чегране, а од 1987 до 2002 година, тој бил професор по историја во гостиварската гимназија.
Со политичка дејност почнал да се занимава уште од 1993 година, кога бил претседател на Културната заедница на Албанците во Македонија. Во гостиварските настани од 9 јули 1997, Невзат Бејта бил политички затвореник. Во 2001 година, Бејта се приклучил во редовите на ОНА.
Бејта од 2002 до 2005 година беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 2005 до 2009 година бил градоначалник на Општина Гостивар и потпретседател на Заедницата на единиците на локална самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС). На локалните избори 2009 беше убедливо поразен од страна на Руфи Османи. Во 2009 година беше заменик-претседател на ДУИ, а во периодот 2011-2013 бил министер за локална самоуправа во владата на Никола Груевски.
По поднесената оставка на министерското место, тој по третпат се кандидирал за градоначалник на Гостивар. На локалните избори одржани во март 2013 година тој славел победа над Османи и го освоил својот втор градоначалнички мандат. Противкандидатот Османи најавил протести поради наводен „изборен фалсификат“ и „политички реваншизам“ за отпуштањето на вработени од претходната општинска администрација.
На Локалните избори во 2017 година бил поразен од својот противкандидат од редовите на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
Наводи
Надворешни врски Биографија за градоначалникот на Гостивар Профил како министер во Владата на Република Македонија Кандидатски профил
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Дуф Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Министри за локална самоуправа на Македонија Категорија:Македонски политичари Категорија:Политичари од ДУИ Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Градоначалници на Општина Гостивар Категорија:Команданти на ОНА