Гинката () е семејство на голосеменици која потекнува од времето на мезозоикот, а денес содржи само еден претставник — гинкото (Ginkgo biloba). Поради неговата неизменетост, тој се смета за жив фосил. Пред околу 170 милиони години (во периодот јура) постоеле многу повеќе родови припадници на оваа фамилија и биле едни од најчестите дрвенести растенија кои го населувале скоро целото копно. Непосредно пред почетокот на терцијарот поголемиот број на видови од оваа фамилија веќе биле изумрени.

Родови Baiera † Cheirophyllum † Chiropteris † Ginkgo — гинко Ginkgoites † Ginkgoïdium † Ginkgopitys † Phoenicpsis † Polyspermophyllum † Trichopitys †

Забелешка: Со знакот † обележани се изумрени родови.

Наводи

Надворешни врски

„Ginkgoopsida“ Обединет таксономски информативен систем. (англиски) „Ginkgopsida“ Обединет таксономски информативен систем. (англиски) „Ginkgoales“ Обединет таксономски информативен систем. (англиски) „Ginkgoaceae“ Обединет таксономски информативен систем. (англиски)

Категорија:Голосеменици