Паричната маса (англиски: money supply) ги претставува монетарните обврски на консолидираниот банкарски сектор (централната банка плус депозитните банки) кон небанкарските сектори.

Текови на создавање на паричната маса Бидејќи обврските се наоѓаат во пасивата на билансот, од консолидираниот биланс на банкарскиот сектор може да се согледа големината на паричната маса и промените кои настануваат во одреден временски период.Љупчо Трпески, Монетарна економија, Скен поинт, Скопје, 2010, стр.277.

Кредитите одобрени на банките Најзначаен тек преку кој се влијае врз промените во паричната маса се кредитите што банките ги даваат на небанкарските сектори. Во досегашниoт период, во Македонија, стопанството се јавува како далеку најзначаен корисник на кредитите од банките. Главна причина за големата кредитна зависност на стопанските субјекти од банките е недостигот на алтернативни извори на финансирање (како, на пример, пазар на капитал).

Втор сектор каде што банките ја имаат насочена својата кредитна активност е секторот на населението. Главни видови кредити што му се даваат на населението се потрошувачките и станбените кредити. Притоа, секторот на населението се јавува како суфицитарен сектор, односно далеку е поголемо неговото учество во формирањето на кредитниот потенцијал на банките во споредба со користењето на кредитите од банките.Љупчо Трпески, Монетарна економија, Скен поинт, Скопје, 2010, стр.277-278.

Девизните интервенции на централната банка Втор по значење тек, односно канал во формирањто на паричната маса се девизните трансакции со странство. Доколку земјата остварува суфицит во платниот биланс, тогаш овој тек влијае врз зголемувањето на паричната маса, а ако земјата остварува дефицит во платниот биланс, тогаш дефицитот влијае врз намалувањето на паричната маса. Суфицитот на платниот биланс значи дека во светот повеќе сме извезле стоки, одошто сме увезле. Тоа значи дека во земјата имаме повеќе девизен прилив од одлив. Меѓутоа, бидејќи извозниците на чии сметки стигнале девизите во земјата можат да вршат плаќање само во домашна валута, тие ги продаваат девизите на банките и добиваат противвредност на своите трансакциски сметки во домашна валута. Така се зголемува паричната маса. Обратен е процесот кога земјата има дефицит во платниот биланс. Тоа значи дека во текот на една година, земјата повеќе увезла стоки и услуги одошто извезла. Увозниците до девизи доаѓаат по пат на купување од банките. Тие ги купуваат со домашна валута. Значи, парите од сметките на увозниците се префрлаат во банките и со префрлањето на парите од сметките на небанкарските субјекти во банките се намалува паричната маса.Љупчо Трпески, Монетарна економија, Скен поинт, Скопје, 2010, стр. 278.

Претворање на немонетарните депозити во монетарни Трет позначаен тек во формирањето на паричната маса е прелевањето на немонетарните депозити во монетарни и обратно. Монетарни депозити се нарекуваат оние кога влегуваат во дефиницијата на паричната маса. Тоа се во основа депозитите на сметките на небанкарските субјекти. Немонетарни депозити се оние кои не се опфатени во паричната маса и не може непосредно да се вршат плаќања со нив. Најкарактеристични меѓу немонетарните депозити се орочените депозити. Со претворање на дел од депозитите по видување во орочени депозити се намалува паричната маса, и обратно со претворање на дел од орочените депозити во депозити по видување се зголемува паричната маса. На овој тек, монетарната власт може да влијае преку монетарно-креднатата политика. Ако монетарната власт влијае банките да даваат доволно стимулативни камати на орочените депозити, тогаш преку овој тек ќе влијае врз намалувањето на паричната маса. Тоа се применува кога се настојува да се води рестриктивна монетарно-кредитна политика.Љупчо Трпески, Монетарна економија, Скен поинт, Скопје, 2010, стр. 279.

Фактори кои ја одредуваат понудата на пари Вкупното количество на пари во една земја е детерминирано од:

примарната емисија на пари, која се јавува во форма на обврски на централната банка кон другите сектори во економијата

кредитната експанзија на депозитните, односно комерцијалните банки.

Депозитните банки се единствените институции способни да ги мултиплицираат депозитите што се депонирани кај нив. На тој начин, вкупната понуда на пари претставува производ на монетарната маса и монетарниот мултипликатор. Симболички изразено, тоа изгледа вака:

M = m x RM

каде: M = вкупна понуда на пари, m = монетарен мултипликатор, а RM = примарни пари.

Примарните пари се обврски на централните банки кон останатите сектори во економијата. Тие се јавуваат во форма на: Готови пари во оптек Резервите што ги држат банките кај централната банка.

Готовите пари се помалку стабилна категорија, бидејќи централната банка не може да влијае врз нив. Тие се детерминирни од одлуките на оние субјекти кои ги имаат, дали ќе претпочитаат да држат готови пари и во која количина. Резервите на банките се постабилна категорија и на нив централната банка може да има влијание преку своите одлуки. Симболички изразено, тоа може да се изрази преку следната равенка:

RM = C + R

каде: RM = примарни пари, C = готови пари во оптек, а R = резерви на банките кај централната банка.

Резервите на банките кај централната банка се состојат од задолжителна резерва што ја пропишува централната банка и која мора депозитните банки да ја држат кај централната банка и од вишокот на резерви што депозитните банки ги имаат на своите сметки.

Тоа може да се изрази преку следната равенка:

R = RR + ER

каде: RR = задолжителна резерва, ER = вишок на резерви

Притоа, не се исти ефектите од порастот на различните компоненти на примарните пари. На пример, ако порастот на примарните пари се изразува преку порастот на готовите пари, во тој случај не се создаваат можности за кредитна мултипликација, затоа што готовите пари одат надвор од банките и не создаваат депозитна база потребна за доделување на кредити. Ако пак порастот на примарните пари оди преку порастот на резервите, се создаваат услови за понатамошна кредитна мултипликација.Љупчо Трпески, Монетарна економија, Скен поинт, Скопје, 2010, стр. 279-281.

Фактори кои влијаат врз примарните пари Три главни факотри влијаат на промените на примарните пари: Движењата во платниот биланс Односите држава – централна банка Односите централна банка – депозитна банка.

Движењата во платниот биланс имаат одраз врз промените на нето-девизната актива на централната банка. Доколку земјата има дефицит во платниот биланс, тоа има одраз врз намалувањето на девизните средства на централната банка, а тоа пак влијае на намалувањето на примарните пари. Обратни се движењата доколку земјата има суфицит во платниот биланс. Поголемиот прилив на девизни средства во земјата од одливот влијае врз зголемувањето на нето-девизната актива, а преку неа и до зголемувањето на примарните пари. Движењата во нето-девизната актива, за централната банка претставува автономен тек. Од тие причини, централната банка преку овие променливи кои самостојно ги конторлира, влијае врз неутрализирање на тековите предизвикани од автономните текови.

Вториот фактор, односите држава-централна банка, исто така, има значајно влијание врз примарните пари. Најголемиот број земји во светот имаат буџетски дефицит, односно расходите им се поголеми од приходите во буџетот. Еден од начините за покривање на буџетскиот дефицит е и во позајмици од централната банка. Кога државата позајмува од централна банка, тоа влијае на порастот на примарните пари, а кога ги враќа позајмените средства, тогaш се намалуваат примарните пари. Доколку државата се задолжува во прекумерни износи од централната банка, во тој случај можно е таа да биде фактор за појави на инфлација или за девалвација. Од тие причини, најчесто износот до кој може државата да се задолжува кај централната банка е регулиран со закон. Земјите членки на Европскиот монетарен сојуз, својот буџетски дефицит мора да го држат до 3% од БДП. Во Македонија, можноста државата да се задолжува кај Народната банка се сведува на буџетскиот дефицит во Европската Унија.

Во земјите во развој, третиот фактор, односите централна банка со банките претставува доминатен фактор врз примарната емисија на парите. Во тие земји, централната банка доделува реесконтни кредити на банките преку кои се стимулираат одредени области, како што се земјоделството или извозот. И во Македонија, овој фактор беше доминантен, додека бевме во рамките на СФРЈ. Но, поради прекумерната емисија на примарни пари и создавањето на висока инфлација, по монетарното осамостојување се напушти и мерката на селективни кредити. Сепак, овој тек на емисија на примарни пари нема изгубено од своето значење, затоа што во соодносот централна банка - депозитни банки, централната банка ја регулира ликвидноста на банките и пошироко на стопанството, т.е. делува како позајмувач во крајна инстанца. Симболички изразено, тоа изгледа вака:Љупчо Трпески, Монетарна економија, Скен поинт, Скопје, 2010, стр. 284-286.

RM = NFA + NDCG + DCB

при што: RM = примарни пари, NFA = нето-дезивна актива, NDCG = нето-домашни кредити на државата и DCB = побарувања од депозитните банки.

Фактори кои влијаат врз монетарниот мултипликатор Монетарниот мултипликатор претставува сооднос меѓу паричната маса и примарните пари:

m =

Монетарниот мултипликатор покажува за колку ќе се промени паричната маса при дадена промена на примарните пари, односно колкав дел од порастот на примарните пари се транферирал во паричната маса. Колку е поголем монетарниот мултипликатор, толку поголем дел од примарните пари се трансформира во парична маса, и обратно. Големината на монетарниот мултипликатор, во основа, зависи од одлуките на: субјектите на монетарниот сектор централната банка депозитните банки.

Од одлуките на субјектите на небанкарскиот сектор да држат дел од својата актива во готови пари, или пак во депозитни пари, зависи големината на монетарниот мултипликатор. Колку субјектите повеќе држат готови пари, толку монетарниот мултипликатор е помал и обратно. Исто така, од одлуката на централната банка за висината на задолжителната резерва, зависи големината на монетарниот мултипликатор. Колку е повисока задолжителната резрва, толку е помал монетарниот мултипликатор и обратно. Исто така, одлуките на депозитната банка за висината на средтсвата што ќе ги држат на својата сметка има одраз врз големината на монетарниот мултипликатор. Колку е поголем тој износ, толку е помал монетарниот мултипликатор. Горните констатации, математички гледано изгледаат вака:

m =

Ако М1 = C + DD, а RM = C + R, тогаш:

m =

Бидејќи само преку депозитните пари може да се врши мултипликација, а не преку готовите пари, тогаш ако ја ставаме во сооднос десната страна од равенката со депозитните пари добиваме:

m =

Ако, пак, и резервите на банките ги дезагрегираме на нивните составни делови ја добиваме следната равенка:

m =

односно:

m =

при што: m = монетарен мултипликатор, c = соодносот меѓу готовите пари во отптек и депозитните пари, rd = стапка на задолжителна резерва на депозитните пари, а re = сооднос на вишокот на резерви на депозитните пари.Љупчо Трпески, Монетарна економија, Скен поинт, Скопје, 2010, стр. 286-288.

Ефекти од промените на одделни компоненти на понудата на пари Доколку централната банка ја зголеми стапката на задолжителна резерва, тогаш комерцијалните банки имаат малку депозити, а со тоа и помала можност за давање на кредити. Тоа значи, при ceteris paribus кај останатите променливи, доаѓа до намалување на монетарниот мултипликатор, а намалувањето на монетарниот мултипликатор води кон намалување на понудата на пари. Обратна е ситуацијата доколу централната банка ја намалува стапката на задолжителна резерва. Оттука, може да се извлече заклучокот дека монетарниот мултипликатор и понудата на пари стојат во негативна корелација со стапката на задолжителна резерва.