Од стариот век па до средината на XVII век, Италија се смета за централно место на западната култура и појдовна точка на светските феномени како Римското Царство, Римокатоличката црква, ренесансата, културни и образовни реформи и нов почеток. За време на овој период во Италија се појавиле голем број на познати сликари, вајари, поети, музичари, математичари и архитекти.
Како внатрешните така и надворешните аспекти од западната култура се родени на Италијанскиот Полуостров, било дали се однесуваат на историјата на христијанска вера, граѓански институции, филозофија, правоRoman law. Encyclopædia Britannica Online, 2011. Web. 25 Sep. 2011., уметност, наука или социјални обичаи и култура. Исто така, оваа земја имала водечка улога во борбата против смртната казна.
Италија била дом на многу познати и влијателни цивилизации, вклучувајќи ги Етрурците, Грците и Римјаните. Во своето минато Италија преживеала миграции, инвазии и била поделена на многу независни држави сè до 1861 година, кога станала национална државаRisorgimento. Encyclopædia Britannica Online, 2011. Web. 25 Sep. 2011.. Поради ова релативно подоцнежно обединување и историска автономија на регионите од кои се состојат Апенинскиот Полуостров, многу традиции и обичаи кои сега се признаени како италијански можат да се идентификуваат по нивни области од кои потекнуваат. И покрај политичкото и социјално издвојување на овие региони, италијанскиот придонес за културно и историско наследство на Европа и светот останува огромен.
Познати елементи на италијанската култура се нејзината уметност, музика, мода и храна. Италија е родно место на оператаКимбел, Давид Италијанска опера. Cambridge University Press, 1994. 22 јули 2012., и со генерации јазикот на операта бил италијански, независно од потеклото на композиторот. Во поглед на драмата Италијанците покажувале склоност кон комедијата; импровизаторски стил познат како Комедија дел артe се појавил во средината на 16 век Commedia dell'arte. Treccani, il portale del sapere. Web. 24 Jul. 2012. во Италија и сè уште се изведува денес. Познатиот жанр на танц балетот исто така потекнувал од Италија.
Државата може да се пофали со неколку светски познати градови. Рим бил античка престолнина на Римското Царство и седиште на папата на Католичката црква. Фиренца бил дом на многу уметници од ренесансата, период на големи достигнувања во уметностаZirpolo, Lilian H. The A to Z of Renaissance Art. Scarecrow Press, 2009. pp. 154-156. Web. 16 Jul. 2012.. Торино, којшто бил главен град на Италија, денес е еден од светски познатите центри за автомобилско инженерство. Милано е индустриски, трговски и финансиски центар на Италија, а исто и престолнина на модата. Венеција со својот сложен систем на канали и богата културна историја, привлекува туристи од цел свет.
Италија е родно место на најголем број на светски наследства на УНЕСКО (48). UNESCO World Heritage Centre. Web. 25 Sep. 2011. Beni Italiani Unesco. Associazione Città e Siti Unesco. Web. 17 Jul. 2012. и според една проценка се смета дека земјата е роден крај на половина од најважните светски уметнички богатстваAbbot, Charles. Italy. Morellini Editore, 2006. p. 101. Web. 24 Sep. 2011.. Според Судот на ревизори, Италија има 3.430 музеи, од кои 409 се во Тоскана, 380 во Емилија Ромања, 346 во Ломбардија и 302 во Лацио. Исто така Италија има 216 археолошки наоѓалишта, 10.000 цркви, 1.500 манастири, 40.000 избрани замоци, кули и тврдини, 30.000 отмени домови, 4.000 градини, 1.000 огромни историски градски центри и многу повеќе.Rizzo, Sergio. Italy Neglects Art Treasures. Corriere della Sera. Web. 26 Jul. 2012..
Уметност Архитектура
200px|thumb|left|Фирентска катедрала
Архитектонските остатоци од антиката низ Италија сведочат за величината на културното минато. Историјата на италијанската архитектурата започнува со античките стилови на Етрурците и Грците, напредува во времето на класичната романска ераSear, Frank. Roman architecture. Cornell University Press, 1983. p. 10. Web. 23 Sept. 2011., продолжува кон оживувањето на класичната римска ера за време на ренесансата и еволуира во барокна ера. За време на италијанската ренесанса било вообичаено студентите на архитектура да патуваат за Рим со цел да ги проучуваат античките урнатини и градби како важен дел од нивното образование.
Старата црква Свети Петар веројатно била првата значајна ранохристијанска базилика, стил на црковна градба којшто доминирал во раниот среден век. Црквата се наоѓала на местото каде што е изградена денешната базилика Свети Петар во Рим. Првите значајни градби во средновековен римски стил биле цркви изградени во Италија во текот на 800-те години. Неколку истакнати примери на византиски архитектонски стил од Блискиот Исток исто така биле изградени во Италија. Најпознатата византиска градба е базиликата Свети Марко во Венеција.
Најголемото будење на италијанската архитектура се случило за време на ренесансата. Филипо Брунелески дал голем придонес за архитектонскиот дизајн со куполата на катедралата во Фиренца. Леон Батиста Алберти е друг раноренесансен архитект чијшто теории и дизајни имале огромно влијание на подоцнежните архитекти.John A. Davis, D.Phil., Emiliana Pasca Noether Chair in Italian History, University of Connecticut. Davis, John A. "Italy." World Book Advanced. World Book, 2011. Web. 23 Sept. 2011..
Можеби најголемото достигнување на италијанската ренесанса е базиликата Свети Петар, која била најпрво замислена од Донато Браманте во почетокот на 1500 година. Андреја Паладио со проектирањето на вили и палати во средината и крајот на 1500 година имал влијание врз архитектите од западна Европа.
Барокниот период во 1600 година резултирал со неколку истакнати италијански архитекти кои биле посебно познати по нивните цркви. Најважни архитекти се Џан Лоренцо Бернини и Франческо Боромини. Голем број на италијански архитекти, како Ренцо Пјано, се познати низ светот. Renzo Piano. The New York Times. Web. 23 Sep. 2011.
Стрипови
Официјалното почеток на италијанските стрипови е 27 декември 1908 година, со првото издание на Кориере деи Пиколи. Атилио Мусино го пишувал овој неделник, кој содржел извонреден спектар на ликови, вклучувајќи го и малото црно дете Билболбул, чиишто нестварни авантури се случувале во фантастичната Африка.
Во 1932 година издавачот Лотарио Вечи започнал со издавањето на списанието Џамбо, користејќи исклучително автори од Северна Америка. Списанието достигнало тираж од 350.000 копии во Италија, санкционирајќи ги стриповите како главен медиум. Три години подоцна тој се преселил во Шпанија.
Во декември 1932 година, фирентискиот издавач Нербини го пуштил во продажба во Италија првиот стрип на Дизни, Мики Маус, или Тополино на италијански. Во 1935 година филијалата Мондадори ја презеде франшизата Дизни.
Во 1945 година за време на посетата на Академија за ликовна уметност во Венеција, Хуго Прат во соработка со Марио Фастинели и Алберто Онгаро го создал Асо ди Пиче.
Во 1948 година Џан Лујџи Бонели започнал со долга и успешна серија на вестерн стрипови, почнувајќи со популарниот Текс Вилер. Форматот на овој стрип толку ќе се популаризира што добива свое име - бонелијано, по својот создател. Некои од сериите кои следат по Текс Вилер се Загор (1961 година), Мистер Но (1975 година) и подоцна Мартин Мистери (1982 година) и Дилан Дог (1986 година). Овие стрипови претставуваат целосни приказни во 100+ црно бели страници во џебен формат. Темата секогаш е авантура, било вестерн, хорор, мистерија или научна фантастика. Бонелијано, сè до ден-денес, е најпопуларната форма на стрипови во земјата.
Мода и дизајн
мини|лево|Продавница на Прада во Сингапур Италијанската модна индустрија е еден од најважните производни сектори на државата и еден од скапоцените камени на круната од брендот „Произведено во Италија“. Сепак Милано се смета како главен град на модата бидејќи голем број на познати дизајнери се наоѓаат таму, а исто така е место каде што се наоѓаат и италијански дизајнерски колекции.
Многу од италијанските врвни модни творци имаат продавници кои можат да се најдат насекаде низ светот. Помеѓу најпознатите и најексклузивните имиња се Армани, Бенетон, Фенди, Гучи, Версаче и Прада. Брендовите за накит, како Булгари и Луксоптика исто така се меѓународно признати, додека Луксоптика е најголема светска компанија за очила.
Милано и Рим годишно се натпреваруваат со други големи меѓународни центри како Париз, Њујорк, Лондон и Токио. Исто така, модното списание Вог Италија се смета за најпрестижно модно списание во светотBella Italia: a look into the why Italian Vogue is still on top. Daily Mail. Web. 17 Jul. 2012..
Италија исто така е позната во областа на дизајнот, особено внатрешен дизајн, архитектонски дизајн, индустриски дизајн и урбан дизајн. Оваа држава може да се пофали со неколку познати дизајнери за мебел како Џио Понти и Еторе Сотсас и со италијанските фрази како Bel Disegno (убав дизајн) и Linea Italiana (италијанска линија) кои навлегле во лексика на дизајн на мебелMiller (2005) p. 486. Web. 26 Sept. 2011.. Примери за класични предмети од италијанска бела техника и мебел се машини за перење и фрижидери на ЗанусиInsight Guides (2004) p. 220. 26 Sept. 2011., каучи „Њу тон„ од Атриум и постмодернистичка полица за книги на Етор Сотсас, инспирирана од песна на Боб Дилан.
Денес Милано и Торино се државни водачи во архитектонски и индустриски дизајн. Милано е домаќин на најголемиот европски саем за дизајн Фиера Милано Design City Milan. Wiley. Web. 3 January 2010.. Овој град е исто така домаќин на големи настани поврзани со архитектурата и дизајнот како Фуори Салоне и Салоне дел Мобиле, и е родно место на дизајнерите Бруно Мунари, Лучио Фонтана, Енрико Кастелани и Пјеро Мацони.Cerizza, Luca ; Gioni, Massimiliano. Milan and Turin. Frieze Magazine. Web. 3 January 2010..
Литература
мини|десно|Данте Алигиери, еден од најпознатите поети во средниот век. Неговото дело Божествена комедија е помеѓу највредните во светската литература
Италијанската литература започна по основањето на Рим во 753 п.н.е. Римската или латинската литература била и сè уште е многу влијателна во светот, со многубројни писатели, поети, филозофи и историчари како Плиниј Постариот, Плиниј Помладиот, Вергилиј, Хорациј, Овидиј и Ливиј. Римјаните исто така биле познати по своите усни преданија, поезија, драма и епиграми. Иако повеќето од нив биле инспирирани од Старите Грци, римските епиграми обично биле далеку повеќе сатирични, пишувани понекогаш со непристоен јазик за да се добие интересен ефект. Повеќето од римските епиграми биле натписи или графити.
Основата на модерната италијанска литература на италијански јазик започнала во почетокот на 1200-те години. Кога станува збор за влијанијата за неговото образување, мора да се спомне религиозното заживување предизвикано од Свети Францис од Асиси, којшто се смета за првиот „италијански глас“ во литературата.
Друг италијански глас потекнува од Сицилија. Во дворецот на кралот Фредерик II, којшто владеел со сицилијанското кралство во првата половина на 13 век се пишувале стихови по пример на провансалски форми во подобрена верзија на мајчин јазик. Најважниот поет бил видниот Џакомо да Лентини, познат по откривањето на сонетната форма.
Гвидо Гвиницели се смета за основач на Слаткиот нов стил, школа која додала филозофска димензија на традиционалната љубовна поезија. Ова ново сфаќање на љубовта, искажано со пријатен и слободен стил, влијаело врз некои фирентиски поети, особено на Гвидо Кавалчанти и младиот Данте Алигиери. Божествената комеција од Данте Алигиери е ремек-дело на светската литература, коешто помогнало во создавањето на италијанскиот литературен јазик.
мини|лево|Алесандро Манцони, еден од најдобрите италијански автори во 19 век
Двајца важни писатели од 14 век, Петрарка и Бокачо, издвојувале и имитирале дела на антиката и разработувале нивни уметнички ликови. Петрарка станал славен со неговата збирка песни Канционер. Исто толку влијателен бил и Бокачо со делото Декамерон, едно од најпознатите збирки раскази некогаш напишани.