Ѕвоно на слободата — исконски симбол на американската независност, кој се наоѓа во Филаделфија, Пенсилванија. Порано било поставено на кулата на Државната куќа на Пенсилванија (денес преименувана во Сала на независноста), ѕвоното е направено од лондонската леарница на Лестер и Пак (денес преименувана во Whitechapel Bell Foundry) во 1752 година и било испишано со букви (дел од Левит 25:10) „Прогласете слобода низ целата земја и сите жители во неа‟. Првично проѕвонило кога за првпат пристигнало во Филаделфија, а двапати проработило од страна на локалните работници Џон Пас и Џон Стоу чии презимиња се наоѓаат на ѕвоното. Во своите рани години ѕвоното било користено за да се повикуваат законодавците и законодавни заседавања за да се предупредат граѓаните за јавни средби и прокламации.
Непосредна прокламација од гласовите на Вториот Континентален Конгрес за независност не била направна и на тој начин ѕвоното не заѕвонило на 4 јули 1776 година барем не за каква било причина во врска со тоа гласање. Ѕвоната ѕвонеле за да го одбележат читањето на Декларацијата за независност на 8 јули 1776 година и иако не постои доказ дека имало ѕвонење на ѕвоното за слободата, повеќето историчари верувале дека сепак едно од ѕвоната проѕвонело. Откако американската независност била обезбедена, ѕвоното останало во анонимност неколку години. Во 1830-тите ѕвоното било усвоено како симбол од страна на аболициностичките општества коишто го надзинхронизирале во „Ѕвоно на слобода”. Својата карактеристична пукнатина ја добило некаде во почетокот на 19 век – широкораспространети приказни тврдат дека тоа испукало додека ѕвонело за време на смртта на врховниот судија Џон Маршал во 1835 година.
Ѕвоното станало познато по краткиот расказ во 1847 година кој тврдел дека еден стар ѕвонар го проѕвонел на 4 јули 1776 година по сослушувањето на гласањето на Вториот Континентален Конгрес за независност. И покрај фактот дека ѕвоното не заѕвонило за независност на тој 4 јули, приказната била широко прифатена како факт, дури и од страна на некои историчари. Кон почеток на 1885 година, градот Филаделфија, кој што го поседува ѕвоното, дозволил да биде на различни изложби и патриотски собири. Ѕвоното привлекло голем број луѓе каде и да било однесено и се здобило со дополнителни напукнувања и биле оштетени повеќе делови од страна на уништувачи на сувенири. Последен пат тоа се случило во 1915 година по што градот одбил понатамошни барања.
По Втората светска војна, градот и дозволил на Националната парк-служба да го преземе надзорот на ѕвоното, задржувајќи сопственост. Ѕвоното се користело како симбол на слобода за време на Студената Војна и било популарно место за протестите во 1960-тите. Тоа било преместено од својот долгогодишен дом во „Салата за Независност‟ во близина во стаклениот павилјон на трговскиот центар „Независност” во 1976 година, а потоа и во павилјонот на поголемиот центар „Ѕвоно на Слободата‟ во непосредна близина, во 2003 година. На ѕвоното е пишувано со монети и поштенски марки и неговото име и слика е видно користена од страна на здруженијата.
Историја Пронаоѓање (1751–1753) Градското ѕвоно на Филаделфија се користело за да ја предупреди јавноста за прокламации или граѓанска опасност, од основањето на градот во 1682 година. Оригиналното ѕвоно обесено на дрво позади Државната куќа на Пенсилванија (денес позната како Сала на независноста) се смета дека било донесено во градот од неговиот основач Вилијам Пен. Во 1751 година со изградбата на камбанаријата во Државната куќа на Пенсилванија, граѓанските власти побарале ѕвоно со подобар квалитет кое што ќе може да се чуе на поголема далечина во брзо проширениот град. Исак Норис, претседателот на Провинциското собрание на Пенсилванија дал наредби на застапникот на колонијата во Лондон – Роберт Чарлс да набави „добро ѕвоно тешко околу 2000 паунди”.
„Се надеваме и потпираме на нивната грижа и помош во оваа работа и дека ќе биде проследена од страна на првите добра како што нашите работници не известија и дека ќе нема поголеми незгоди за да се обеси ѕвоното пред нивните скелети да бидат удрени од зградата каде што имаат намера да го постават, кое што нема да биде завршено сè до крајот на следното лето или почетокот на есента. Ѕвоното нека биде поставено од страна на најдобрите работници и внимателно испитано, зборовите добро обликувани на него.
По наредба на Собранието на провинцијата во Пенсилванија за државната куќа во градот Филада во 1752 година
под Прокламацијата за Слобода низ целата земја и сите жители во неа.‟ -Левит XXV.Paige, pp. 2–3}}Наводот за Левит во директивата на Норис ја одразува современата практика на доделување уникатни квалитети на ѕвона кои го одразуваат нивниот посебен состав и леење.
Натпис Натписот на ѕвоното гласи: Proclaim LIBERTY Throughout all the Land unto all the Inhabitants Thereof Lev. XXV. v X. By Order of the ASSEMBLY of the Province of PENSYLVANIA for the State House in PhiladA Pass and Stow Philada MDCCLIII
или на македонски јазик:
Прогласете СЛОБОДА низ целата земја и сите жители во неа Лев. XXV. v X. По наредба на СОБРАНИЕТО на провинцијата ПЕНСИЛВАНИЈА за Државниот дом во ФиладA Пас и Стоу Филада MDCCLIII
Чарлс прописно го порачал ѕвоното од Томас Лестер од лондонската фирма за производство на ѕвона „Лестер и Пак” (денес „Whitechapel Bell Foundry”The Franklin Institute, p. 19) по цена од 150 фунти, 13 пени и 8 дајмиOne hundred fifty pounds, thirteen shillings and eightpence. (еднакво на 28,409 фунти во 2023) вклучувајќи го пренесувањето и осигурувањето до Филаделфија. Ѕвоното пристигнало во август 1752 година. Норис му напишал на Чарлс дека ѕвоното е во добра состојба, но дека тие сè уште го немале чуено затоа што истовремено правеле часовник за кулата на Државната куќа. Ѕвоното било ставено на држач за да го тестираат звукот и со првото негово заѕвонување, еден од рабовите бил разбиен. Епизодата ќе се користи за добра сметка во понатамошните приказни за ѕвоното. Во 1893 година поранешниот претседател Бенџамин Харисон, говорејќи како ѕвоното поминало низ Индијанаполис, изјавил: „ова старо ѕвоно беше направено во Англија, но мора одново да биде променето во Америка пред да се наштима за проглсување на правото на самоуправа и еднаквите права на мажите.” Властите во Филаделфија се обиделе да го вратат со брод, но мајсторот на бродот не бил во можност да го земе на бродот.
Два локални основачи Џон Пас и Џон Сту се понудиле да го променат ѕвоното. Иако тие не биле искусни во леење на ѕвона, Пас се насочил кон леарницата во Маунт Холи во соседството во Њу Џерси и тие дошле од Малта, која имала традиција за леење на ѕвоно. Сту, од друга страна бил само 4 години отсутен од неговото учење занает како месингов основач. Во леарницата на Стоу на Втората Улица, ѕвоното било искршено на мали парчиња, стопени и излеани во ново ѕвоно. Двајцата основачи одлучиле дека металот бил многу кршлив и го надоплниле металот на ѕвоното со околу 10 проценти бакар. Ѕвоното било готово на 1 март 1753 година и Норис објавил дека насловот (каде се вклучени и буквите на основачите и годината) биле дури и почиткав на новото ѕвоно отоколку на старото.Nash, p. 7–10
Градските власти закажале јавна прослава со бесплатна храна и пијалак за теситрање на одново направеното ѕвоно. Кога ѕвоното било удрено, не се распарчило туку звукот бил опишан од еден слушател како две канти за јаглен да биле треснати заедно. Исмејувани од страна на толпата, Пас и Стоу набрзина го вратиле ѕвоното назад за повторна преработка.Hanson, p. 7 Кога производот на обновените напори на двајцата основачи бил повторно донесен во јуни 1753 година, звукот бил задоволувачки иако Норис лично укажал на тоа дека нему не му се допаѓа. Ѕвоното било закачено на кулата на Државната куќа истиот месец.Hanson, p. 5
Причината за тешкотиите со ѕвоното не е позната. Леарницата Вајтшапел и денес сè уште во бизнисот зазема став дека ѕвоното или било оштетено при преносот или скршено од неискусниот ѕвонар кој необомислено го залетал чукалото врз работ наместо на телото на ѕвоното. Во 1975 година, музејот Винтертур спровел анализа на металот на ѕвоното и се дошло до заклучок дека „серија грешки биле направени во изградбата, реконструкцијата и втората реконструкција на ѕвоното резултирала во кршливо ѕвоно кое што едвај одбегна да биде во растурените отпадоци.‟ Музејот открил значително повисоко ниво на калај во ѕвоното за слобода од другите ѕвона на леарницата Вајтшапел во тој период и претпоставувал дека Вајтшапел направил грешка во легурата најверојато користејќи делови со високо ниво на калај отколку вообичаениот чист бакар.Анализата покажала дека на второто обновување наместо да се додаде чист калај во металот на ѕвоното, Пас и Стоу додале поевтина легура од калај и нецелосно ја измешале со нов метал во калапот.Hanson, p. 4 Резултатот бил „екстремно кршлива легура која не само што предизвика ѕвоното да не проѕвони туку и го олесни почетокот на колекторите за сувенири да одземе значителни делови од рамката‟.Hanson, p. 3
Американска револуција
Незадоволен од ѕвоното, Норис му наложил на Чарлс да нарача второ и да види дали Лестер и Пак ќе го земат назад првото и да ја одобрат вредноста на металот преку сметката. Во 1754 година, Собранието решило да ги зачува двете ѕвона – новото било прикачено на кулата часовникNash, pp. 11–12, додека пак старото по пат на гласање на Собранието било посветено „за такви употреби кои куќата може понатаму да ги назначи ”. Еден од најстарите документирани објаснувања за употребата на ѕвоното се во писмото на Бенџамин Френклин до Кетрин Реј, адресирано во октомври, 1755 година: „Збогум. Ѕвоното заѕвони и јас морам да одам до оние задргобните и да зборувам за политика‟.Paige, p. 13
Ѕвоното заѕвонело во 1760 година за да го одбележи пристапувањето на престолот на Џорџ III. Во раните 1760-ти, Собранието и дозволило на локалната црква да ја користи Државната куќа за услуги и ѕвоното за да ги повикува верниците, додека зградата на црквата била во изградба.. Ѕвоното исто така било користено да ги повикува луѓето на јавни средби и во 1772 година група на граѓани се пожалиле на Собранието дека ѕвоното премногу често ѕвонело.Kimball, pp. 31–32
И покрај легендите кои произлегле за ѕвоното на слободата, тоа не заѕвонело на 4 јули 1776 година (барем не за каква било причина поврзана со слободата), бидејќи немало јавна најава за Декларацијата на Независноста. Кога Декларацијата за Независност била јавно прочитана на 8 јули 1776 година ѕвонеле ѕвона и додека нема посебен доказ дека ова типично ѕвоно ѕвонелоKimball, pp. 32–33Nash, pp. 17–18Fischer, p. 754, повеќе органи на власта се сложуваат дека Ѕвоното на слободата било помеѓу оние ѕвона кои ѕвонеле. Сепак, постојат шанси дека слабите услови на ѕвоното на Државната куќа го спречиле ѕвоното да ѕвони. Според Џон Пејџ кој напишал историски труд за ѕвоното на Националната парк-служба: „Ние не знаеме дали кулата била доволно цврста за да овозможи ѕвоното на Државната куќа да ѕвони на овој ден. Доколу тоа би можело да ѕвони, можеме да претпоставиме дека ѕвонело. Дали ѕвонело или не, тоа ги симболизира сите ѕвона кои ѕвонеа кога Соединетите Држави ја прогласија независноста“.Paige, p. 18
Доколку ѕвоното ѕвонело, најверојатно било проѕвонето од Андру Мекнер кој бил чувар на Собранието и Конгресот и бил одговорен за ѕвонење на ѕвоното. Доколку Мекнер бил отсутен на два неопределени денови помеѓу април и ноември, најверојатно било ѕвонето од Вилијам Хари кој го одредил него како чувар за Конгресот.Paige, pp. 17–18 Ѕвона ѕвонеле и да ја означат првата годишнина од независноста на 4 јули 1777 година.