Тонa (наречена и тон; симб. т, t) е единица за маса од метричкиот систем еднаква на 1000 килограми или 1 мегаграм (1 Мг). Единицата не е дел од системот SI, но е прифатена за употреба со нетовите единици.Меѓународен систем на мерни единици (SI) (PDF), VIII изд, 2006, Став 4.1 Табела 6. МБТМ. пров. 10 јули 2011 Во САД има назив „метричка тона“ за да се избегне забуна со „кратката“ тона.

Во други единици Една тона е еднаков на:

еден мегаграм (по дефиниција); мегаграмот, (Мг, Mg) е службен поим на SI, но ретко наоѓа употреба; друг недостаток е тоа што симболот Мг е мошне сличен на симболот за милиграм, „мг“ (mg) фунти (точно, согласно дефиницијата на фунтата), прибл. 2.205 фунти (lb) 98,42% од долгата тона еден долг тон (2.240 lb) е 101,605% од тоната 110,23% од кратката тона еден кратка тона (2.000 lb) е 90,72% of од тоната

Изведени единици Во општа употреба, големите маси се изразуваат во милиони тони. Единиците килотон, мегатон и гигатон во практика се однесуваат на енергијата што ја ослободуваат големи експлозии како атомското оружје и високоенергетски природни појави. Како такви, тие се само приближни заокружувања.

Тони Грамови Кратно Назив Симбол Кратно Назив Симбол100 тонатt106 мегаграмМгMg103 килотонктkt109 гигаграмГгGg106 мегатонМтMt1012 тераграмТгTg109 гигатонГтGt1015 петаграмПгPg1012 тератонТтTt1018 ексаграмЕгEg1015 петатонПтPt1021 зетаграмЗгZg1018 ексатонЕтEt1024 јотаграмЈгYg

Изразување на енергија преку масата Изразот „тони тринитротолуол (ТНТ)“ се користи како посреден начин на изразување на големи количества на ослободена енергија. Во употреба се претставките: „кило-“, „мега-“ и „гига-“, особено кога станува збор за енергијата што ја оддава атомското оружје, врз основа на согорливата енергија на ТНТ 4.2 МЏ/кг (или една термомеханичка калорија на милиграм). Оттука, 1 килотон ТНТ = 4,2 ТЏ, 1 Мт ТНТ = 4,2 ПЏ.

Единицата за енергија во системот SI e џулот (Џ, Ј). Ако една експлозија на ТНТ оддава 1.000 мали (термохемиски) калории на грам (4,2 kJ/гр.), еден тон ТНТ би оддал 4,2 гигаџули.

Поврзано Тонажа - носивост на бродовите Тон (боја) Тон (лингвистика) Тон (звук)

Бруто-регистарски тон Величински редови (маса)

Наводи

Категорија:Единици за маса Категорија:Единици вон SI