мини|десно|120п|Знак за мерката фунта, со потекло од кратенката lb (℔) мини|десно|120п|Симболот на британската фунта, исто така изведен од кратенката „lb“ Фунта (од лат. pondus = „тежина, товар, тег“; крат. lb или ℔, од libra = „вага“) — мерна единица за маса што денес се користи во империјалниот (британски) и американскиот систем, а во минатото во голем дел од Европа. Денес е најзастапена фунтата „авоардипоа“, законски еднаква на Во Македонија оваа мерка има многувековна историја и е позната како „литра“.

Единицата води потекло од римската „либра“ (libra = „терезија“), од каде доаѓа и кратенката „lb“. Зборот послужил како основа за поимите како „ливра“ и „литра“, кои се пандани на единицата во други јазици и периоди. Зборот „фунта“ пак, доаѓа од поимот „понд“ во германските јазици (англ. pound, герм., сканд. pund), изведен од латинскиот израз libra pondo („либра тежина“).Oxford English Dictionary, s.v. 'pound'

Во денешно време овој поим за маса е уточнет како „фунта-маса“, за да се разликува од мерката „фунта-сила“ во физиката.

Тековна употреба Во САД и земјите од Комонвелтот важи меѓународната фунта, утврдена во 1959 г. како точно .National Bureau of Standards, Appendix 8 ; National Physical Laboratory, PH Bigg et al. : Re-determination of the values of the imperial standard pound and of its parliamentary copies in terms of the international kilogramme during the years 1960 and 1961; Sizes.com: pound avoirdupois.

Фунтата „авоардипоа“ е еднаква на 16 унци од истиот систем, или точно 7.000 грана (со тоа, меѓународфниот гран е еднаков на ).

Употреба во минатото мини|десно|Нагледен експонат на тауерската фунта Во минатото фунтата (или либра) се употребувала во многу земји, во разни периоди и за најразлични намени.

Римска либра

Римската либра била еднаква на 328,9 грама и се делела на 12 унции (uncia). Кратенката за фунта „lb“ доаѓа од римската либра.

Византиска литра Во Византија се користела истоветната мерка „литра“, од која начеста била „сметковната литра“ или „трговска (морепловна) литра“ воведена од царот Константин Велики во 309/310 г. Претставувала основа за византискиот паричен систем и затоа се нарекувала и „златна литра“. Една литра злато била еднаква на 72 солиди. Сто литри се нарекувале „кентарион“ (стотник). Постоеле и други литри за мерење на разни суровини.

Македонска литра Македонската литра е воведена за време на византиското владеење, но со време меѓу народот добила на свои значења и примени. Се користела за изразување на тежината на златото, среброто и маслото, а некаде и за восок и сирење. Дечанската грамота од 1330 г. вели дека со лита се мерел и лебот што им се давал на калуѓерите.

Од XV век натаму, македонската литра се поведувала по оката (~ 1,5 л), при што една ока имала 4 литри, што значи дека во ова време македонската литра изнесувала околу 370 гр. Литрата пак, се делела на 100 драма.Стопанска, трудова дејност: Мерки - Александар Мешков на порталот „Крале Марко“

Британија мини|исправено|180п|Разни стари фунти во германски учебник од 1848 г. Во минатото, во Британија се користеле повеќе различни фунти. Покрај фунтата „авоардипоа“, во минатото се користеле варијантите како „тауерска“, „трговска“, „лондонска“, „тројска“ и други фунти.Grains and drams, ounces and pounds, stones and tons. Personal notes. Сите тие денес се вон употреба, освен тројската фунта (и унца), за изразување на тежината на скапоцени метали.

Паричната единица фунта стерлинг („чиста фунта“) води потекло од тауерската фунта (од лондонскиот замок „Тауер“) за изразување на количина на сребро. Во 1528 г. стандардот е сменет со тројска фунта.

Авоардипоа и тројска Фунтата авоардипоа (фр. avoirdupois) или „волнена фунта“ нашла општа примена околу 1300 г. Најпрвин била еднаква на 6992 тројски грана и се делела на 16 унци. Во времето на кралицата Елизабета I, фунтата била определена како 7.000 тројски грана, и со тоа гранот (grain) станал составен дел од тројскиот систем. Во 1758 г. сè уште постоеле две мерки за фунта „авоардипоа“, едната од 7.002, а другата од 6.999 грана.

Во 1963, фунтата е утврдена со указ како еквивалент на за да одговара на стандардот за меѓународната фунта донесен во 1959 г. Согласно оваа определба, тројската фунта има 12 тојски унци и 5760 грана, односно точно грама.

Тројските мерки (Troy weight) веројатно водат потекло од францускиот пазарен град Троа (Troyes), кајшто британските морепловци тргувале уште од IX век век.

Шкотска фунта Фунтата во Шкотска се нарекувала „тронска фунта“ (trone pound) и била истомерна на некаде помеѓу 21 и 28 унци „авоардипоа“ (~ 600-800 гр).

Џерсиска фунта Џерсиската фунта се користела на островот Џерси од XIV до XIX век. Изнесувала околу 7.561 грана (490 гр).

Француска ливра Во средниот век, во Франција се користеле различни фунти наречени „ливри“ (livre).

„Чиста ливра“ (livre esterlin) - еднаква на 367,1 гр, се користела од крајот на IX до средината на XIV век. „париска ливра“ (livre poids de marc, livre de Paris) - изнесувала 489,5 гр. и се употребувала од средината на XIV до крајот на XVIII век. Воведена во времето на Јован II Добриот. „метричка ливра“ (livre métrique) - еднаква на килограмот, во употреба од 1800 до 1812 г. „обичајна ливра“ (livre usuelle) - определена со указ во 1812 г. како истоветна на 500 гр. Престанала да се користи како тежинска единица во 1840 г.

Германски и австриски фунти Во средниот век постоеле разни облици на фунтата (pfund) во разни германски области и држави. Во 1761 г. австриската царица Марија Терезија извршила реформа на мерките. Оваа фунта била мошне тешка, па затоа подоцна претрпела измени, и станала 560,012 гр. Истиот стандард бил усвоен во Баварија (1809/1811). Во Прусија изнесувала 467,711 гр., воведена со реформата во 1816 г.

Областите западно од реката Рајна користеле фунта од 500 гр, која ја задржале од периодот на француско владеење (1803-1815).

Руска фунта Оваа фунта (фунт) била еднаква на 409,51718 гр. Во 1899 г. станала основна мерка за тежина, според која биле осмислени останатите единици.

Скандинавска фунта Скандинавската фунта (skålpund): различна во различни краишта. Од XVII век до крајот на XIX и почетокот на XX век, со воведувањето на метричкиот систем во земјите од регионот. Ги имала следниве тежински вредности:

Данска: 471 гр. Норвешка: 498,1 гр. Шведска: 425,076 гр.

Во повеќе западноевропски земји, во подоцнежниот дел на XIX век фунтата е дозначена како 500 гр.

Поврзано Фунта-сила Фунта на квадратен инч Фунта (валута) Килопонд Гран

Наводи

Надворешни врски Претворање на мерни единици - Yahoo

Категорија:Американски мерни единици Категорија:Империјални единици Категорија:Единици за маса Категорија:Застарени мерни единици