MD.45 е музичка група во која членуваат Дејв Мастејн и Џими Деграсо од Мегадет, како и Ли Винг и Кели Лемју. Името е добиено од обратните иницијали на Дејв Мастејн (MD) и обратните иницијали на Ли Винг (римскиот број VL на арабица се 45).Megadeth: Scorpion , 5.12.2008.
Првиот и единствен нивни студиски албум The Craving го издале во 1996 година. Една декада подоцна, од Капитол Рекордс се решиле да го реиздадат целокупниот музички каталог на Мегадет. Во таа прилика, Мастејн го ремастеризирал и овој албум, но овој пат самиот тој се појавува како пејач. Оваа промена се должи на фактот дека обожавателите на Мегадет не ја прифатиле баш најдобро вокалната изведба на Винг. Првичното објаснување било дека од продукцијата ги немале оригиналните снимки на првото издание. Освен гласот, заменети биле и делниците на хармоника со нивно симулирање на гитара од страна на Мастејн.Megadeth: Scorpion , 3.3.2008.
Членови Ли Винг - гитара, вокал (на првото издание) Дејв Мастејн - гитара, вокал (на реизданието) Кели Лемју - бас гитара Џими Деграсо - тапани
Дискографија Датум на издавањеНасловИздавачка куќаПласман на табелитеПродажба во САД 23 јули, 1996The Craving Слаб Рекордс/53,00024 јули, 2004The Craving (реиздание) Капитол Рекордс/
Наводи
Категорија:Megadeth Категорија:Американски хеви метал музички групи Категорија:Американски панк рок музички групи