Александар Банор Тетеј (Alexander Tettey, р. 4 април 1986) — норвешки фудбалер кој игра во средниот ред за англискиот премиерлигашки клуб Норич Сити.

Тетеј е роден во Гана, но се преселил во Норвешка кога бил млад. Тој претходно играл за Розенборг и Рен. Тетеј е репрезентативец на сениорската репрезентација на Норвешка од 2007 година, а претходно поминал низ три помлади категории на селекции: до 18, до 19 и до 21-на година.

Рани години Роден во Акра, Гана, Тетеј се преселил во Буде, Норвешка во 1999 година. Тој подоцна се преселил во Трондхејм, и започнал да игра фудбал за Колштад. По пристапувањето во младинскиот погон на Розенборг, Тетеј го направил своето деби за првиот тим во пријателски натпревар против Сундсвал во јануари 2003 година. Во септември 2003 година пак, тој станал активен член во првиот тим, со што влегол во историјата на клубот како еден од најмладите играчи кој дебитирале за првиот тим на Розенборг.http://www.rbkweb.no/spiller/tettey Александар Тети еден од најмладите играчи на Розенборг во историјата

Клупска кариера Розенборг Тетеј ја започнал својата кариера во Розенборг како централен играч од средниот ред, но под водство на тренерот Кнут Терум во 2007 година тој бил поставен нешто поназад како дефанзивен играч од средниот ред. Во сезоната 2008 тој бил назначен за заменик-капитен на Розенборг и кога легендата на клубот Роар Странд бил надвор од тимот Тетеј ја имал честа да биде капитен .

Рен За време на неговиот престој во Розенборг, Тетеј бил следен од францускиот клуб Рен, кој се обидувал да создаде тим од играчи кој имаат потенцијал за освојување на титулата.com / index.php? rb = 22 & id = AT5170 Рен заинтересиран за Александар Тети На 31 јули 2009 година, тој потпишал четиригодишен договор со францускиот клуб./ de/news/30170/tettey-nach-rennes.html Тети во Рен Тетеј добил можност да го направи своето деби за клубот набргу потоа, но се повредил за време на својот прв натпревар за клубот. За време на неговиот престој во Рен тој постојано се соочуваал со повреди, но сепак успеал да собере 23 настапи за клубот. На 9 јануари 2011 година, Тетеј го постигна својот прв гол во дресот на Рен во натпревар од Францускиот куп. Тој ги постигнал првиот и петтиот гол за Рен, во нивната победа од 7-0 над Кан.http://www.terre-de-foot.com / Рен-Кан 7-0

Норич Сити На 24 август 2012 година, Тетеј му се приклучил на Норич Сити во Премиер лигата, потпишувајќи две-годишен договор за необјавена сума. Тој го направил своето деби за клубот во натпревар од Лига купот против Донкастер Роверс на 26 септември 2012 година, постигнувајќи го единствениот погодок во натпреварот. Тетеј го направил своето деби во Премиер лигата во поразот со 5-2 од Ливерпул, влегувајќи како замена на местото на Стив Морисон. Следната недела тој бил стартер против Челзи на Стемфорд Бриџ, но неговиот тим запишал уште еден убедлив пораз, 4-1. Неговиот трет настап бил од одлучувачко значење за победата на канаринците над Арсенал со 1-0 на Кароу Роуд. Ударот од дваесеттина метри на Тетеј бил едвај одбранет од страна на голманот на Арсенал Вито Маноне, по што на одбиената топка натрчал Грант Холт и го постигнал единствениот гол во натпреварот. На 18 февруари 2013, Тетеј се повредил на тренинг поради што пропуштил ги пропуштил натпреварите на Норич со Евертон дома и гостувањето на Олд Трафорд кај Манчестер Јунајтед.

Репрезентативна кариера Како натурализиран норвежанец, Тетеј играл во младите репрезентации на Норвешка за под-18, под-19 и под 21-на година. Тој го направил своето прво појавување во сениорската репрезентација на Норвешка во победата со 2-1 над Аргентина на 22 август 2007 година.

Титули Розенборг Елитсериен : 1 2009

Наводи

Надворешни врски Александар Тетеј на soccerway

Категорија:Норвешки фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Розенборг Категорија:Фудбалери на ФК Рен Категорија:Фудбалери на ФК Норич Сити Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1986 година