Ричард Џулијан „Ричи“ Порт (; р. ) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Негови успеси се победите на осум етапни трки во Светската турнеја: Париз-Ница во 2013 и во 2015, Волта а Каталуња во 2015, Тур де Романди во 2017, Тур Даун Андер во 2017 и во 2020, Тур де Свис во 2018 и Критериум ди Дофине во 2021. На големите трки, го освоил пласманот на млад возач на Џиро д’Италија 2010, негова прва година на ПроТур ниво, и завршил на подиумот на Тур де Франс 2020, но често бил погоден од болести и повреди.

Личен живот

Порт е роден во Лонсестон, Тасманија, во 1985 година. Учел на колеџот „Св. Патрик“ во Лонсестон. Спортска награда на нивниот кампус бил именуван во негова чест и се доделува секоја година на најдобриот спортист во деветтата година. Кога вози, не е необично да се види Порт да носи ѓердан на Тасманија.

Кариера Рани години

Порт започнал со велосипедизам во 2006 година на 21 година. Претходно настапувал на триатлон, со активни трки од 2003 година. Претходно се натпреварувал во пливање. Порт возел за екипата Тим УниСА-Австралија на Тур Даун Андер 2008 и завршил деветти во генералниот пласман. Возел со тасманската континентална екипа, , во 2008 и 2009 година, освојувајќи го петтото место на Хералд Сан Тур 2008 и победувајќи на Трките околу Перт и Тасманија. Порт се издигнал во аматерската италијанска трка во 2009 година, завршувајќи десетти на Тур де Лангкави 2009. Неговиот резултат на Џиробио 2009, каде го освоил поединечниот хронометар, му го донело вниманието на професионалните екипи.

2010

мини|upright|лево|Порт во белата маичка на Џиро д’Италија 2010

На крајот на сезоната 2009 потпишал двегодишен договор со . Неговиот тренер во Тим Саксо Банк бил сонародникот Бредли Мекги. Мекги е поранешен професионален велосипедист и светски велодромски првак, кој го освоил олимпискиот златен медал во 2004 година и 3 етапи на големите трки.Порт ја обезбеди белата маичка и веројатно ќе заврши меѓу првите осум

Во април, Порт го освоил хронометарот на четвртата етапа на Тур де Романди, завршувајќи десетти на крајот. Првпат настапил на некоја голема трка на Џиро д’Италија 2010 каде завршил седми во генералниот пласман и го освоил пласманот за млад возач, со разлика од 7 минути и 29 секунди пред Роберт Кишерловски, обезбедувајќи го своето место како возач на иднината. Исто така бил предводник на трката на етапите 11-13 и ја носел розовата маичка. Во јули, Порт завршил десетти на Класика де Сан Себастијан и имал низа други силни резултати; втор на хронометарот на петтата етапа на Пост Данмарк Рунт, четврти на Енеко Тур и четврти на Трката околу Британија. За малку го пропуштил бронзениот медал на хронометарот на Светското друмско првенство UCI 2010, одржано во Австралија; завршил на четвртото место, шест и пол секунди зад третопласираниот, Германецот Тони Мартин.

2011

Иако сезоната 2011 му донела помал поединечен успех на Порт, иако бил главен помошник на Алберто Контадор во победата на Џиро д’Италија, Порт продолжил со неговите силни хронометарски резултати; завршувајќи трет на Париз-Ница и осми на Трката околу Баскија. Потоа, Порт ја освоил четвртата етапа на Вуелта а Кастиља и Леон по дисквалификацијата на Контадор. Потоа, Порт се нашол трет на хронометарот на Џиро д’Италија и четврти на хронометарот на Тур де Франс. Потоа, Порт го освоил хронометарот на петтата етапа на Пост Данмарк Рунт, со разлика од десет секунди пред колегата, Густав Ларсон. Потоа, Порт ја завршил неговата сезона на шестото место на Светското хронометарско првенство.

2012

мини|десно|Порт на Тур де Франс 2012

Порт се приклучил во за сезоната 2012. Во јануари 2012, Порт настапил на националните првенства, каде завршил како трети на друмската трка, и петти на поединечниот хронометар неколку дена подоцна. Во февруари 2012, Порт го презел водството на Волта ао Алгарве по освојувањето на кралската етапа на трката. Го одржал водството до крајот на трката, на крајот завршувајќи 37 секунди пред бранителот на трката, Тони Мартин. Потоа, Порт работел за Бредли Вигинс на Париз-Ница, помагајќи му да ја освои трката. Порт бил клучниот член на екипата Скај, која му помогнала на Вигинс за победата на Тур де Романди, Критериум ду Дофине и Тур де Франс. Потоа, Порт возел на Вуелта а Еспања како поддршка на Крис Фрум и го зазел второто место на етапата 20.

2013

мини|лево|Порт во водечката жолта маичка на седмата етапа на Париз-Ница 2013

Во отсуство на Вигинс и Фрум, Порт бил избран за водач на на Париз-Ница 2013. Ја освоил петтата етапа на трката, кралската етапа на трката, со напад на Монтањ де Лур и го преземал водството на трката од возачот на Ендру Талански. Исто така, Порт го освоил завршниот хронометар на Кол д’Ез со предност од 23 секунди пред Талански и ја запечатил крајната победа со разлика од 55 секунди. Времето на Порт било само за четири секунди помало од рекордот на патеката, поставено од Вигинс претходната година.

Добрата форма на Порт продолжила на Критериум Интернасионал 2013, каде го освоил хронометарот на втората етапа. Второто место на последната планинска етапа не било доволно да го спречи етапниот победник и негов колега Крис Фрум во освојување на генералниот пласман, но му го обезбедил на Порт бодовниот пласман и второто место во генералниот пласман.

Порт бил повторно предводник на на Трката околу Баскија 2013. Порт забрзал и се одвоил во последниот километар на етапата 5 од мала група на возачи, вклучувајќи го водачот на трката и негов колега Серхио Енао, и ја освоил етапата. На шестата и последна етапа, поединечен хронометар, Порт не можел да се избори со Наиро Кинтана на нерамниот терен, но успеал да дојде до второто место во генералниот пласман, пред Енао. Порт се вратил како помошник за Крис Фрум на Тур де Романди. Му помогнал на Фрум да победи на трката и завршил осми во генералниот пласман. Порт и Фрум потоа настапиле на Критериум ду Дофине на почетокот на јуни. Порт бил петти во генералниот пласман по хронометарот на етапата 4, а на следната етапа му помогнал на Фрум да го преземе водството на трката преку поставување силно темпо со цел да отпадне Роан Денис, пред Фрум да нападне за победа на етапата. Порт се искачил на второто место во генералниот пласман, 52 секунди зад неговиот предводник. Фрум му дозволил на Порт да нападне на седмата етапа, иако тој успеал само една секунда да земе во однос на другите возачи. На завршната осма етапа, Фрум и Порт јасно се одвоиле од останатите на последното искачување и само Ендру Талански можел да ги следи, со што ја обезбедиле 1-2 победата во генералниот пласман.

мини|Порт на Тур де Франс 2013

Порт настапил на Тур де Франс како суперпомошник за Фрум. На осмата етапа — првата планинска етапа — Питер Кенох и потоа Порт успеале да ги откачат повеќето кандидати за генерален пласман и го достигнале раниот напад на Наиро Кинтана на последното искачување пред Фрум да нападна и да ја освои етапата и водството во трката. Порт успеал да заврши втор на етапата, 51 секунда зад Фрум, искачувајќи се на второто место во генералниот пласман. Меѓутоа, на наредната етапа Порт достигнал бројни рани напади на возачи од , и , оставајќи го Фрум целосно сам во поголемиот дел од етапата. Порт изгубил над десет минути и излегол од генералниот пласман, иако Фрум успеал да не изгуби многу време стигнувајќи ги Алехандро Валверде и Кинтана. На петнаесеттата етапа, Порт повторно му помогнал на Фрум, кој победил на Мон Венту. На осумнаесеттата етапа — која завршувала на Алп д’Ез — помошта на Порт се покажала клучна за Фрум, откако Фрум западнал во проблеми при крајот на етапата; Порт се вратил до автомобилот на екипата и покрај забраната да му донесе енергетски гелови на неговиот предводник, а потоа му давал темпо за да ја намалат разликата во однос на Кинтана и Хоаким Родригес. И двајцата, Порт и Фрум, добиле 20 секунди казна, како и 200 швајцарски франци за нарушување на правилата. Фрум на крајот победил со разлика од четири минути и 20 секунди пред Кинтана, додека Порт завршил на 19. место во генералниот пласман.

2014

мини|десно|Порт на Тур де Франс 2014

Откако завршил трет зад Сајмон Геранс и Кедел Еванс на националното друмско првенство, Порт ја започнал неговата сезона 2014 на домашната трка, Тур Даун Андер. Ја освоил претпоследната петта етапа, и завршил четврти во генералниот пласман на последната етапа. Потоа, Порт завршил втор на трката Вуелта а Андалусија. Сезоната на Порт тргнала во надолна линија завршувајќи на 22. место на Критериум ди Дофине. Потоа, Порт не учествувал на Тирено-Адријатико и не успеал да заврши на: Тур де Романди, Лиеж-Бастон-Лиеж, Волта а Каталуња, а потоа го преземал водството на поради отсуството на Крис Фрум и завршил на 23. место на Тур де Франс. Потоа, Порт не успеал да заврши на Ватенфал Класик како и на ГП Западна Франција што довело да ја заврши сезоната порано откако му бил пронајдено пневмонија.

Пред Тур де Франс 2014, Порт открил го подобрил времето на колегата Крис Фрум на познатото искачување Кол де ла Мадон близу Монте Карло. Порт го завршил искачувањето за 29 минути и 40 секунди, подобрувајќи го времето на Фрум за 29 секунди.

2015

мини|Порт во неговиот дрес како австралиски првак

Порт ја започнал сезоната 2015 со успех, освојувајќи победа на националното хронометарско првенство. Како и претходната сезона, Порт остварил победа на кралската етапа на Тур Даун Андер што му го донело второто место во генералниот пласман. Потоа, Порт се вратил во Европа на Волта ао Алгарве, каде повторно ја освоил кралската етапа и оваа етапна победа му го донела четвртото место во генералниот пласман зад колегата Герајнт Томас, како и освојувањето на планинскиот пласман. Следна победа на Порт била на Париз-Ница каде тој и колегата Томас однеле победа еден-два на врвот Кроа де Шобуре. И покрај тоа што ги изгубил шансите за освојување на водството во трката по падот на претпоследната етапа на трката, победата на завршниот хронометар (повторно на Кол д’Ез), со разлика од 13 секунди од најблискиот соперник, му донела втора победа на трката во изминатите три сезони. Следна победа на Порт стигнала кон крајот на март кога ја обезбедил победата на Волта а Каталуња. И покрај не освојувањето на етапата, Порт ја освоил трката со разлика од четири секунди од Алехандро Валверде, по освојувањето на два пласмани во првите пет на одлучувачките етапи. Кон крајот на април, Порт ја забележал третата победа во сезоната, освојувајќи ја четиридневната етапна трката Џиро дел Трентино, како подготовка за Џиро д’Италија. Порт ја освоил одлучувачката етапна победа на кралската етапа до Брентонико со разлика од 24 секунди пред најблискиот соперник, Микел Ланда. Порт го задржал водството до завршницата во Клес. Така, станал првиот возач кој победил на Париз-Ница, Волта а Каталуња и Џиро дел Трентино во една сезона.

На Џиро д’Италија, Порт покренал внимание откако имал караван во кој спиел како предводник на екипата додека другите колеги спиеле во хотели. Се држел добро во првата недела на трката и се наоѓал на третото место по деветтата етапа. Меѓутоа, на десеттата етапа му се дупнала гума на пет километри од целта и прифатил тркала од Сајмон Кларк од друга екипа, (). Порт првично изгубил 47 секунди од главната група, но потоа бил казнет со две минути и 200 швајцарски франци за прифаќањето на тркалото од Кларк бидејќи оваа постака е нелегално по правилата на UCI, поради што паднал на 12. место во генералниот пласман. На тринаесеттата етапа, Порт бил вклучен во пад на 3,3 километри од завршницата на етапата и загубил дополнителни две минути.http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/32851585 Порт имал лош поединечен хронометар на четиринаесеттата етапа и уште полоша петнаесетта етапа, каде загубил 27 минути од тогашниот предводник Алберто Контадор. По дебаклот го предал водството на екипата на Леополд Кениг. По гореспоменатата етапа објавил дека ја напушта трката поради повреда на ногата.