Финалето на УЕФА Лигата на шампионите 1999 година било 44-то по ред финале на Лигата на шампионите и стариот Европски куп кое е одиграно на 26 мај 1999. на стадионот Камп ноу во Барселона. Учесници во финалето биле англискиот Манчестер Јунајтед и германскиот Баерн Минхен. Натпреварот остнал во сеќавање како еден од најпознатите натпревари во светскиот фудбал, најмногу поради двата гола на Манчестер Јунајтед кој дошле во судиското продолжение од мечот во кое тие направиле пресврт и од 0-1 стигнале до победа од 2-1 иако речиси цел натпревар биле во негатива.

Победата на Јунајтед само ја дополнила нивната фантастична сезона 1998-99, во која веќе претходно ги имале освоено насловите во Премиер лигата и ФА Купот. Баерн исто така имал одлична сезона, затоа што ја освоил Бундеслигата и стигнал до финалето на германскиот куп.

Манчестер Јунајтед во натпреварот настапувал во својте традиционални црвени дресови, додека Бајерн играл во гостинскиот дрес со сива боја. Судија на натпреварот бил италијанецот, Пјерлуиџи Колина кој изјавил дека ова бил еден од најневеројатните натпревари на кој тој судел во неговата кариера.

Детали од натпреварот

GK 1 Петер Шмајхел (к)RB 2 Гери НевилCB 5 Рони ЈонсенCB 6 Јап СтамLB 3 Денис ИрвинRM 11 Рајан ГигсCM 7 Дејвид БекамCM 8 Ники БатLM 15 Џеспер Бломквист CF 19 Двајт ЈоркCF 9 Енди Кол Substitutes:GK 17 Рајмонд ван дер ГоуDF 4 Дејвид МејDF 12 Фил НевилDF 30 Вес БраунMF 34 Џонатан ГринингFW 10 Теди Шерингам FW 20 Оле Гунар Солшер Менаџер: Алекс Фергусон GK 1 Оливер Кан (к) SW 10 Лотар Матеус RB 2 Маркус БабелCB 25 Томас ЛинкеCB 4 Самуел КуфурLB 18 Михаел ТарнатCM 11 Штефан Ефенберг CM 16 Јенс ЈеремисRF 14 Марио Баслер CF 19 Карстен ЈанкерLF 21 Александер Циклер Substitutes:GK 22 Бернд ДрехерDF 5 Томас ХелмерMF 7 Мехмет Шол MF 8 Томас ШтрунцMF 17 Торстен Финк MF 20 Хасан Салихамиџиќ FW 24 Али ДаеиМенаџер: Отмар Хицфелд Man of the Match: Марио Баслер (Баерн Минхен)

Асистенти судии: Џенаро Мацеи (Италија) Клаудио Пуљизи (Италија) Резервен судија: Фиоренцо Треози (Италија)

Наводи

1999