Јуснан (швед. Ljusnan, стнрд. Lusn = „светло“) е река во Шведска со должина од 440 км. Течението започнува од северозападниот дел на покраината Херједален, продолжува низ неа и навлегува во покраината Хелсингланд, па завршува во Ботниското Море. Најголема притока е Вокснан. Реката е мошне добро искористена за производство на електрична енергија со 18 хидроелектрани. Во 2001 г. електраните на Јуснан произвеле вкупно 4,5 ТВч.

Поврзано Херједален Хелсингланд Список на реки во Шведска

Наводи

Категорија:Реки во Шведска Категорија:Херједален Категорија:Хелсингланд