Водната детелина (лат. Menyanthes trifoliata) или уште барска детелина или горчивче или горчлива детелина — тревесто повеќегодишно растение од семејството Menyanthaceae. Расте низ заблатени места, мочуришта, крај реки.Godwin, K. S., Shallenberger, J., Leopold, D. J., and Bedford, B. L. (2002). Linking landscape properties to local hydrogeologic gradients and plant species occurrence in New York fens: a hydrogeologic setting (HGS) framework. Wetlands, 22, 722–37. Table 3.

Опис Повеќегодишно голо тревесто растение, со задебелен, ползечки членковиден ризом, на чии јазли се развиваат лушпести ливчиња и многубројни адвентивни коренчиња. Цветното стебленце е 10–35 цм високо, додека стерилните стебленца достигнуваат височина до 40 цм. Листовите со 3 ливчиwа излегуваат од основата на стебленцето, со дршки 5–22 цм долги, во основата ракавичесто проширени; ливчињата 3–9 цм долги, 1–4 цм широки, обратнојајцевидни, долгнавесто обратнојајцевидни, елиптични или јајцевидни, со клиновидна основа, целокрајни или по рабовите брановидно до речиси незабележително назабени, голи со куси дршки или приседнати. Цветовите собрани во врвни гроздовидни соцветија од по 8–15 цветови; дршките на цветовите 5–10 мм долги, подолги од јајцевидните прицветници. Чашката петделна, чашкините сегменти 3–4 мм долги, издол`ено-копјести или јајцевидно-копјести, понекогаш слабо свиткани кон надворешната страна. Венчето со дијаметар од околу 15 мм; од надворешната страна розеникаво, од внатрешната страна бело, речиси до средината всечено на 5 сегменти, кои се слабо свиткани кон надворешната страна и се густо препокриени со долги ресести влакна. Прашници 5 со издолжени темносини до синкаво виолетови антери. Плодникот со издолжено тенко столпче и дводелен жиг. Плодот обла или јајцевидна кутијка, 6–8 мм долга; семките сплескани, обли или елиптични, мазни, сјајни, портокалови или светлокафеави.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 47 издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Во Македонија Се развива на влажни, мочурливи места и тресетишта, на надморска височиња од 7001550 метри.

Познат за крајбрежјето на Мавровското Езеро: кај с. Маврово, с. Леуново, потоа на Бистра, Дешат, Струшко покрај Охридското Езеро, во околината на Калишта. Се посочува за крајбрежјето на Преспанско Езеро, долината на Радика кај Маврово и Крчин.

Лековитост Корисен дел од ова растение се листовите кои се берат за време на цветањето од мај до јули. Во својот хемиски состав содржат горчливи гликозиди од иридоиден тип, флавоноиди, органски киселини, масти, и друго. Дејствува антивоспалително, односно ја намалува телесната температура.

Наводи

Надворешни врски

Jepson Manual Treatment USDA Plants Profile Photo gallery

Категорија:Лековити растенија Категорија:Мочуришни растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа