Фуџикавагучико (јап. 富士河口湖町, Фуџикавагучико-мачи) — град во префектурата Јаманаши, Јапонија. Населението брои 25.538 жители, со густина на населеност од 161 жител на км² (јули 2012). Градот зазема површина од 158,5 км2.
Географија Фуџикавагучико се наоѓа на подножјето на планината Фуџи и го опкружува езерото Кавагучи, едно од петте езера на Фуџи.
Соседни општини Префектура Јаманаши Оцуки Цуру Фуџијошида Фуефуки Нишикацура Кофу Минобу Нарусава Префектура Шизуока Фуџиномија
Историја Подрачјето околу езерото Кавагучи е населено уште од џомонскиот период (илјадници години п.н.е.). Подоцна населбата била крајпатно место на патот од покраината Кај до покраината Суруга, и се споменува во летописите од хејанскиот период (794 -1185), каде воедно е забележано избувнувањето на Фуџи во 864 г. Во текот на периодот Едо (1603-1868), сета покраина Кај била територија под директна власт на Шогунатот Токугава. Со земјомерните реформи на почетокот на периодот Мејџи, на 1 јули 1889 подрачјето влегло во округот Минамицуру, во состав на префектурата Јаманаши, како што е и денес.
On 15 ноември 2003 г. градот Кавагучико ги припоил селата Кацујама и Ашивада, образовајќи го новиот град Фуџикавагучико. На 1 март 2006 во состав на Фуџикавагучико влегле и делови од of Камикујшики, преземени од округот Нишијацуширо.
Образование Универзитет за здравствени науки
Клима Фуџикавагучико се одликува со влажна суптропска клима (Кепен: Cfa) што се граничи мошне близу со океанска клима (Кепен: Cfb).
<div style="width:70%;">
Наводи
Надворешни врски
Портал на Фуџикавагучико
Категорија:Градови во Јапонија Категорија:Јаманаши (префектура)