Стивен Филип „Стив“ Камингс (; р. ) — поранешен англиски професионален друмски и велодромски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2019 за екипите , , , , и .
Животопис
Камингс ја освоил екипната потера на Светските велодромски првенства 2005 во Лос Анџелес и на Комонвелтските игри 2006. Исто така освоил бронза во поединечна потера. На Олимпијадата 2004 во Атина, Камингс и Велика Британија оствариле време од 3:59.
Во 1999 година возел за Беркенхед Норт Енд СС како јуниор, со 17 години, Камингс ја освоил друмската трка Меморијал Еди Сенс, трка отворена за сите категории. Тоа било првпат во период од 46 години да победи јуниор. Истата година го освоил националното друмско првенство за јуниори.
Во 2006 година возел за и бил втор на Трофео Лаигвелја, зад Алесандро Балан од . Во 2007 се префрлил во екипата Дискавери Ченл, пред да замине во во 2008 година.
Негова прва професионална победа била во 2008, на втората етапа на Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија.
Во февруари 2021 година, Камингс објавил дека ќе се врати во , приклучувајќи се во управата на екипата како развоен спортски директор и тренер.
Тим Скај (2010-2011)
мини|лево|200п|Камингс на етапата 1 на Џиро д’Италиjа 2010
Камингс му се приклучил на новосоздадениот британски Тим Скај за сезоната 2010.
Во 2011, возејќи за Скај, ја имал најуспешната трка за него во професионална кариера, на Волта ао Алгарве. Ја освоил третата етапа која завршувала на нагорнина пред Алберто Контадор, со што го преземал водството на трката, кое го задржал до последниот хронометар; завршил на седмото место.
Во септември, Камингс завршил втор на Трката околу Британија. Подоцна истиот месец објавил дека ќе му се приклучи на за сезоната 2012.
Камингс бил дел од екипата на Велика Британија, која му помогнала на Марк Кевендиш да победи на друмската трка на Светското друмско првенство во Копенхаген. Потоа завршил 4. во генералниот пласман на првото издание на Трката околу Пекинг.
БМЦ Рејсинг Тим (2012-2015)
Во февруари 2012, Камингс ја скршил својата карлица во несреќа додека настапувал на Волта ао Алгарве. Во април повторно имал лоша среќа, откако се здобил со фрактура на левиот зглоб на Трката околу Баскија. Повторно се вратил од овие повреди и настапил на Тур де Франс, каде бил помошник за неговиот водач Кедел Еванс и завршил 95. во генералниот пласман. На Вуелта а Еспања 2012 стигнал до првата победа на Гранд Тур. На етапата 13, се одвоил со шест други возачи во првиот час на етапата. Бегството се одржало до самиот крај, а на 4 километри пред целта нападнал и направил разлика. Го одржал неговото водство и победил со четири секунди предност пред останатите членови на бегството, Камерон Мајер од и возачот на Хуан Антонио Флеча.
МТН-Кубека (2015-2019)
мини|десно|Камингс на Тур де Франс 2015
Во октомври 2014 година, Камингс објавил дека ќе се приклучи на МТН Кубека за сезоната 2015.
На 18 јули 2015 година, Камингс ја освоил четиринаесеттата етапа на Тур де Франс 2015, победувајќи ги француските возачи Тибо Пино и Ромен Барде, 1,5 километри по искачувањето од втора категорија. Тоа било прва етапна победа на Тур де Франс за Камингс и неговата африканска екипа . На 8 јули 2016 имал уште една победа од бегство на Тур де Франс, овој пат на седмата етапа, со разлика од 65 секунди пред Дарил Импи и Даниел Наваро.
Во јули 2016 година бил додаден во репрезентацијата на Велика Британија за Летните олимписки игри, заменувајќи го Питер Кенох.
Камингс ја имал својата најважна победа на етапна трка во кариерата на Трката околу Британија 2016. Завршил втор на втората етапа, освојувајќи минута пред неговите сопрници. Подоцна го презел водството на шестата етапа и ја задржал позицијата во останатите два дена.
На Трката околу Баскија 2017, Камингс имал сериозен пад, завршувајќи на операција. По долг период на опоравување, ги освоил националните првенства, друмското и хронометарското, станувајќи само втор возач кој ги освоил обете титули по истиот подвиг на Дејвид Милар во 2007 година.
Во ноември 2019 година, Камингс го објавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам.
Достигнувања
1999 1. 20п Национално јуниорско друмско првенство 1. Друмска трка Меморијал Еди Сенс 2001 1. 20п Национално велодромско првенство - екипна потера 2004 2. 15п Олимписки игри - екипна потера 2005 1. 20п Светско велодромско првенство - екипна потера 1. 20п Национално велодромско првенство - екипна потера 2. Национално друмско првенство 6. Гран при де Вијер-Котерет 2006 Комонвелтски игри 1. 15п Екипна потера 3. 15п Поединечна потера 4. Друмска трка 1. 20п Национално велодромско првенство - екипна потера 2. 15п Светско велодромско првенство - екипна потера 2. Трофео Лаигвелја 2007 1. 15п Светски велодромски куп - екипна потера, Сиднеј 2008 1. Копа Берноки 2. Краен пласман Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија 1. Етапа 2 2. Краен пласман Трка околу Данска 2. Краен пласман Трка околу Британија 2009 1. Ден 3 Џиро дел Капо 4. Копа Берноки 5. Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија 7. Трофео Лаигвелја 2010 4. Краен пласман ГП Сиклисте ла Марселеза 2011 2. Национално хронометарско првенство 2. Краен пласман Трка околу Британија 4. Краен пласман Трка околу Пекинг 7. Краен пласман Волта ао Алгарве 1. Етапа 3 9. Краен пласман Трка околу Полска 9. Краен пласман Средоземна трка 2012 1. Етапа 13 Вуелта а Еспања 1. Етапа 5 Трка околу Пекинг 2013 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Катар 2014 1. 20п Краен пласман Средоземна трка 1. Етапа 4 (ITT) 2. Краен пласман Трка Дубаи 4. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент 7. Комонвелтски игри - хронометар 8. Краен пласман Сиркут де ла Сарт 2015 1. Трофео Андрат-Мирадор д’ес Коломер 1. Етапа 14 Тур де Франс 6. Краен пласман Тирено-Адријатико 6. Краен пласман Сиркут Сиклист Сарт 2016 1. 20п Краен пласман Трка околу Британија 1. Етапа 7 Тур де Франс 1. Етапа 4 Тирено-Адријатико 1. Етапа 3 Трка околу Баскија 1. Етапа 7 Критериум ди Дофине 2017 Национални друмски првенства 1. 20п Друмска трка 1. 20п Хронометар 1. Етапа 1 Џиро ди Тоскана 20п Награда за борбеност на етапа 12 на Тур де Франс 2019 3. Национално хронометарско првенство 10. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро11096—55——149—————— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур———151—95——86140141—129 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта—————156——102——124—
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски велосипедисти Категорија:Британски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Велика Британија Категорија:Олимписки велосипедисти на Велика Британија Категорија:Олимписки медалисти во велосипедизам Категорија:Британски етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Британски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Велодромски велосипедисти