Мајкл Фелпс (; р. 30 јуни 1985) — американски пливач и најуспешен олимпиец на сите времиња со 28 медали. Фелпс исто така го држи и рекордот за најмногу златни олимписки медали (23), најмногу златни медали во поединечните дисциплини (13), и најмногу олимписки медали во поединечни машки дисциплини (14). Со освојувањето на осум златни медали на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, Фелпс го соборил рекордот на освоени медали на едни олимписки игри. Пет од тие медали биле во поединечна конкуренција. На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Фелпс освоил 4 златни и 2 сребрени медали, со што станал најуспешен спортист на игрите. Тоа биле трети Летни олимписки игри по ред, на кои Фелпс бил најуспешен спортист.
Фелпс е светски рекордер на долг курс во дисциплините 100 метри делфин, 200 метри делфин и 400 метри мешано, како и поранешен светски рекордер на 200 метри краул и 200 метри мешано. Тој освоил вкупно 71 медал на големите меѓународни натпревари на долг курс, 57 златни, 11 сребрени, и три бронзени медали. Меѓународните титули и постигнатите светски рекорди на Фелпс му овозможиле да биде избран за светски пливач на годината, шест пати и американски пливач на годината дури осум пати. Со неговиот неверојатен Олимписки успех во 2008 тој ја освоил наградата на магазинот „Sports Illustrated“ за најдобар спортист на годината.
По Летните олимписки игри 2008, Фелпс ја основал својата „Фондација Мајкл Фелпс“, која се фокусира на зголемување на пливањето и промоција на здрави навики. Тој очекува да работи со својата фондација и по Летните олимписки игри 2012, за кои тој рече дека ќе му бидат последни.
Рани години
Фелпс е роден и израснат во населбата Роџерс Форџ во Тоусон, Мериленд сместен северно од Балтимор. Мајкл е најмладото дете во семејството. Неговата мајка, Дебора Сју "Деби" (мом. Дејвисон), е наставничка во средно училиште. Неговиот татко, Мајкл Фред Фелпс, е пензиониран полицаец кој во младоста играл фудбал во средно училиште и колеџ.Phelps, Beneath the Surface, p. 15. Родителите на Фелпс се развеле во 1994 година, и неговиот татко се преженил во 2000. Тој има Англиско, Ирско, Шкотско, Велско, и Германско потекло. Фелпс дипломирал на средното училиште во Тоусон во 2003.
Фелпс почнал со пливањето на седум годиишна возраст, делумно поради влијанието од своите сестри и деумно да обезбеди излез на својата енергија.Phelps, Beneath the Surface, p. 16. Кога Фелпс бил шесто одделение, му било дијагнозирано хиперкинетичко пореметување.Phelps, Beneath the Surface, p. 24.Schaller, p. 4. На десет годишна возраст, тој постигнал национален рекорд во својата возрасна група, и Фелпс почнал да тренира во пливачкиот клуб во Балтимор под тренерската палка на Боб Боуман. Потоа следеле нови рекорди во своите возрасни групи, и брзиот напредок на Фелпс кулминирал со неговото квалификување за Летните олимписки игри 2000 на 15 години и станал најмладиот машки спортист кој влегол во американскиот олимписки пливачки тим во последните 68 години.Phelps, Beneath the Surface, p. 85. Тој не успеал да освои медал, но влегол во финалето на 200 м делфин и завршил петти.Phelps, Beneath the Surface, p. 78.
На изборното натпреварување на САД за Светското првенство 2011, на 30 март, Фелпс го соборил светскиот рекорд на 200 м делфин и со 15 години и 9 месеци, најмладиот маж што успеал да сруши светски пливачки рекорд, соборувајќи го претходно поставениот рекорд на Ијан Торп кога тој постигнал најдобро светско време на 400 м краул на 16 години и 10 месеци.Phelps, Beneath the Surface, p. 88. На Светското првенство во Фукуока, Фелпс го соборил својот претходно поставен светски рекорд на 200 м делфин и станал светски шампион за првпат.Phelps, Beneath the Surface, p. 92.
Пан Тихоокеанско првенство 2002
(СР)
На државното првенство кое служло како првенство за селекција на американските пливачи за Пан Тихоокеанското првенство 2002, во Форт Лаудердил, Фелпс поставил американски рекорд на 200 м мешано и бил многу блиску до светскиот рекорд на 200 м делфин.Phelps, Beneath the Surface, p. 109. Во дисциплината 400 м мешано, Фелпс го поправил светскиот рекорд поставен од Том Долан со време од 4:11.09. На 200 м краул, Фелпс тесно загубил од Клит Келер и на 100 м делфин, Фелпс го победил Јан Крокер.Phelps, Beneath the Surface, p. 110
На Пан тихоокеанското првенство 2002 одржано во Јокохама, Фелпс освоил три златни медали и два сребрени. Во својата прва дисциплина, 400 м мешано, Фелпс го освоил златото пред Ерик Вендтсо време од 4:12.48. На 200 м делфин, Фелпс загубил од Том Малчов, задоцнувајќи на целта за само 20 стотинки. Фелпс изјавил дека загубил во трката поради тоа што тој не ги сфаќал сериозно тренинзите во стилот делфин откако го соборил светскиот рекорд. На 200 м мешано, Фелпс победил со време од 1:59.70. Во штафетата 4×200 м краул, Фелпс, заедно со Нејт Дастинг, Клит Келер, и Чед Карвин, го освоил сребрениот медал со време од 7:11.81 завршувајќи зад Австралија. Американскиот тим на 4×100 м мешано се состоел од Арон Пирсол, Брендан Хансен, Фелпс, и Јан Крокер. Во финалето на мешаната штафета, Фелпс ја испливал делницата за 51.1 с., во тоа време јабрза испливана делница во историјата. Конечното време од 3:33.48 било светски рекорд.Phelps, Beneath the Surface, p. 111
Светско првенство 2003
На државното првенство, Фелпс го освоил златото на 200 м краул, 200 м грбно, и на 100 м делфин.Phelps, Beneath the Surface, p. 122. Тој станал првиот американски пливач кој победил на три различни трки во три различни дисциплини на едно државно првенство. На натпреварувањето Двобој во базенот 2003, натпреварување кое ги собира пливачките ѕвезди од Австралија и САД, Фелпс го соборил светскиот рекорд на 400 м мешано со време од 4:10.73 и речиси го соборил светскиот рекорд на 100 м делфин, задоцнувајќи само 0.03 секунди.Phelps, Beneath the Surface, p. 123. На натпреварување во Санта Клара, Фелпс го соборил светскиот рекорд на 200 м мешано со време од 1:57.94.Phelps, Beneath the Surface, p. 134. Фелпс изјавил дека го соборил светскиот рекорд на 200 м мешано откако Дон Талбот изјавил дека Фелпс е недокажан, користејќи ги неговите зборови како мотивација.Phelps, Beneath the Surface, p. 133.
На Светското првенство 2003, Фелпс освоил четири златни медали, два сребрени медали, и соборил пет светски рекорди. Фелпс го соборил својот прв светски рекорд на првенството на 22 јули во полуфиналето на 200 м делфин. Фелпс испливал со време од 1:53.93 и го соборил својот стар рекорд од 1:54.58 поставен во 2001 и станал првиот пливач кој испливал под 1:54.00. Во финалето на 200 м делфин, на 23 јули, Фелпс лесно го освоил златниот медал, но испливал многу поспоро од рекордот кој го поставил претходниот ден (1:54.35). Помалку од час подоцна, Фелпс пливал во штафетата на САД на 4×200 м краул. Фелпс испливал солидно време од 1:46.60 (американски рекорд) но американскиот тим не можел да одговори на брзината на австралискиот тим и завршил втор. На 200 м мешано, Фелпс покажал комплетна доминација. На 24 јули, во полуфиналето на 200 м мешано, Фелпс го соборил својот сопствен светски рекорд со време од 1:57.52. На 25 јули, во финалето на 200 м мешано, Фелпс го соборил својот сопствен рекорд со време од 1:56.04 и го освоил златниот медал завршувајќи речиси 3 секунди пред Ијан Торп. Еден час пред финалето на 200 м мешано, Фелпс пливал во полуфиналето на 100 м делфин. Фелпс повторно покажал доминација, завршувајќи прв со светски рекорд од 51.47. Како и да е, во финалето на 100 м делфин, на 26 јули, Јан Крокер го надминал светскиот рекорд на Фелпс со време од 50.98, и станал првиот маж што испливал под 51 секунда. Фелпс испливал со време од 51.10 (исто така под неговиот поранешен светски рекорд), и морал да се задоволи со сребрениот медал. Во финалето на 400 м мешаноy, на 27 јули, Фелпс го соборил својот сопствен светски рекорд со време од 4:09.09 и лесно дошол до златниот медал. Околу еден час подоцна, Фелпс го освоил последниот златен медал на првенството кога американскиот тим победил на штафетата 4×100 м мешано. Фелпс не пливал во финалето, но сепак добил медал бидејќи пливал во преелиминациите.
Летни олимписки игри 2004
Изборно натпреварување На изборното натпреварување на САД за Летните олимписки игри 2004, Фелпс се натпреварувал во шест дисциплини:200 и 400 м мешано, 100 и 200 м делфин, 200 м краул, и 200 м грбно.Phelps, Beneath the Surface, p. 179. Во својата прва дисциплина, 400 м мешано, Фелпс лесно победил со светски рекорд од 4:08.41. Два дена подоцна, на 200 м краул, Фелпс победил со време од 1:46.27, заврувајќи со предност од шест десетинки пред Клит Келер. Како и да е, Фелпс, не бил задоволен од својот резултат и сакал да исплива до 1:45 с и се двоумел дали да плива во таа дисциплина на игрите во Атина.Phelps, Beneath the Surface, p. 181. Следниот ден, Фелпс победил на 200 м делфин со време од 1:54.31, со три секунди предност пред второпласираниот Том Малчов. По два дена пауза, Фелпс се вратил во базенот и завршил втор по Арон Пирсол на 200 м грбно. Помалку од половина час подоцна, Фелпс победил на 200 м мешано пред Рајан Лохте со предност од 2.70 секунди.Phelps, Beneath the Surface, p. 184. Следниот ден, Фелпс завршил втор по Јан Крокер на 100 м делфин. Крокер победил со време од 50.76, што значело Нов Светски рекорд и 0.39 секунди предност пред Фелпс. По завршувањето на изборното натпреварување, Фелпс станал станал првиот пливач во американскиот олимписки тим што успеам да се квалификува во шест различни дисциплини.Phelps, Beneath the Surface, p. 186. Но, Фелпс се откажал од дисциплината 200 м грбно и се фокусирал на 200 м краул бидејќи сакал да го предизвика Ијан Торп. Иако Фелпс не се натпреварувал на 100 м краул на изборното натпреварување, тој сепак бил избран во штафетата на 4×100 м краул.
Летни олимписки игри