мини|222x222пкс|Ласло Дарваши Ласло Дарваши (унгарски: Darvasi László), (1962, Тороксентмиклош, Унгарија -) е современ унгарски писател и есеист.
Животопис Ласло Дарваши е роден во 1962 година во Тороксентмиклош. Дипломирал на Педагошкиот факултет во Сегед, каде што живее. Од 1990 година, работи како уредник во сегедското културно списание "Помпеи".Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 227.
Творештво Ласло Дарваши е автор на поголем број прозни дела кои се преведени на повеќе европски јазици: германски, холандски, француски и англиски. Исто така, неговиот расказ "Јулија Сонце" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум". За своите дела, Дарваши е добитник на бројни награди во Унгарија и во странство.Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.
Негови поважни дела се:Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 227. Грмушките од рози во Веинхаген (раскази), 1993 година Под цртата (новели), 1994 година, објавени под псевдонимот Ерне Сив Тага од типот Боргогнонија (раскази), 1994 година Клеофа - цртан роман (раскази), 1995 година Како да се заведе госпоѓицата библиотекарка (есеи), 1997 година, објавени под псевдонимот Ерне Сив Мојата љубов, другарката Думумба (раскази), 1998 година Легенда за уметникот в солзи (роман), 1999 година Да се набави една жена (раскази), 2000 година Шинтерите од Лојанг (раскази), 2002 година Собрани љубови, 2003 година
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Унгарски писатели Категорија:Родени во 1962 година