мини|Ласло Краснахораки Ласло Краснахоркаи (унгарски: Krasznahorkai László), (1954, Ѓула, Унгарија) — современ унгарски писател и нобеловец.
Животопис Ласло Краснахоркаи е роден во 1954 година во Ѓула. Студирал право во Сегед, а потоа унгарски јазик во Будимпешта. Од 1983 година работи како професионален писател.Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 228.
Творештво Краснахоркаи е автор на поголем број прозни дела кои се преведени на повеќе европски јазици: шпански, полски, германски, француски, шведски, чешки, српски, бугарски, украински, и англиски. Исто така, неговиот расказ "Последниот брод" е објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.
Негови поважни дела се:Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 229. Сатанско танго (роман), 1985 година Околности за милост (раскази), 1986 година Меланхолија на отпорот (роман), 1986 година Затвореникот од Урга (роман), 1992 година Војна и војна (роман), 1999 година Рид на север, езеро на југ, патишта на запад, река на исток (роман), 2003 година Напуштеност и безнадежност под небото (роман), 2004 година
Признанија Краснахоркаи е добитник на повеќе награди, како што се: Наградата „Атила Јожеф“, 1987 г. Наградата на Кругот на Микец Келемен (Холандија), 1987 г. Наградата „Тибор Дери“, 1992 г. Наградата „Шандор Мараи“, 1997 г. Наградата „Кошут“, 2004 г. Нобелова награда за литература, 2025 г.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Унгарски писатели Категорија:Родени во 1954 година Категорија:Унгарски Евреи Категорија:Унгарски романописци Категорија:Унгарски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература