Рамна — село во Општина Битола, во областа Цапарско Поле, во околината на градот Битола.
Потекло и значење на името
мини|300п|лево|Поглед на Горнот Маало со неколку куќи и главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Селото најпрвин запишано како Равна се сретнува во век во пишани документи. Се верува дека самото име означува „шума“ или „нива“.
Како друго објаснување се наведува дека најверојатно името на селото доаѓа од нејзината местоположба на релативно рамен терен.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во источниот дел на областа Цапарско Поле, во западниот дел од Општина Битола, на десната страна од реката Шемница. Селото е ридско, на надморска височина од 820 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 17 километри.
Низ селото поминува локален асфалтен пат кој ги поврзува регионалниот пат 2347 и регионалниот пат 1101, а кои се двојат од магистралниот пат А3.
Селото е потпланинско, сместено во горниот слив на Шемница. Во негова непосредна близина се наоѓаат селата Српци на југоисток, Лера на северозапад и Доленци на запад. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари. Во Горното Маало имало еден извор соѕидан во чешма.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Голина, Евла, Крстопат, Србишки Рид, Крлушка, Главиште, Лешина, Студена, Вита Корија, Мрзејнца, Тумба, Грамада, Вражи Камен, Витојци, Дрена, Селиште или Кумлак.
Рамна има разбиен тип и била поделена на Горно и Долно Маало. Помеѓу двете маала има оддалеченост од 400 метри. Денес, во Горно Маало каде се наоѓа главната селска црква „Св. Ѓорѓи“ одвај да има останато неколку куќи.
Историја
мини|300п|десно|Спомен-плоча на задружниот дом за паднатите борци во НОБ
Рамна најпрвин било христијанско село. Тоа село имало 6-7 куќи, кои се наоѓале покрај патот „на рамно место“, во подножјето на Облаковска Планина. Жителите имале црква „Св. Ѓорѓи“ и гробишта околу нејзе. Меѓутоа, кон крајот на првата половина на век тука се населил ковач Албанец, кој подоцна ги повикал роднините и познаниците и бројот на Албанците станал поголем. Потоа почнале да прават зулуми над христијаните. Македонците околу 1850 година решиле да ги напуштат куќите во подножјето на планината и преминале на повисоко место, каде што имале мандри.
Така, селото се поделило на два дела: муслиманско-албански дел во подножјето и христијанско-македонски дел на планинските падини. Растојанието изнесувало 500 метри. Албанците во својот дел ја срушиле црквата и ги уништиле гробиштата околу нејзе. Во 1801 година се споменуваат Турско Рамна и Рисјанско Рамна.
До 1912 година, селото се состоело од двата дела, кога долниот (албанскиот) имал 80 куќи, а горниот (македонскиот) имал 28 куќи. Истата година, Албанците се иселиле. По 1920 година, Македонците почнале да се симнуваат од нивниот дел и да се населуваат во долниот дел на селото. Во 1950-тите години во горниот дел на селото имало само 9 домаќинства, додека останатите 46 домаќинства биле во долниот дел на селото. Во горниот дел на селото било подигната и новата црква „Св. Ѓорѓи“ во 1885 година.
Во долниот дел, Албанците имале своја џамија, гробишта и чешма, кои биле срушени во 1912 година.
Над Рамна на гребенот се наоѓа месноста Крстопат, каде во 1912 година биле закопани 120 српски војници.
Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна. Постои спомен-плоча за загинатите борци од селото поставена на задружниот дом.
Стопанство
Атарот зафаќа површина од 7,3 км2. На него обработливото земјиште зазема простор од 310 хектари, на пасиштата отпаѓаат 267 хектари, а на шумите 112 хектари.
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во минатото, во него работела земјоделска задруга.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рамна имало 440 жители, од кои 210 Македонци христијани и 230 Албанци муслимани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Рамна се води како мешано село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 82 куќи.
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рамна имало 486 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.
Селото е мало, коешто во 1961 година имало 299 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 86 жители, од кои 79 се Македонци и 6 Албанци.
Според пописот од 2002 година, во селото Рамна имало 61 жител, од кои 53 Македонци, 7 Албанци и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 12 Македонци, 9 Албанци, 1 останат и 11 лица без податоци.
Родови
Рамна е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.
Според истражувањата од 1957 година на Јован Трифуноски, родови во селото: Македонски родови: Староседелски родови: Јосифовци (12 к.), Лазаровци (5 к.), Савевци (5 к.), Митревци (4 к.), Димовци (3 к.), Ѓерасимовци (2 к.) и Филиповци (2 к.). Овие родови се намножиле од домаќинствата кои биле населени во долниот дел на селото пред доаѓањето на Албанците. Доселенички родови: Лозановци (4 к.), доселени се од околината на Ѓирокастро во Албанија, го знаат следното родословие: Стеван (жив, 72 години во 1951 г.)-Неделко-Анаќија-Лозан, кој се доселил со своите 5 синови. Од Ѓирокастро избегале од крв. Кога бил жив Неделко во Рамна се населиле Албанци муслимани; Базјаловци (7 к.), родот го основал Коте кој се доселил од селото Стрежево. Коте направил куќа во горниот дел на селото, а подоцна бил убиен од локалните Албанци; Настевци (2 к.), имаат исто потекло како и Базјаловци; Карапетковци (4 к.), доселени се во турско време од Ѓавато; Чашунковци (1 к.), доселени се пред 1912 година од селото Загориче воЖелезник; Анчевци (2 к.) и Ќуљумој (2 к.), однекаде се доселени пред 1912 година. Албански родови: Бесимовци (2 к.), доселени се во XIX век од некое место во Јужна Албанија.
Иселеништво
До 1951 година од селото имало иселеници во Битола (5 семејства), САД (18 семејства), Бугарија (1 семејство), Скопје (1 семејство) и во Србија (1 семејство).
Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, Скопје, Ресен, прекуокеанските земји (САД, Канада, Австралија), и низ Европа.
Во 1912 година, 70 до 80 албански семејства се иселиле од селото. Тие се населиле во Битола и во Турција. Припаѓале на родовите Селмановци, Јауповци, Алимовци, Усеиновци, Мемедовци и Зекмановци. Од Македонците се знае за следниве иселеници: Тасеви (4 к.), се иселиле во Српци, додека потполно се иселиле Патрулој во Битола и Северна Америка.
Општествени установи
Дом на културата Поранешна здравствена амбуланта
Самоуправа и политика
мини|300п|десно|Дел од задружниот дом користен како избирачко место
Во век, Рамна било село во нахијата Ѓават-Кол, во Битолската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Рамна се наоѓале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Лера, Маловиште, Ротино, Српци и Цапари. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Цапари, во која влегувале селата Рамна, Ротино, Српци и Цапари.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0209 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Вишна — црква и некропола од средниот век; Раменска Тумба — базилика од старохристијанско време; и Раменска Грмада — депо на монети од средниот век.
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква изградена во 1885 година, сместена во Горното Маало на селото. Во минатото истоимена црква постоела и во Долното Маало, но била срушена по 1850 година кога дошле Албанците во селото.
Параклиси Параклис „Св. Ѓорѓи“ — мал параклис подигнат во Долното Маало.
Џамии Во 1912 година била срушена џамијата, чешмата и гробиштата на Албанците кои се наоѓале во Долното Маало.
Споменици Спомен-плоча на паднатите борци во НОБ од селото.
Редовни настани
Слави Ѓурѓовден — црковна и селска слава.
Личности
Родени во или по потекло од Рамна Партизани Илија Кркушевски (1929-1945) — партизан Цветан Митревски (1926-1945) — партизан Танас Лозановски (1922-1945) — партизан
Галерија
Поврзано Општина Битола Цапарско Поле
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола