Свиниште — раселено село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола. По потопувањето на атарот на селото со Стрежевското Езеро во 1980-тите години, единствен остаток од некогашното село е главната селска црква.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Историска фотографија на селото во Првата светска војна
Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 720 метри.
Атарот зафаќал површина од 4,2 км2, кој сега е потопен со Стрежевското Езеро.
Историја
За првпат, селото се споменува во турскиот опширен пописен дефтер во 1519 година, кога е запишано како Свиништа.
Во век, Свиниште било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Свињиштани биле добри ловџии, вредни дрводелци, мајстори, умееле да градат куќи и биле добри сточари и обработувачи на млеко и волна.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Свиниште имало 85 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Свињишта се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 9 куќи.
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свиниште имало 96 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.
Селото имало најголем број на жители во 1953 година - 235. По 1980 година селото е целосно раселено. На сите 150-тина свињиштани, односно на околу 40 домаќинства, на кои им биле одземени имотите поради градење на браната на ХС „Стрежево“, им биле изградени куќи во битолската Брусничка населба.
Според пописот од 2002 година, во селото Свиниште немало жители. Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Родови
Свиниште е македонско православно село.
Родови во Свиниште се:
Доселеници: Петревци (18 к.), Ѓорчевци (3 к.), Кочовци (2 к.) и Ѓолевци (2 к.). Првите два рода потекнуваат од ист предок, овие четири рода се стари доселеници со непозната старина; Цветковци (2 к.), доселени се од селото Обедник во Железник, кое во 1912 година е затекнато како албанско село; Наумчевци (5 к.), дојдени се во турско време исто така од селото Обедник; Котевци (3 к.), доселени се во турско време од селото Стрежево каде биле староседелци; Танчевци (3 к.), доселени се после 1918 година од селото Боиште во Железник.
Самоуправа и политика
мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“, единствен остаток од некогашното потопено село
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Црноец, во која влегувале селата Габаловци, Метимир, Лопатица, Облаково, Стрежево, Свиниште и Црноец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лопатица, во која покрај селото Свиниште се наоѓале селата Габаловци, Загориче, Лисолај, Лопатица, Метимир, Облаково, Секирали, Стрежево, Утово и Црновец.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.
Избирачко место
Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0205 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Кажани, Стрежево и Свиниште, кое е сместено во шумарската куќа во Кажани.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 77 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква.
Иселеништво
Постари иселеници до 1951 година од селото има во Битола (5 семејства), Канада (2 семејства), Австралија (2 семејства), Романија (1 семејство) и во Аргентина (1 семејство).
Потоа иселеништвото продолжило и од Свиниште над 200 лица има раселено во САД, Канада, Австралија и низ европските држави.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола Категорија:Раселени села во Македонија