мини|десно|исправено|Фрајерс во 2013

Езекиел Дејвид Фрајерс (англиски: Ezekiel David Zeki Fryers) (роден на ) — англиски фудбалер кој моментално игра во Стандард Лиеж. Тој е играч од одбраната и игра како лев бек или како централен дефанзивец. Езекиел е играч кој е производ на академијата на Манчестер Јунајтед.

Кариера Манчестер Јунајтед Во сезоната 2010/11 Фрајерс со резервистите на Манчестер Јунајтед,предводени од некогашниот напаѓач на тимот Оле Гунар Солшер кој седеше на клупата, ја освои титулата во англиската Премиер Лига за резервни тимови. Фрајерс своето деби во првиот тим на Манчестер Јунајтед го имаше на 20 септември 2011 во третото коло од Лига купот на Англија. Тој беше партнер на Мајкл Карик во централната одбранбена линија и ги одигра сите 90 минути во победата на неговиот тим над Лидс Јунајтед од 3:0. Своето деби во Премиер лигата го има во домаќинскиот меч на Манчестер Јунајтед против Вулверхемптон Вондерерс, во кој влезе како замена за Патрис Евра во 68-та минута од мечот што заврши 4:1. Тој влезе од клупата за резерви и во уште еден меч на Олд Трафорд, овојпат со Виган заменувајќи го Џони Еванс на полувремето.

Стандард Летото 2012 година Фрајерс тренирал со екипата на Тотенхем кој сакал да го доведе играчот во својте редови, но двата клуба не успеале да се договорат, а и според правилата Тотенхем не можеше да го ангажира Фрајерс. Според правилата во Англија кога еден фудбалер е на возраст под 23 години и откако ќе му истече договорот тој несмее да премине во друг клуб од Премиерлигата без другиот клуб да плати соодветна компензација. Така на 23 август 2012 Фрајерс потпиша за белгискиот Стандард Лиеж.

Наводи

Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на Стандард Категорија:Живи луѓе