Љубомир Весов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација. Животопис лево|мини|200п|Љубомир Весов во четничка униформа.десно|мини|250п|Споменик "Паднати за слободата на Македонија" во Ќустендил со името на Весов (36-ти во првата колона). Роден е во 1892 година во градот Велес. Татко му Илија Весов, кој е активен деец на егзархиската општина во градот, умира рано. Љубомир Весов завршува средно образование во Софија. Уште како ученик се вклучува во редовите на ВМОРО и неколку години е четник во Македонија. Во Првата балканска војна е доброволец во Македонско-одринското ополчение во четата на Иван Попов, Христо Силјанов и зборната партизанска чета на МОО. Награден е со сребрен медал „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 127.. Се однесувал благородно кон локалното турско население Силянов, Христо. От Витоша до Грамос. Походът на една чета през Освободителната война - 1912 г., София 1984, с. 542.
На 20 март 1915 година Љубомир Весов учествува во Валандовската акција. Заедно со војводите Ване Стојанов, Петар Овчаров, Петар Чаулев и Панајот Карамфилович и со вкупно 1000 четници ги напаѓаат српските сили кај Валандово, Пирава и Удово. Убиени се 470 српски војници и 7 офицери, а Валандово е заземено, по што четите се повлекуваат кон Бугарија.
По вклучувањето на Бугарија во Првата светска војна е бил командант на чета во бугарската армија, а по истерувањето на српските сили од Македонија е командант на градот Крушево.
По завршувањето на војната завршува високото образование - право на Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски" и се одава на револуционерна дејност. Во март 1920 година Весов е еден од основачите и водачите на Македонското студентско друштво "Вардар".
На 5 ноември 1922 година, опкружен од српска полиција во село Острилци, Крушевско, се самоубил. Погребан е во Крушево. Смртта на Љубомир Весов одекнува сред ВМРО и македонските бегалци во Бугарија како голем удар врз национално-ослободителното движење.
Во 1928 година во Петрич постои фудбалски клуб со името на Љубомир Весов.
Творештво Од 1913 година Љубомир Весов почнува да објавува свои песни — љубовни, пејзажи и патриотски. Во меѓувреме, прави и преводи на бројни руски поети. Во 1923 година творбите му се собрани и посмртно е издадена стихозбирката "Песни".
Наводи
Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Починати во Острилци Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Македонски општественици Категорија:Носители на орденот „За заслуга“ (Бугарија) Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Самоубијци