Васил Василев, роден со името Васил Григоров Василев (Емборе, 11 септември 1896 — Софија, 26 септември 1944) — истакнат македонски општественик во Бугарија со потекло од Егејска Македонија, еден од дејците на македонската емиграција во Бугарија. Заради неговото учество во народната ослободителна војна во Пиринска Македонија бил делегат во првото заседание на АСНОМ и го претставувал македонското мнозинство во Петрич.ПРОГЛАС ОД ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА ОДРЖАНОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ (1944) АСНОМ

Животопис Васил Василев е роден во 1897 година во Емборе, тогаш во Отоманското Царство. Завршува трговска гимназија во Солун. Работи како банкарски службеник и кооперативен деец. Се вклучува во активностите на легалните македонски организации во Бугарија заедно со Крсте Велјанов, Јордан Чкатров и Симеон Евтимов. Долги години е претседател на македонската младинска организација во Варна. Во јануари 1923 година е избран за сојузен агитатор на централното раководство на Сојузот на македонските младински организации, а следната година - на Сојузот на македонските братство.Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 45 - 46.

Во 1927 година влегува во Националниот комитет на македонските братство. По убиството на генералот Александар Протоѓеров во 1928 година, Наум Белев прави обид да го убеди дека македонските братство треба да излезат со осудна резолуција против Иван Михајлов. Васил Василев одбива и заедно со Константин Станишев, Велко Думев, М. Димитров застануваат против Георги Кулишев, кој ги поддржува протогеровистите. Направен е обид атентат врз него и двајцата телохранители на 15 октомври 1929 година.Гаджев, Иван. Иван Михайлов - отвъд легендите, Том I, УИ „Св. Климент Охридски”, София, 2007, стр.137, 138, 372.

Во 1929 година поднесува извештај за организационо-бегалските активност на VII редовен конгрес на сојузната организација. На истиот конгрес неговиот мандатот за член на НК е обновен и станува политички секретар на сојузот.Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918-1947), София, 2006, стр.148, 150, 207, 2014, 218, 220.

По 19-то мајскиот државен удар од 1934 година е осуден на смрт, подоцна е помилуванГаджев, Иван. Иван Михайлов - отвъд легендите, Том I, УИ „Св. Климент Охридски”, София, 2007, стр. 235 но е ликвидиран.Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 46.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Бугарски политичари од Македонија Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Родени во 1896 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Луѓе од Емборе Категорија:Македонци во Бугарија