мини|десно|200п|Лео фон Кленце во 1856 г. Лео фон Кленце (), полно име: Франц Карл Леополд фон Кленце ; 29 февруари 1784, БухладенДруги имиња на местото се „Бокела“ и „Бокла“ близу Шладен - 26 јануари 1864, Минхен) — германски неокласицистички архитект, сликар и писател. Како дворски архитект на баварскиот крал Лудвиг I, фон Кленце бил еден од најистакнатите дејци во архитектонската преродба итн. „новогрчки стил“.

Фон Кленце учел архитектура и јавно градежно стопанисување кај Фридрих Жили во Берлин, и чиракувал кај Шарл Персије и Пјер Франсоа Леонар Фонтен во Париз. Помеѓу 1808 и 1813 служел како дворски архитект на Жером Бонапарт, крал на Вестфалија. Подоцна се преселил во Баварија, па од 1816 почнал да работи како дворски архитект на баварскиот крал Лудвиг I. Лудвиг бил голем вљубеник во хеленизмот и оваа странст одиграла клучна улога во оформувањето на Кленцеовиот архитектонски стил. Кленце проектирал и извел голем број на класични зданија во Минхен, вклучувајќи ја Сала на славните (Ruhmeshalle) и кружниот храм. На Кенигсплац го изградил најпознатиот хеленистички архитектонски ансамбл на новото време. Меѓу најважните негови дела се вбројува и храмот на германските великани „Валхала“, кој го носи името на рајот во нордиската митоогија.

Со осамостојувањето на Грција, синот на Лудвиг I, Отон станал нејзин прв крал. Фон Кленце бил поканет во Атина за да конкурира со свои планови за преизградба на градот во старогрчки стил. Во 1838 добил нарачка од рускиот цар Николај I за зградата на Новиот Ермитаж, државен музеј на старини, уметнички слики, монети, медали, камеа, цртежи, гравури и книги од збирките на династијата Романови. Кленце веќе имал искуство во планирање и изведба музејски галерии во Минхен, вклучувајќи ја познатата „Глиптотека“ (музеј на антички скулптури) и Старата пинакотека (Alte Pinakothek), галерија на слики од збирката на династијата Вителсбаховци. мини|десно|„Сала на славните“ во Минхен мини|десно|Внатрешноста на спомен-салата „Валхала“ со бисти на истакнати германски дејци

Фон Кленце не бил само архитект, туку и одличен сликар и цртач. Сликал и цртал претежно антички зданија, кои ги користел како урнеци за неговите градби. Со античката архитектура се запознал во патувањата низ Италија и Грција. Учестуваал и во ископувањето на антички градби во Атина и конкурирал со проекти за обнова на атинскиот акропол.

Кленце собирал и дела од современи германски сликари, вклучувајќи 58 дела со пејзажна и битова тематика. Во 1841 збирката му ја продал на кралот Лудвиг I, што потоа послужило како основа за Новата пинакотека (Neue Pinakothek).

Фон Кленце починал во 1864 и е погребан на Старите јужни гробишта (Alter Südfriedhof) во Минхен.

Архитектонски дела мини|Портико на Новиот Ермитаж во Санкт Петербург Во Минхен: Глиптотека (1816–1830) Стара пинакотека (1826–1836) Минхенска резиденција — Кенигсбау, Фестзалбау и Дворската црква „Сите Светители“ (1826–1842) Кружен храм во Англиската градина (1836) Портата „Пропилеј“ (1846–1862) Сала на славните (1850) Кружен храм во паркот на Нимфенбуг Улицата „Лудвигштрасе“. Балско здание во паркот на змаокот Вилхелмсхехе, (Касел) (1809–1810) Замокот Исманинг (1816) — дом на Ежен де Боарне, посвоен син на Неполеон Храмот „Валхала“ кај Регенсбург (1816–1842) Новиот дворец во Пепенхајм (1819–1820) Нов Ермитаж во Санкт Петербург, Русија (1839–1852) Католичка црква „Св. Дионисиј Аеропашки“ во Атина, Грција (1853–1865) Сала на ослободувањето во Келхајм (1863)

Наводи

Поврзано

Неокласична архитектура Карл Фридрих Шинкел Старогрчка архитектура

Категорија:Германски архитекти Категорија:Германски уметници Категорија:Неокласични архитекти Категорија:Носители на Кралскиот златен медал Категорија:Родени во 1784 година Категорија:Починати во 1864 година Категорија:Луѓе од Долна Саксонија Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Членови на Академијата на убавите уметности