Ќоселија — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во источниот дел на општината, североисточно од градот Радовиш. Лежи на јужните падини на планината Плачковица над селото Сариѓол, на надморска височина од 780 м. Атарот е мал, со површина од . Во селото извира поток кој тече на југ, и пред с. Ораовица се слева со друг поток, образувајќи ја реката Ступница.

Историја Во XIX век Ќоселија било турско село во Радовишката Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Ќосели имало 100 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 234.

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Ќуселии живееле 156 Турци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.

Население

Во периодот пред Втората светска војна, населението на Ќоселија доживеало пораст и продолжило со умерен раст по војната. Ова се променило во 1950-тите кога целото село е испразнето, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија. Според пописот од 2002 година, Ќоселија немала ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Радовишки села Категорија:Села во Општина Радовиш Категорија:Раселени села во Македонија