Калуѓерица — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 838 жители, со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Дел од селото со планината Смрдеш во позадина
Калуѓерица е големо село, сместено во јужниот дел на Радовишкото Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Радовиш, чиј атар делумно се издига на источната страна на планината Смрдеш. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 350 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 12 километри, додека од магистралата А4 помеѓу Радовиш и Струмица е оддалечено помалку од километар.
До селото води асфалтен пат.
Историја
Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 15,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 881 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 151 хектар, а на пасиштата само 55 хектари.
Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во селото работат услужни објекти.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Калуѓерица живееле 290 жители од кои 190 Турци и 100 Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 234.
Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во Калуѓерица живееле 379 жители, од кои 316 Турци и 63 Македонци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Турци и 100 Македонци.
Во 1961 година, Калуѓерица броела 572 жители, од кои 456 биле Македонци, 110 Турци и четири жители Срби, а во 1994 година преминало во големо село со 812 жители, од кои 697 биле Македонци и 113 жители Турци.
Според пописот од 2002 година, во селото Калуѓерица живееле 838 жители, од кои 722 Македонци, 26 Турци, 88 Роми, 1 Србин и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 651 жител, од кои 416 Македонци, 123 Турци, 19 Роми и 93 лица без податоци.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Калуѓерица:
Година Македонци Турци Роми Срби Вкупно 1948 — — — — — — 684 1953 192 551 1 1 0 — 745 1961 456 110 — 4 2 — 572 1971 590 109 0 8 1 — 708 1981 707 100 0 5 11 — 823 1991 825 136 1 6 1 — 969 1994 697 113 0 1 1 — 812 2002 722 26 88 1 1 — 838 2021 416 123 19 0 0 93 651
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови
Калуѓерица е мешано македонско-турско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото: Македонски родови: Староседелци: Скочкини со Митевци (7 к.), Велковци (4 к.), Мијовци со Митевци и Спасовци (4 к.) и Беличовци (3 к.). Турски родови: Доселеници: Неџбијовци (3 к.), Кадријовци (3 к.), Меминагинци (3 к.), Неџипагинци (4 к.), Алиловци (6 к.), Арифовци (3 к.), Рустемовци (3 к.), Шемшединовци (2 к.), Ахмедовци (2 к.), Ибрахимовци (2 к.), Дестановци (3 к.), Османовци (5 к.) и Салитовци (3 к.). Доселени се кон крајот на XVII век.
Општествени установи
Основно училиште „Орце Николов“, подрачно деветгодишно основно училиште во состав на ОУ „Орце Николов“ - Ињево Месна заедница Пошта
Самоуправа и политика
Во век, Калуѓерица било село во Радовишката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Подареш, во која покрај селото Калуѓерица, се наоѓале и селата Дурутлија, Јаргулица, Ново Село, Ораовица, Папавница, Подареш, Покрајчево, Саригон, Смиланци, Ќоселија и Худаверлија. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Калуѓерица, во која влегувале селата Дукатино, Калуѓерица, Радичево и Папавница.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1592 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 794 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 807 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Кала — градиште од доцноантичко време; Манастир — населба од доцноантичко време; Тумба I — могила од римското време; и Тумба II — тумул од железното време.
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква; и Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — манастирска црква.
Манастири Калуѓерски манастир — манастир над селото.
Џамии Џамија — главна селска џамија
Култура и спорт
Во село Калуѓерица активно работи и функционира фудбалскиот клуб ФК „Извор“ кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига.
Галерија
Наводи
Поврзано Општина Радовиш Радовиш
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Радовишки села Категорија:Села во Општина Радовиш