Корита — археолошко наоѓалиште во кичевското село Кладник. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на околу 2 км југозападно од селото, каде при обработувањето на нивите се откривани темели од објекти и гробови. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, а според кажувањето на мештаните, најдени се монети и бронзена статуетка на богот Меркур.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Ѓурѓејца — населба и некропола од доцноантичко време; Лакајца — средновековна црква и некропола; Кладник; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Кладник