Лакајца — археолошко наоѓалиште во кичевското село Кладник. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на границата на атарите на селата Кладник и Козица, од десната страна на Козичка Река, непосредно до асфалтниот пат Кичево-Битола, каде според кажувањето на месен жител, чија куќа се наоѓа во непосредната близина, на нивите се среќаваат фрагменти од градежни тули, а имало и темели од мала еднокорабна црква. При изградбата на патот Кичево-Битола се откриени и гробови градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Ѓурѓејца — населба и некропола од доцноантичко време; Корита — римска населба и некропола; Кладник; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Кладник