Дражево — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.
Потекло и значење на името
мини|300п|лево|Влезот во селото
Се смета дека селото го добило името според машкото име Дражен или Драган. Втората легенда вели дека на луѓето им било драго што живеат овде, па затоа селото било наречено Дражево.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на крајниот југоисточен дел на Струмичкото Поле, од десната страна на Струмичка Река, а чиј атар се издига до северниот срт на планината Беласица, каде што на тесен дел се допира со државната гранична линија со Грција. Селото е сместено во источниот дел на подрачјето на Општина Ново Село. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 320 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 35 километри.
Низ селото поминува регионалниот пат 1402.
На сретселото се наоѓа стар јавор, на кој стои дрвена табла дека е заштитена природна реткост, иако истиот не е запишан официјално во регистарот на Министерството за животна средина. Низ селото поминува и поток, кој го дели селото на два дела, често нарекуван како Дражевска Река.
Селото се граничи со Смолари, Бајково, Ново Коњарево, Старо Коњарево и соседна Грција (Егејска Македонија).
Историја
Првпат селото се споменува во пописот од 1519 година под името Дражева, спроведен од Турците, кога селото имало само 5 семејства.Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 562-566
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 12,5 километри квадратни. На него шумите заземаат површина од 917,8 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 475,1 хектар, а на пасиштата 131,5 хектари.
Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во минатото во селото работела земјоделска задруга и има продавници и угостителски објекти.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дражево живееле 380 жители, сите Турци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 187.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.
Дражево е средно село по големина, со мало намалување на бројот на населението. Во 1961 година, селото броело 604 жители, од кои 25 биле Турци, а другите Македонци, а во 1994 година бројот се зголемил на 467 жители, од кои 463 биле Македонци и двајца жители Срби.
Според пописот од 2002 година, селото Дражево броело 462 жители, од кои 460 Македонци, 1 Србин и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 234 жители, од кои 200 Македонци, 1 Србин и 33 лица без податоци.
Општествени установи
ПУ „Мануш Турновски“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до петто одделение во состав на ОУ „Мануш Турновски“ - Ново Село Амбуланта Пошта (2436) Месна заедница
Самоуправа и политика
Во век, Дражево било село во Петричката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Ново Село во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ново Село, во која покрај селото Дражево, се наоѓале и селата Бадолен, Барбарево, Бајково, Зубово, Ново Коњарево, Ново Село, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Смолари во која влегувале селата Дражево, Коњарево и Смолари.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1783 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 479 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 475 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква
Цркви Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — главна селска црква.
Редовни настани
Слави Мала Богородица (21 септември) — главна селска слава
Култура и спорт
Во селото опстојува и спортскиот клуб „Беласица“, кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига.
Поврзано Општина Ново Село Подгорје
Наводи
Надворешни врски
Профил на Дражево на општинскиот портал
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Ново Село Категорија:Беласица