Василево — село и седиште на истоимената Општина Василево, на патот меѓу Струмица и Штип.

Географија и местоположба

thumb|лево|Зградата на седиштето на Општина Василево thumb|лево|Дом на културата thumb|десно|Детски парк thumb|десно|Детска градинка „Прва радост“ thumb|десно|Училиште „Гоце Делчев“ thumb|десно|Црквата Црква „Успение на Пресвета Богородица“ thumb|десно|Црквата „Св. Петка“

Подрачјето на Општина Василево се наоѓа во северозападниот дел на големата Струмичка Котлина, на природна патна комуникација Беломорие - Централен Балкан. Од главниот магистрален пат Струмица - Штип има мали разигнувања на исток и на запад. Околните планини Огражден, Еленица, Плавуш и Беласица имаат стратешко значење, кое убедливо ги потврдуваат историските настани во подалечното и поблиското минато, како и археолошките наоди во подрачјето на денешната Општина Василево.

Според географската положба, живописната и подородната Струмичка Котлина, во која се наоѓаат и населените места од Општина Василево, го зафаќа најјугоисточниот дел од Република Македонија, допирајќи на југ и на исток до државните граници со Грција и Бугарија. Котлината е заградена со планинските венци на Беласица, Огражден, Готен, Еленица и Плавуш, кои, всушност, ја дефинираат големата Струмичка област. Еден красноречив патописец, кој ја посетил Струмичката регија во 1921 година, меѓу другото, ќе запише: „Струмичката котлина, несомнено, е најпитомата, најплодородната и најживописната котлина во Македонија. Наедно, таа е и една од најгусто населените области во оваа земја...“

Надморската височина во селото е 208 метри додека селото зафаќа површина од 7,6 км2. Од нив, 630,3 хектари се обработливо земјиште, 48,9 хектари се пасишта Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр. 48.

Историја Отоманско Царство

Кон крајот на XIX век, како крупен чифлик-сајбија во селото се споменува Назлам-бег, чиј син за кратко време бил заробен од една македонска чета, водена од Гоце Делчев. Тој го држел како свој чифлиг селото ВасилевоМанол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.. Кон 1866 година во селото било отворено првото училиште, додека кон 1895 година бил формиран месен комитет на ТМОРО.

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 80 семејства и 298 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 275 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 224 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 24 Роми. Во селото функционирало и училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107..

По започнувањето на Балканските војни, од селото 4 лица биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 833.

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, партиската организација започнала со агитирање низ населението во Василево, за вклучување во редовите на партизаните, здобивајќи се со повеќемина симпатизери од селата. Веќе во почетокот на септември 1944 година бил формиран општински народноослободителен одбор. По крајот на Втората светска војна, Василево било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци и 25 до 50 Турци.

На пописот од 2002 година, селото имало 2.174 жители и 550 домаќинства.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Василево има 2.175 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно Македонци 1.450Албанци 0Турци 352Роми 21Власи 0Срби 2Бошњаци 0Други350 На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.Вкупно1948————————63019536123888———77181961852—135——2——98919711 108—213——9—21 33219811 531—2411—7—41 78419911 750—346——6—32 10519941 722—324——3—12 05020021 819—349————62 174

Институции и знаменитости Административна зграда на Општина Василево Основно училиште „Гоце Делчев“ Детска градинка „Прва радост“ Дом на култура Детски парк ЈПКД „Турија“ Црква „Успение на Пресвета Богородица“ Црква „Св. Петка“

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1800, 1800/1 и 1801 според Државната изборна комисија, сместени во месната заедница и основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.034 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.082 гласачи.

Личности Ефтим Јуруков, роден во 1873 година, член на ВМОРО Арсо Кујумџиев, член на ВМОРО, градоначалник на Василево Наводи

Надворешни врски Општина Василево

Категорија:Села во Општина Василево Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија