Стиник — село во Општина Ново Село, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.
Потекло и значење на селото
мини|300п|лево|Поглед на селото
Селото го добило името од зборот „стена“ (ѕид, камена ограда) или „стина“ (разурната ѕидина, распаднат куп камења).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во источниот дел на Струмичкото Поле, под јужната падина на планината Огражден и во северниот дел на територијата на Општина Ново Село, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Берово и со државната гранична линија со Бугарија. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 840 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 34 километри.
До селото води земјен пат, кој започнува од државниот пат А4, кој започнува од селото Самоилово следејќи го текот на реката Василица.
Селото импонира со својата стара селска архитектура, карактеристична за македонските села. Куќите се направени со чардаци, каде што може да се забележат столови-троножци, синии, бутими и разбои.
Историја
Стиник е прилично старо село. Првин се наоѓало 2 километри северно од денешното село Самоилово. Таа област и денес се вика Старо Стиник. Но, поради недостаток на вода, населението било принудено да се пресели на денешното место.
Пред Балканските војни, селото се наоѓало во состав на Петричката Околија.
Стопанство
Атарот на селото е мошне голем и зафаќа простор од 34 километри квадратни. На него шумите заземаат површина од 2.668 хектари, на пасиштата отпаѓаат 539 хектари, а на обработливите површини 226 хектари.
Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото Стиник е посочено како село кое имало 83 домаќинства со 310 жители христијани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
Во статистиката на Стефан Верковиќ се вели дека селото имало 525 жители.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стиник живееле 700 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 187
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Стиник имало 896 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 106-107.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.
Стиник е населено со македонско население, коешто во 1961 година броело 399 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 113 жители.
Според пописот од 2002 година, селото Стиник броело 58 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 21 жител, од кои 15 Македонци и 6 лица без податоци.
Иселеништво
Селото се соочува со наполно раселување и масовно иселување по Втората светска војна.
Општествени установи
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Во век, Стиник било село во Петричката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Ново Село во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ново Село, во која покрај селото Стиник, се наоѓале и селата Бадолен, Бајково, Барбарево, Дражево, Зубово, Ново Коњарево, Ново Село, Смолари, Старо Коњарево и Сушица. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Стиник во која влегувале селата Барбарево и Стиник.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1780 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Воздушен поглед на главната селска црква
Археолошки наоѓалишта Стари Стиник — населба од доцноантичко време.
Цркви Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква, изградена во 1860 година.
Реки Василица — мала река, лева притока на Струмица.
Личности
Родени во или по потекло од Стиник Алексо Поројлијата (1864-1903) — македонски револуционер
Галерија
Поврзано Општина Ново Село Струмичко Поле
Наводи
Надворешни врски
Профил на Стиник на општинскиот портал
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Ново Село