„California King Bed“ е песна на барбадоската пејачка/тексописец Ријана, вклучена во нејзиниот петти студиски албум, Loud (2010). Песната е напишана од The Runners, Прискила Ренеја и Алекс Деликата, а продуцирана од продукциското дуо The Runners. Била испратена на Хот АЦ радијата во САД на 16 мај 2011 а на мејнстрим радијата на 31 мај 2011 како шест сингл од албумот во САД. „California King Bed“ исто така служи како четврт интернационален сингл од албумот. Песната се наоѓа на рекламата од Ниве] во 2011 наречена „100 Години Грижа на Кожата3.
Позадина и издавање Од почетокот на март 2011, Ријана ги прашала нејзините обожаватели да ѝ помогнат да го избере нејзиниот нов сингл. Таа преку твитер ги прашала обожавателите да одберат меѓу „Cheers (Drink to That)“, „Man Down“, „California King Bed“ и „Fading“. За најпопуларниот избор би се снимило видео кон крајот на март 2011. На 12 март 2011 било потврдено дека обожавателите к=ја одбрале песната „California King Bed“ да биде следниот сингл од албумот Но во САД, „Man Down“ била издадена на радијата пред „California King Bed“. Сепак како што било изјавено, „California King Bed“ служел за четврт интернационален сингл од албумот.
Наводи
Надворешни врски Текст на California King Bed
Категорија:Песни на Ријана Категорија:Песни од 2011 Категорија:Поп балади Категорија:Рок балади