Однесено од виорот — американски филм од 1939 година, според истоимениот роман на Маргарет Мичел, добитник на Пулицерова награда во 1936 година. Филмот е продуциран од Дејвид О. Селзник, режиран од Виктор Флеминг, а сценариото е на Синди Хауард. Дејствието е поставено во 19 век, во југот на Америка, а во него играат Кларк Гејбл, Вивиен Ли, Лесли Хауард, Оливија де Хевиленд и Хети Мекданиел, и меѓу другото, ја раскажува приказната за Американската граѓанска војна и реконструкција на ерата од Јужната точка на гледање.
Филмот има добиено десет Оскари (осум конкурентни и две почесни), рекорд кој го задржува и наредните 20 години. Американскиот филмски институт во 1998 го вбројува во 100-те најдобри филмови на сите времиња, и го сместува на четвртото место. Однесено од виорот се смета за еден од надобрите љубовни филмови и траен симбол на златното време на Холивуд. Филмот е исто така е и најдолгиот американски звучен филм направен до тоа време, кој трае 3 часа и 44 минути, плус 15 минути пауза. Исто така е еден од првите големи филмови кои се снимени во боја, и добива „Оскар“ од Филмската Академија за најдобар филм и во категоријата за филмови во боја. Однесено од виорот може да се пофали и со голема заработувачка од 400.176.459 долари, од неговото прикажување во кината, а до 2010 година, сумата е приближна до 2.984.000.000 долари, што го прави филм со најголема заработувачка на сите времиња.
Содржина Дел 1
Дејството на филмот почнува на една голема плантажа за памук која е наречена Тара, во руралните делови на Џорџија, во 1861-ва година, пред почетокот на Граѓанската војна во Америка. Скарлет О' Хара (Вивиен Ли) флертува со двајцата браќа Тарлтон, Брент (Фрет Крејн) и Стјуард (Џорџ Ривс), кој пак бил избркан од Универзитетот во Џорџија. Скарлет, Суелен (Евелин Кејс), и Карен (Ен Радерфорд) се трите ќерки на исрски емигрант Џералд О'Хара (Томас Мичел) и неговата сопруга Елен О'Хара, која пак е со француско аристократско потекло. Браќата Тарлтон и кажуваат на Скарлет тајна, која всушност е дека Ешли Вилкс (Лесли Хауард), во кого таа е тајно вљубена планира да се ожени со нејзината братучетка Мелани Хамилтон (Оливија де Хавиленд), и дека свршувачката требало да се објави следниот ден, на скара кај Ешли, во близина на плантажата Твелв Окс. Кога Скарлет се наоѓа во Твелв Окс, забележува еден згоден господин, Рет Батлер (Кларк Гејбл), кој делува помалку измамнички, дека се обидува да ја заведе и шармира. Тој господин бил исврлен од Вест Поинт, но исто така и од неговото семејство во Чарлстон. Како таков, Рет, подоцна, во разговор со машките гости за веројатноста на војната, ќе се најде во немилост, кога ќе каже дека Југот нема никакви шанси во споредба со супериорната војска и индустриска моќ на Северот.
Скарлет, попладнето, се искрадува за да се најде со Ешли насамо во библиотеката, каде му признава дека тајно е заљубена во него. На тоа Ешли и вели дека таа е многу привлечна и привлечна, и дека секогаш потајно ќе ја посакува, но вели дека тој и слатката Мелани се многу покомпатибилни. Потоа таа го обвинува Ешли затоа што ја залажува дека ја сака и му удира шамар. Ешли тивко излегува од библиотеката, но нејзиниот гнев уште повеќе се зголемува кога сфаќа дека Рет ужива во попладневната дремка на каучот од библиотеката, и дека го слушнал целиот разговор. Скарлет ја насочува лутината на Рет велејќи му дека не е господин, на што тој возвраќа пак дека таа не е дама, но сепак и ветува дека ќе ја чува нејзината грешна тајна. Скарлет брзајќи ја напушта библиотеката, а правењето скара е прекинато поради гласините дека војната започнала. Мажите поитуваат да се пријават, а жените се разбудени од попладневната дремка. Скарлет од прозорецот на горноит кат гледа како Ешли ја бакнува Мелани за збогум, а Мелани се засрамува од нејзиниот помлад брат Чарлс Хамилтон (Ренд Брокс), со кој па Скарлет пред тоа наивно флертува. Чарлс ја бара нејзината рака, пред да замине во војна. И покрај тоа што Скарлет воопшто не го сака, се согласува да се омажи за него, се цел да биде поблиску до семејството и да го направи Ешли љубоморен.
Чарлс набргу умира од напад на пневмонија и мали сипаници, служејќи во армијата, а Скарлет останува вдовица. Мјката на Скарлет за да ја орасположи ја испрака во домот на Хамилтонови во Атланта, а нивната добродушна и без влакна на јазикот куќна помошнича отворено и вели на Скарлет дека оди таму само за да го чека враќањето на Ешли.
Во Атланта, Скарлет и Мелани учествуваат во добротворен саем, каде и двете се изненадени од појавата на Рет, кој пак сега е херој кој помага на војниците и местата кои се блокирани, носејќи им храна и пренесувајки пораки од надворешниот свет, работејќи како човек од доверба на Конфедерацијата, и покрај тоа што таа треба да е во длабока жалост, таа шепоти со него, и уште и ја прифаќа неговата покана за танго, со што Скарлет комплетно ја шокира јавноста во Атланта. Додека играат, Рет и ја кажува неговата намера да ја освои, на што таа одговара дека тоа нема да се случи додека е жива.
Бранот на војната се свртува против Конфедерацијата, а по Битката кај Гетисбург се убиени многу луѓе од градот на Скарлет. Ешли доаѓа во посета за божиќните празници, при што Скарлет прави уште еден неуспешен обид да допре до срцето на Ешли, иако во меѓувреме тие споделуваат страсен бакнеж, пред Ешли повторно да замине во војна. Понатаму Скарлет и Мелани се грижат за еден војник (Клиф Едвардс) кој се наоѓа во болница и се опоравува.
Осум месеци подоцна, градот е под опсада на Армијата на Унијата, и поради тоа Мелани мора да оди и напорно да работи. Скарлет, останувајќи верна на ветувањето кое му го дава на Ешли дека ќе се грижи за Мелани, со нејзината млад слуѓинќа Приси (Батерфлај Меквин), мора да го транспортираат детето без медицинска помош, затоа го повикува Рет да и помогне и да ја однесе на Тара со Мелани, Приси и бебето. Тој се појавува со запрежна кола, поведувајќи ги на опасно патување низ области со запалени складишта и магацини. Тој ја остава со речиси мртов коњ, беспомошно болната Мелани, нејзиното бебе, преплашената Приси, и со страсен бакнеж, на патот кој води до Тара. Таа грубо го отфрла, удирајќи му шамар поради неговата бесрамност, а тој од тука се враќа да се бори заедно со Армијата на Конфедерацијата. На патот до дома, Скарлет го догледува Твелв Окс запален, руиниран и напуштен. Иако градот е напуштен од сите, Скарлет на Тара го наоѓа нејзиното семејство, при што дознава дека нејзината мајка починала од треска, а дека нејзиниот татко го изгубил здравиот разум, а тука се и нејзините две сестри, и двајца слуги Мами и Порк (Оскар Полк). Во ограбената Тара од војниците на Унијата, необработливата земја, Скарлет се колне дека ќе направи се за да преживее таа и нејзиното семејство велејќи, „Бог ми е сведок, никогаш повеќе нема да бидам гладна“.
Дел 2
Скарлет го организира своето семејство и слугите да работат на полињата и да собираат памук. Исто така убива дезертиран војник од Армијата на Унијата, кој сака да ги ограби, и во неговиот паричник наоѓа доволно пари за да го прехрани семејството и слугите за одредено време. Со поразот на Конфедерацијата, војната завршува. Ешли се враќа на Тара, откако бил воен заробеник во војната. Мами едвај успева да ја задржи Скарлет да потрча кај него кога тој се среќава со Мелани. Истоштениот Ешли е од мала помош на Тара, а Скарлет го моли да побегнат заедно, иако тој и се исповедува дека чувствува голема страст спрема неа, ја бакнува страсно и сепак и вели дека не може да ја напушти Мелани.
Џералд О'Хара умира откако паѓа од својот коњ кога го брка неговиот поранешен надзорник кој сакал да ја купи Тара. Скарлет, која ја има таа одговорност да го издржува семејството, сфаќа дека не може да ги плати даноците кои се воведени после војната. Знаејќи дека Рет се наоѓа во Атланта и верувајќи дека сѐ уште е богат, и вели на Мами да ѝ направи раскошен фустан од завесите на нејзината мајка кои сѐ уште висат на прозорците во салонот. Ама од нејзината посета дознава дека Рет е во затвор. Оди да го посети, но тој и кажува дека неговите странски банкарски сметки се блокирани, но дека сепак направила добар обид, но залуден.
Откако го напушта затворот во кој се наоѓа Рет, Скарлет се сретнува со свршеникот на нејзината сестра, средовечниот Френк Кенеди (Керол Нај), кој е успешен сопственик на продавница и работилница за преработка на дрво. Добивајќи брилијантна идеја, го лаже Кенеди велејќи му дека нејзината сестра се омажила за друг, и за брзо време станува Г-ѓа Кенеди. Потоа таа го презема неговиот бизнис, од профитот купува пилана со која многу профитира за време на обновата на Атланта, и затоа што е подготвена да тргува со омразените Јенки, и вработувајќи осуденици во нејзината работилница.
Кога Ешли добива понуда за работа во банка на север. Скарлет, плачејќи, го преколнува да остане велејќи дека и е потребен во фабриката, а ја искористува и симпатичната Мелани за да го омекне, и тој попушта. Еден ден Скарлет е нападната додека сама се враќала за кон дома. Вечерта после тоа, Френк, Ешли и дугите го возвраќаат ударот, при што Ешли е ранет, а Френк е убиен.
Едвај завршен погребот на Френк, Рет доаѓа во посета на Скарлет со предлог за брак. Скарлет прифаќа, но делумно и поради неговите пари. Тој ја бакнува страсно велејќи и дека еден ден ќе ја добие нејзината љубов, бидејќи смета дека тие двајца се исти. После нивниот меден месец во Њу Орлеанс, Рет и ветува на Скарлет дека ќе и ја врати на Тара нејзината поранешна возвишеност, на која ќе може да ја изгради најголемата палата во Атланта. Скарлет и Рет добиваат ќерка. Скарлет сака нивната ќерка да се вика Евгенија Викторија, но Рет одлучува да и го даде името Бони Блу Батлер (Кеми Кинг). Рет ја обожува неговата ќерка, гледајќи ја во неа духовитата, но помалку лакомата Скарлет, таква каква што била пред војната. Тој исто така прави сè што може за да стекне добро мислење кај јавноста во Атланта, се во интерес на неговата ќерка. Ама Скарлет сѐ уште чувствува болка за Ешли, и збеснува кога согледува дека нејзината фигура е уништена (половината и се зголемила од осумнаесет и пол инчи на дваесет), по што му кажува на Рет дека не сака да има други деца и дека нема повеќе да делат ист кревет. Поради тоа Рет збеснува и со нога ја крши вратата која ги раздвојува нивните соби, велејќи и дека не може да го држи подалеку, сè додека тој сака да биде со неа.