Кристијан Чарлс Филип Бејл (англиски: Christian Charles Philip Bale; ) е англиски глумец. За своите улоги има добиено многу признанија, а покрај другите награди добил Оскар и две награди Златен глобус. Магазинот Форбс, во 2014 година го рангирал како еден од глумците со највисока заработка. Најпознат e според неговите улоги во американските филмови, Бејл глумел и во високобуџетни холивудски филмови и во помали проекти од независни продуценти и уметнички филмови.

Публиката првпат го забележува Бејл на возраст од 13 години, кога тој беше избран да ја глуми главната улога во Империја на сонцето на Стивен Спилберг. Тој глумеше англиско момче кое е одвоено од своите родители, а подоцна е изгубен во јапонски логор за време на Втората светска војна. Познат е и по улогата на Брус Вејн во филмовите за Бетмен: Бетмен почнува и Темниот Витез, како и серискиот јапи убиец Патрик Бејтман во Американски психопат.

Бејл, покрај во Бетмен, бил во главна улога во низа филмови, како драма филмот Престиж (2006), акциониот филм Терминатор: Спас (2009), криминалистичката драма Државни непријатели (2009), епскиот филм Егзодус: Богови и кралеви (2014) и суперхеројскиот филм Тор: Љубов и грмотевица (2022). За улогата на боксерот Дики Еклунд во биографскиот филм „Борец“ од 2010 година, освоил Оскар и награда Златен глобус. Номинации за Оскар и Златен глобус и за неговата улога во комедијата Американски измамници (2013) и биографските драми Обложување на столетието (The Big Short) (2015) и Човек од сенка (Vice) (2018). За неговата улога како политичарот Дик Чејни во Човек од сенка ја добил втората награда Златен Глобус, а за улогата на Кен Мајлс во спортската драма Ле Ман '66: Славни 24 часа (Ford v Ferrari) (2019) ја добил петтата номинација за наградите Златен глобус.

Ран живот

Бејл е роден на 30 Јануари 1974 година во Хаверфордвест, Пемброкшир, Велс во семејство од англиско потекло. Неговиот татко Дејвид Бејл ,по потекло од Јужна Африка, бил претприемач, комерцијален пилот, и менаџер за млади таленти, а неговата мајка Џени Џејмс била артист. Тој е најмлад од четирите деца. По напуштањето на Велика Британија во 1976 година, Бејл го поминува детството во неколку земји, вклучувајќи ги Португалија и САД.

Живеејќи четири години во Борнемут и Хенли на Темза, Бејл се школува во основно училиште во Англија ; приватното училиште Делфин Беркшир, и во училиштето Борнемут. Тој тренира рагби. Своето детство во врска со својата мајка која работела во циркус, Бејл го опишува како "интересно". Тој се потсети на својот прв бакнеж кој бил со акробатка по име Барта.

Како дете, вежбал балет и гитара. Работата на неговата сестра Луиза во театарот, исто така, влијаела на неговата одлука да стане глумец. Таткото на Бејл го поддржувал својот син за глума и поднесол оставка од својата работа како комерцијален пилот за да патуваат и да управува со кариерата на Бејл. Постариот Бејл подоцна се жени со феминистичката икона Глорија Стајнем.На 30 декември 2003 година, тој почина од мозочен лимфон на возраст од 62 години.

Првиот обид на Бејл во глумечките води е реклама за средство за омекнување Ленор во 1982 година, кога тој имал 8 години. Една година подоцна, тој се појавува во рекламата за житарици каде глуми детска рок-ѕвезда. Во 1984 година, тој го направи своето деби на сцена во Шутрак, заедно со Роуан Еткинсон.

Кариера 1986-1998

Бејл го направи своето филмско деби како Царевич Алексеј Николаевич во телевизискиот филм Анастасија: Тајната на Ана од 1986 година, а по тоа следеа главни улоги во минисеријата Срцето на земјата и авантурата Мио во далечната земја, во која тој се појави со Кристофер Ли и Ник Пикард.

Во 1987 година, Ејми Ирвинг, неговата партнерка од Анастасија во Тајната на Ана, го препорачува Бејл на нејзиниот тогашен сопруг Стивен Спилберг, за улогата во Империја на сонцето, адаптирана од полуавтобиографиски роман на Џ.Г.Балард. Глумата на Бејл како Џим Греам му донесе голема слава и пофалби и прва награда за "најдобра изведба на малолетен глумец" од Државниот одбор за рецензија на филмови. Новинарството и неговите соученици кои го засипуваа со внимание, го доведоа до размислување да се откаже од глумецството сè додека Кенет Брана не стапи во контакт со него и го убеди да се појави во Хенри V, во 1989 година. Во 1990, тој ја глуми улогата на Џим Хокинс заедно со Чарлтон Хестон (како Лонг Џон Силвер) во Островот на богатството, адаптација на класична книга на Роберт Луис Стивенсон.

Во 1992 година, Бејл го играше Џек Кели во мјузиклот на Дизни Newsies, и по тоа во 1993 година игра во Деца на свингот, филм за тинејџери кои тајно слушаат џез-музика за време на подемот на нацистичка Германија. Бејл беше препорачан од глумицата Винона Рајдер да глуми во филмот Мали жени од Џилијан Армстронг од 1994. Бејл го позајми гласот за Томас, млад сонародник на капетан Џон Смит, во Покахонтас на Дизни (1995) и во 1997 година го играше Артур Стјуарт во Велвет голдмајн, филм на Тод Хејнс посветен на глам-рок-музиката. Во 1999 година, Бејл учествува во ѕвезден тим, вклучувајќи ги Кевин Клајн, Мишел Фајфер, Стенли Тучи, и Руперт Еверет, глумејќи го Димитриј во модерната верзија на Сон на летната ноќ на Вилијам Шекспир.

1999-2001

Во 1999 година, Бејл го глуми серискиот убиец Патрик Бејтман во Американски психопат, адаптација на контрозерниот роман на Брет Истон Елис во режија на Мери Херон. За краток период, Бејл го напушти проектот во корист на Леонардо ди Каприо, но на крајот Леонардо го напушти проектот за да глуми во Плажа, а на Бејл повторно му беше доделена улогата. Тој го истражуваше неговиот лик со проучување на романот и физички се подготви за улогата со сончање и вежбање со цел да ја постигне "олимписката телесна градба" на ликот опишан во романот. Тој дури се оддалечи од глумечкиот тим за да ја одржи мрачната страна на карактерот на Бејтмен. Премиерата на Американски психопат премиерно се одржи на Санденс филмски фестивал во 2000 г. и заработи многу контроверзии. Роџер Еберт првин го осуди филмот нарекувајќи го порнографија и "најодвратниот филм на Санденс", но потоа даде позитивна критика, пишувајќи дека Херон "го преобразила романот за крволочност во филм за суета на мажи. " За глумата на Бејл, тој напиша: "Кристијан Бејл на херојски начин му овозможува на карактерот весело да премине во презир; тука не постои инстинкт за самоодржување, а тоа е белег на добар глумец" .

На 14 април 2000 година, Лајонс Гејт Филмс го прикажа Американски психопат во театрите. Подоцна, на Бејл му беше понудено да направи кратко појавување во Правила на заведување,друга адаптација на Брет Истон Елис, филм не многу поврзан со Американски психопат, но тој одби од лојалноста кон визијата на Херон за Бејтмен, бидејќи мислеше дека не може да биде верно прикажана од страна на некој друг. Во 2000 година, тој повторно глуми богат убиец, овој пат во филмот Шафт на Џон Синглтон.

Од 2001,Бејл глуми различни карактери . Неговата прва улога по Американски психопат била во адаптацијата на Џон Меден на бестселерот Мандолината на капетанот Корели. Бејл го глуми Мандрас, грчки рибар кој се натпреварува со ликот на Николас Кејџ за наклонетоста на Пелагија (Пенелопе Круз). Мандолината на капетанот Корели на Бејл му донесе втора соработка со Џон Хурт,откако глумеа заедно во филмот Сите мали животни.

2002-2004

Од 2002 до 2003 година, Бејл глуми во три играни филма.Лорел Кањон (2002), кој општо земено, беше добро прифатен од критичарите. Овој филм, исто така, ја одбележа втората соработка со глумицата Кејт Бекинсејл, неговата партнерка од Принцот од Јитланд (1994). Критичарите генерално се насочија кон перформансот на Френсис Мекдорманд од остатокот на глумецската екипа.

Кралство на пожар беше првата акција која Бејл ја сними и заработи огромен буџет што достигна 95.000.000 американски долари. Бејл воздржано преговараше за главната улога во филмот, но режисерот Роб Бауман го убеди да ја прифати главната улога. Бејл го играше Квин Аберкромби заедно со Дентон ван Зан на Метју Меконахи. Бејл и Меконахи тренираа бокс за нивните улоги.

Еквилибриум е трет филм на Бејл во 2002 година, и за продукцијата на овој филм се потрошија 20 милиони американски долари, но заработи само околу 5 милиони американски долари низ целиот свет. Во Еквилибриум, Бејл го глуми Џон Престон, елитен спроведувач на законот во дистописко општество. Во Еквилибриум се прикажува измислена боречка вештина наречена ган-ката, која комбинира престрелка со борење со раце. Според moviebodycounts.com, ликот на Џон Престон го има третиот најголем број убиства на големото платно во еден филм со 118, половина од вкупниот број на филмот кој изнесува 236.

По пауза од една година, во 2004 год, Бејл се врати да го глуми Тревор Резник, карактер во психолошкиот трилер Машинист. Бејл се здоби со внимание за неговата посветеност кон улогата и за крајноста во која отиде за да го постигне исцрпениот, скелетен изглед на Резник. Подолг период, тој нема соодветен одмор и се става себеси на ригорозна диета на кафе и јаболка, која ја намали неговата тежина за 31,5 килограми за само неколку месеци. До крајот на снимањето Бејл имаше само 60 килограми, трансформација која тој ја опиша како “ментално смирувачка" и која донесе споредби со изгледот на Роберт де Ниро за неговата улога на Џејк Ламота во филмот Разбеснетиот бик од 1980. Бејл тврдеше дека не работел ништо одреден временски период, пред да му биде доделена улогата.. "... Не наоѓав сценарија што навистина би ми го свртиле интересот. Навистина посакував да се појави нешто. Потоа, кога ова се појави, јас едноставно не сакав да го испуштам. Го завршив и како откритие кое го добивате на крајот, јас посакав веднаш да се вратам и повторно да го разгледам, да погледнам какви заклучоци сум можел да добијам во текот на снимањето". Машинист беше од нискобуџетна продукција и чинеше околу 5 милиони американски долари за продукција, а имаше ограничено прикажување во САД. Критиките беа добри, и мрежното место Ротен томејтос извести дека 75% од коментарите на регистрираните критичари се позитивни.

Бејл, обожавател на Авантурите на малечката Чихиро на Хајао Мијазаки го позајми гласот на насловниот лик Хоул во англиската синхронизација на анимираната авантуристичка фантазија Подвижниот замок на Хоул на јапонскиот режисер,адаптација на романот за деца на Дијана Вејн Џонс .Заработката во САД изнесуваше 4.711.09 американски долари, дел од својата светска бруто заработка која изнесуваше 235.184.110 милиони американски долари.

Бетмен: 2005-до денес

Се известуваше дека Бејл претходно бил на аудиција за улогата на Робин во Бетмен засекогаш (1995), а подоцна и за Бетмен и Робин (1997), но тогаш Крис О'Донел ја добил улогата. Сепак, оваа гласина подоцна беше отфрлена од самиот Бејл во едно интервју за списание во 2008 година. Во 2004 година, по завршувањето со снимањето за Машинист, Бејл ја освои посакуваната улога на Бетмен и неговото алтер его Брус Вејн во филмот Бетмен почнува на Кристофер Нолан, што претставуваше ребутирање на серијата за Бетмен. Бејл го победи Џејк Гиленхал кој му беше конкуренција за улогата.

Сè уште под влијание на Машинист, Бејл требаше да се поправи за да се совпадне со мускулната телесна градба на Бетмен. Му беше даден рок од шест месеци за да го направи ова. Бејл тоа го нарече тешко остварување”...кога требаше да се вежба, јас бев бескорисен.Првиот ден, не можев да направам ништо.Ги немаше мускулите и навистина имав тежок период за да ги повратам”. Со помош на личен тренер,Бејл успеа во тоа до крајот на рокот, добивајќи вкупно 45 килограми за 6 месеци. Тој потоа откри дека се поправил повеќе од посакуваната желба на режисерот и потоа малку ја намали својата тежина.