Хејвуд "Вуди" Ален (роден како Ален Стјуарт Кенигсберг, на ) е американски глумец, писател, режисер, комичар и драматург, чија кариера трае повеќе од 50 години. Тој работел како пишувач на комедии во 1950-те, пишувајќи смешки и сценарија а исто така објавил и неколку кратки хумористични книги. Во раните 1960-ти, Ален започнал да настапува како стенд-ап комичар, нагласувајќи монолози наместо традиционални шеги. Во 2004, Comedy CentralComedy Central's 100 Greatest Stand-Ups of all Time. Everything2 (April 18, 2004). Retrieved May 4, 2012. го рангирал Ален на четвртото место на списокот на најдобрите 100 комичари, додека пак една анкета во Обединетото Кралство го рангирала Ален како трет најдобар комичар.
До средината на 1960-те, Ален пишувал и режирал главно комедии на фарси, пред да се премести на драмски материјал под влијание на европската уметничка кинематографија во 1970те, за во денешно време наизменично да работи на комедии и драми. Тој е често идентификуван како дел од новиот холивудски бран на режисери од срединта на 1960-те до крајот на 1970-те. Ален често глуми во своите филмови, типично како личност која ја изградил во стенд-ап настапите. Најпознати од неговите преку 40 филмови се Ени Хол (1977), Менхетен (1979), Хана и нејзините сестри (1986), и Полноќ во Париз (2011). Филмскиот критичар Роџер Иберт го опишал Ален како „богатство на кинематографијата“.
Ален бил номиниран 24 пати и освоил четири Оскари: три за најдобро оригинално сценарио и еден за најдобар режисер (за филмот Ени Хол). Тој дури 16 пати бил номиниран за Оскар во категоријата за најдобро сценарио, и освоил девет БАФТА награди. Ален постојано свири кларинет на мали места во Менхетен.
Ран живот
Вуди Ален е роден во Бронкс, Њујорк, како син на Нети (8 ноември 1906 - 27 јануари 2002), сметководителка во семејната продавница за деликатеси, и Мартин Кенигсберг (25 декември 1900 - 13 јануари 2001), a jewelry engraver and waiter. келнер и изработувач на накит. Тој израснал во еврејско семејство, неговите баба и дедо биле емигранти од Русија и Австрија кои зборувале германски, јидиш и хебрејски јазик. Неговите родители израснале во Менхетн. Лети, сестрата на Вуди Ален, е родена во 1943 година и израснала како и Ален во населбата Мидвуд во Бруклин.
Тој немал многу среќно детство. Неговите родители не се согласувале и имал тежок однос со мајка му, која била строга и темпераментна. Во своите рани години, Ален зборувал јидиш и осум години посетувал еврејско училиште. Потоа, почнал да го посетува државното училиште 99 (сега Исак Асимов - школа за наука и книжевност) и средното училиште Мидвуд. За разлика од неговата комична личност, Вуди Ален повеќе го интересирал бејзболот отколку училиштето, а поради неговите силни раце тој секогаш бил меѓу првите избрани во тимот. Тој ги импресионирал своите соученици со магионичарски трикови и трикови со карти.
Пишувал вицови и шеги за да собере пари, ги давал на агентот Дејвид О. Албер кој ги продавал на колумнисти во весници. Почнал самиот да се нарекува Вуди Ален. Тој бил исклучително талентиран млад комичар. Подоцна тој се шегувал дека кога бил млад често бил праќан во летни меѓуверски кампови каде што деца од сите раси и вери немилосрдно го тепале. На 17 години законски го сменил името во Хејвуд Ален.Woody Allen at Encyclopædia Britannica. Тој веќе заработувал повеќе од неговите родители заедно. По средното училиште, го посетувал Универзитетот Њујорк каде што студирал комуникација и филм, кратко време го посетувал колеџот „Сити“ во Њујорк, но брзо се откажал и подоцна се стекнал со знаењето самостојно. Најпосле, тој предавал во Новото Училиште (Њујорк). Исто така, учел со професорот по творештво Лајош Егри.
Кариера Автор на комедии По неуспешните обиди да студира, Вуди Ален станал редовен писател за Херб Шринер, првично заработувајќи 75 долари неделно. На 19 години започнал да пишува сценарија за „Ед Суливан Шоу“, „Тунајт Шоу“, за специјалните изданија на „Сид Цезар“ по-„часот на Цезар“ (1954-1957 година), и други телевизиски емисии. Додека работел за „Сид Цезар“, Вуди Ален заработувал 1500 долари недело. Работејќи таму, Вуди Ален соработувал со Дени Симон, кој имал придонес во изградбата на стилот на пишување на Ален. Во 1961 година, Ален започнува нова кариера како стенд-ап комичар дебитирајќи во клуб во Гринич Вилиџ наречен „Дуплекс“. Примероци од стенд-ап изведбите на Ален може да се чујат на албумите „Години на Стенд-ап комичар“ и „Ноќни клубови“ 1964–1968 (вклучувајќи ја и класичната изведба насловена „Д Мус“ (Лосот)). Ален пишувал за популарната телевизиска емисија „Кандид Камера“ (скриена камера)каде што и се појавил во неколку епизоди. Ален, заедно со неговите менаџери, развил невротичен, нервозен и интелектуален лик во своите стенд-ап изведби, што било успешен потег кој обезбедил редовни изведби во ноќните клубови и на телевизија. Ален започнал со пишување на раскази и стрипови за списанија како „Њујоркер“. Тој ја модернизирал темата инспирирана од традицијата на С.Ј. Перелман, Џорџ С. Кофман, Роберт Бенчли и Макс Шулман, четворицата истанкати комичари на „Њујоркер“. Ален е успешен автор кој има издадено четири збирки кратки дела и драми. Тоа се ,„Израмнување на сметките“, „Без пердуви“, „Несакани дејства“ и „Чиста анархија“. Неговите први прозни дела се под силно влијалие на будалестиот хумор полн со игри на зборови на С.Ј. Перелман. Ален внел значајна иновативност во жанрот на комичниот монолог и неговата стенд-ап комедија се смета за многу влијателна.
Драматургија Вуди Ален станал и успешен драматург на Бродвеј и во 1966 година ја напишал „Водата не е добра за пиење“ во која глумеле Лу Џејкоби, Кеј Медфорд, Анита Гилет, и Ентони Робертс кој воедно е и идниот филмски партнер на Ален. Филмската адаптација на драмата во режија на Хауард Морис била промовирана во 1969 година, а во неа глуми Џеки Гилсон. Бидејќи Ален не бил задоволен со филмската верзија на неговата драма, тој во 1994 година режирал трета телевизиска верзија во која глумел заедно со Мајкл Џ. Фокс и Меим Бајалик. Тој глумел и во следната негова драма на Бродвеј, „Засвири ја уште еднаш, Сем“. Претставата била промовирана на 12 февруари 1969 година и била изведувана 435 пати со Дијана Китон и Ентони Робертс во главните улоги. Ален, Китон и Робертс повторно ги играат улогите и во филмската верзија на драмата режирана од Херберт Рос. Ален се најшол на насловната страна во изданието од 21. Мај на Магазинот „Лајф“. Тој има напишано неколку драми од еден чин кои опфаќаат добро познати Аленови теми, вклучувајќи ги „Риверсајд Драјв“ и „Олд Сејбрук“.
Рани филмови: Комедија без облик Сите Аленови рани филмови биле комедии без облик како оние на Браќата Маркс. Како и сите чисти комедии така и неговите имале прост заплет и биле изградени од комична конструкција, постојани невербални, кратки шеги и фарси. Првиот филм на Вуди Ален е „Што има ново, маче?“ 1965 година, продукција на Чарлс К. Фелдмен. Ален го напишал првичното сценарио за филмот. Ворен Бити го најмил Ален да го измени сценариото и да се појави во краток дел од филмот, но за време на измените улогата на Бити се намалувала додека Аленовата се зголемувала. Вознемирен, Бити се откажал од продукцијата. На местото на Бити најмен бил Питер О’ Тул, а улога добил и Питер Селерс. Селерс бил доволно голема ѕвезда за да ги бара најдобрите сцени и редови што барало брзи измени во сценариото. Со ова Ален ја согледал важноста да се има контрола врз своите текстови. Имајќи предвид дека повеќето негови филмови не заработуваат многу и малите суми на пари кои неговите продуценти успеваат да ги соберат дотолку што Ален бара од своите глумци да работат за доста помали плати, тој е еден од ретките писатели и режисери кој успеваат да имаат контрола врз својата работа.
Првата режисерска работа на Ален е „Што има, Тајгер Лили?“ (1966 година, напишана во соработка со Мики Роуз), земајќи го веќе постоечкиот јапонски шпионски филм - „Кокусаи Химицу Кејсатцу: Каги но каги“ (1965 година), „Интернационална тајна полиција: Клуч на клучовите“ - претставува англиска синхронизација на филмот од Ален и неговите пријатели со нов комичен дијалог. Ален се појавува и во продолжението на Фелдмен, „Што има ново маче“, пародијата на Џемс Бонд „Казино Ројал“. Голем број на писатели придонеле кон остварувањето на филмот, но Ален повторно е автор на својот дел од сценариото иако тоа не било дадено во завршните кредити. Ален го напишал, режирал и глумел во „Грабни ги парите и бегај“ во 1969 година. Истата година глумел и во своето специјално шоу, „Вуди Ален Спешл“. На шоуто изведувал стенд-ап комични рутини пред публика и глумел во скеч со Кендис Берген во кој тие се појавуваат голи, но камерата не ги покажува нивните голи тела. На специјалното шоу се појавиле и вокалната поп група 5та димензија кои ги извеле своите хитови „Воркинг он а груви тинг“ и „Вединг бел блуз“. Либи, спонзорот на шоуто, емитувала комични реклами во кои глумел Тони Рандал како декектив. Во периодот од 1971 до 1975 година Вуди Ален ги режирал и глумел во „Банани“, „Сè што секогаш сте сакале да знаете за сексот (Но сте се плашеле да прашате)“, "Слипер" и "Љубов и Смрт". "Грабни ги парите и бегај" и "Банани" ги напишал во соработка со неговиот пријател од детството Мики Роуз.
Први филмови По првичните чисти комедии следејќи ја традицијата на Браќата Маркс, Ален се префрлил на софистицирани комедии во стилот на Ернст Љубич воведувајќи заплет на местото на простите комични конструкции. Ален се решил за овој жанр во последователната кариера. Тој ја напишал и глумел во филмската верзија на „Засвири ја уште еднаш, Сем“, режирана од Херберт Рос во 1972 година. Вуди Ален глумел и во „Фронтот“ (режиран од Мартин Рос) во 1976 година, филмот е хумористична и потресна претстава на холувидската црна листа во 1950-тите години. Во 1977 година филмот „Ени Хол“ освоил четири „Оскар" награди меѓу кои награда за најдобар филм и најдобра глумица во главна улога за Дајан Китон. „Ени Хол“ ги поставува стандардите за модерните романтични комедии, а уникатната облека во која Дајан се појавува во филмот започнала мал моден тренд (машката облека како што е вратоврската и волениот џемпер кој всушност бил на Дајана). Додека филмот сè уште бил во изработка, го носел насловот „Анхедонија“, што значи неспособност да се чувствува задоволство, а заплетот бил мистериозно убиство. Навидум, тој заплет не бил доволен (подоцна бил искористен за филмот „Мистериозно убиство во Менхетн“), Ален по продукцијата го монтирал филмот да се фокусира на романтичната комедија помеѓу карактерот на Ален, Алви Сингер и карактерот на Китон, Ени Хол. Во новата верзија под името „Ени Хол“ (именувана по Китон, нејзиното презиме Хол и прекарот Ени) заплетот сè уште е за неспособноста да се чувствува задоволство. Филмот е на 35-то место од 100-те најдобри филмови на „Американскиот филмски институт“, а 4-то место од 100-те најдобри комедии на „АФИ“. Филмот „Менхетн“, снимен во 1979 година е црно бел и може да се смета како омаж за Њујорк. Како и во повеќето Аленови филмови, протагонистите се од повисоката класа на академици. Иако ги исмева претенциозните интелектуалци, приказната е преполна со нејасни наводи што ја прави помалку достапна за општата публика. Црно белите мислења на церебралните ликови од Менхетн се одлика на многу Аленови филмови вклучивајќи ги и „Злосторства и престапи“ и „Ени Хол“. Заплетот во „Менхетн“ е насочен кон комплицираните односи помеѓу средовечниот Исак Дејвис (Вуди Ален) и 17 годишната Трејси (Мариел Хемингвеј).
Во периодот меѓу „Ени Хол“ и „Менхетн“, Ален ја напишал и режирал мрачната драма „Ентериери“ (1978) во стилот на покојниот шведски режисер Ингмар Бергман кој значително влијаел врз Ален. „Ентериери“ претставува значително отстапување од Аленовите „првични, смешни“ комедии (цитат од „Спомени Ѕвезден прав“ во 1980-тите).
1980-ти