NGC 188 (Колдвел 1, Caldwell 1) е расеано ѕвездено јато во соѕвездието Кефеј. Откриено е во 1825 г. од англискиот астроном Џон Хершел. За разлика од највеќето расеани јата што се расцепуваат и одвојуваат по неколку милиони години поради гравитациското заемодејство со нашата галаксија, NGC 188 е сместена далеку над галактичката рамнина и претставува едно од најстарите расеани јата.
NGC 188 е мошне блиску до северниот небесен пол (помалку од 5 степени), и бидејќи се наоѓа во соѕвездието Кефеј на околу 5.000 светлосни години, јатото има положба малку над дискот на Млечниот Пат и е подалеку од Галактичкото Средиште отколку што е Сонцето.
Наводи
Надворешни врски NGC 188 - SEDS NGC 188 - NightSkyInfo.com
NGC 0188 NGC 0188 0188 001b Категорија:Астрономски тела откриени во 1825 година Категорија:Мелотови објекти Категорија:Колиндерови објекти Категорија:Астрономски тела откриени во 1831 година