Послание на апостол Павле до Филимон — книга од Новиот завет. Тадиционално се смета дека била напишана од страна на Апостол Павле, како писмо (послание) упатено до христијанскиот деец Апостол Филимон, предводник на црквата во Колоси, и претставувал еден од најзначајните текстови во раното христијанство. Посланието било напишено во времето кога апостол Павле бил во затвор во Рим. Според почетните стихови, Павле посланието го упатува кон неговиот соработник Филимон, сестрата Апфија и до соработникот Архип.

Содржина На почетокот од посланието, апостолот Павле, во свое име и во името на неговиот соработник Тимотеј, упатува пофалби до Филимон, Апфија и Архип за нивната цврста вера. Потоа, апостолот (кој во тоа време е затворен) го замолува Филимон да го прими Онисим. На крајот од посланието, апостолот испраќа поздрави од неколку негови блиски соработници.„Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“, во: Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 273.

Цитати

Поврзано Павлови посланија

Наводи

Категорија:Книги од Новиот завет Категорија:Павлови посланија Категорија:Посланија Категорија:Христијански текстови од 1 век Категорија:Христијанството во 1 век