Крањ (словенечки: Kranj, германски: Krainburg) ― гратче во Словенија и седиште на истоимената општина. Согласно 2020 година, местото има население од 37,941 жители. Крањ се наоѓа на околу 20 километри северозападно од Љубљана. Градот се наоѓа во традиционалниот регион Горењска (северозападна Словенија) и е претежно индустриски град, со значајни индустрии за електроника и гума.
Географија Јадрото на гратчето е добро сочуван средновековен стар град, изграден на сливот на реките Кокра и Сава. Градот е опслужуван со железничката станица Крањ на рутата од Љубљана до Минхен, Германија (преку Јесенице и Филах, Австрија) како и со автопат. Националниот аеродром на Словенија, Аеродромот Јоже Пучник Љубљана е исто така многу блиску до Крањ, значително повеќе од неговиот номинален корисник, Љубљана.
Во Крањ, Кокра длабоко сече низ конгломератот, образувајќи кањон длабок 40 м. Косореп, на северната периферија на Крањ, е живописно место покрај реката. До делови од кањонот може да се стигне со пешачка патека. Под Крањ, кај Друловка, Сава образува длабок кањон 40 м со конгломерат од двете страни. Поради браната за ХЕ „Мавчиче“, протокот на реката таму е многу бавен.
Етимологија Крањ е посведочен во пишани извори во V век и ок. 670 година како Карниум (латински: Carnium) (и како виа Храјнариорум (via Chreinariorum) во 973 година, актум Крaјне (actum Kreine) во 1050–65, ин локо Хрaјна (in loco Chreina) во 1065–77 и Храјнбурх (Chrainburch) во 1291 година). Словенечкото име е изведено од словенскиот *Корн'ь, позајмен од романскиот Карниум (Carnium) во доцната антика. Како и латинското регионално име Карнија (Carnia), потекнува од северноиталското (келтско) племе познато како Карни (Carnī, грчки: Κάρνοι). Името на племето веројатно потекнува од келтскиот корен карно (*karno-) „врв, рид, куп камења“. Германското име на градот било Крајнбург (Krainburg).Klin, Wilhelm. 1967. Die postalischen Abstempelungen auf den österreichischen Postwertzeichen-Ausgaben 1867, 1883 und 1890. Името на историскиот регион Крањска (Carniola) е латински деминутивен облик на Карнија (Carnia).
Економија Крањ е индустриски град. Тој доживеал бран на деиндустријализација при што многу од нејзините фабрики отишле во стечај по независноста во 1991 година, оставајќи зад себе неколку запустени површини.
Во последниве години, неговиот производствен оддел станал повеќе заснован на високо-конкурентни извозно насочени индустрии. Главните индустриски претпријатија кои работат во Крањ се Goodyear (под нивната подружница Goodyear Dunlop Sava), Iskratel и Hidria.
Знаменитости Парохиска црква „Св. Канцијан“ мини|120п|Црквата „Св. Канцијан“. Парохиската црква во чест на Св. Канцијан и придружници () е најголемата црква во Крањ и исто така седиште на Крањската парохија и ѓаконите.Крањска парохија Изградена е во 14 век и има димензии од 442 м3. Изградбата била нарачана од крањските грофови.
Замок Кизелштајн
Замокот бил изграден во средината на 16 век од баронот Јохан Јакоб Кизл. Подоцнежните сопственици биле семејствата на Москонците, Равбарците, Апфалтрерците, Ауерсперговците и Паљаруците. Градбата била обновена во 1952 година од страна на архитектот Јоже Плечник во неговиот доцен творечки период. Градината на замокот моментално е користена како концертна поставка.
Култура Гратчето е познат по своите спортски зданија за фудбал, тенис и кошарка, како и најголемиот воден центар во земјата, кој бил домаќин на Европското првенство во ватерполо за мажи 2003 (заедно со Љубљана, домаќин женскато натпреварување). Годишниот фестивал „Недела на младите“ (Tedeh Mladih) и Фестивалот „Крањска“ се многу популарни.
Gallery
Збратимени градови Крањ е збратимен со: Ајзенкапел-Фелах, Австрија Бања Лука, Босна и Херцеговина Битола, Македонија Бујукчекмеџе, Турција Грожњан, Хрватска Добердо дел Лаго, Италија Земун, Србија Колорадо Спрингс, Соединети Држави Котор Варош, Босна и Херцеговина Кочани, Македонија Ла Сјота, Франција Олдам, Англија, Обединето Кралство Пула, Хрватска Риволи, Италија Сента, Србија Херцег Нови, Црна Гора Филах, Австрија Џанѓакоу, НР Кина
Значајни личности од Крањ Леополд Лајер (1752-1828), сликар Фридрик Иренеј Барага (1797-1868), мисионер Франце Прешерн (1800-1849), поет Јанез Блајвис (1808-1881), политичар Јанез Пухар (1814-1864), пронаоѓач Симон Јенко (1835-1869), поет
Наводи
Поврзано Словенија Градови во Словенија Крањска
Надворешни врски
Крањ на Geopedia Службено мрежно место на Градска општина Крањ Туристичко биро на Крањ
Категорија:Населени места во Градска општина Крањ Категорија:Градови во Горењска