Градиште — археолошко наоѓалиште во кичевското село Вранештица. Претставува средовековна населба и некропола. Се наоѓа на околу 1,5 км југоисточно од селото, покрај мала рекичка. Во приватна нива со орањето бил најден питос што и денес се чува кај сопственикот. На површината се среќаваат грамади од кршен камен, покривни ќерамиди, како и камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Кале — утврдување од доцноантичкото време; Св. Ѓорѓи — црква и некропола од доцниот среден век; Св. Илија — црква и некропола од доцниот среден век; Вранештица; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Вранештица